Стојан Андов повторно на грчка страна!

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.574


Стојан Андов и Либералната партија застанаа на страната на Грција. Македонскиот државен врв е во фаза на подготвување контрамерки доколку Грција стави вето на поканата од НАТО до Република Македонија, во април. Во ексклузивната информација објавена на ТВ Сител, во саботата, тие планови беа објавени како контрамерки во 12 точки со план: што ќе биде - ако ветото го биде.

Тоа се први мерки во период од 15 години, кои Македонија ги најавува како возврат на постојаните грчки блокирања, државни оспорувања, притисоци за промена на знаме и Устав... И сето ова беше успешно спроведено од грчка страна. Контрамерките наидоа на општа поддршка во јавноста, во секое анкетирање и контакт со граѓаните, како ретко кога во друга прилика, тие дадоа речиси стопроцентна поддршка на најавените контрамерки од државниот врв.

Првите реакции во грчките медиуми беа изненадување од новите елементи на македонската политика кон грчките условувања. Во грчките медиуми таа политика беше оценета како радикален пресврт.
Со истите, грчки оценки, се јавија Стојан Андов и Либералната партија. Колку за Грците е изненадување тврдиот македонски став кон нивното вето, толку за Македонија не е изненадување ставот на Стојан Андов, кој повторно е на страна на Грција.

Познато е дека повеќе луѓе од врвот на партијата имаат тесни бизнис врски со Грција. Познато е дека Андов беше и против самостојноста на Република Македонија во 1990/91 година, при што и македонската независност ја дочека во Грција. Долгогодишното латентно застапување на грчките ставови и бизнис интереси (случај ОКТА и други) во Република Македонија, Стојан Андов конечно и јавно ги дефинираше со својот повик - немојте да ја лутите Грција.
Одговорност за овој став, кој граничи со национално предавство, Стојан Андов ќе мора да го објасни на своите малубројни членови, но и на целата македонска јавност.

Во неговото соопштение помеѓу останато се вели:
- Извршниот комитет на Либералната партија оценува дека процесот на евроатлантско интегрирање на Македонија се одвива позитивно и оти е се поизвесно дека државата ќе добие покана за членство во НАТО во април, а наесен и датум за преговори за полноправно членство во ЕУ. Тоа од сите фактори во политиката во нашата земја бара крајно внимателно, тактично и промислено дејствување. Затоа, ЛП смета дека особено во овој момент дејствуваат дисонантно некои радикални новинарски истрчувања, кои можеби се замислени како предупредување до Грција, а всушност на радикалните кругови во таа земја може да и послужат како главен аргумент да го оправда своето евентуално вето за наш прием во НАТО, се вели во соопштението од ЛП.

Таквите искажувања, според ЛП, можат да ги збунат нашите пријатели во меѓународната заедница и да им ги одземат аргументите за поддршка на Македонија.
- Радикалните ставови досега не биле својствени на македонската надворешна политика која секогаш се потпирала на одржливи правни аргументи, ниту пак тие се резултат на сеопфатни разговори и согласност меѓу домашните политички чинители. Затоа државниот врв треба да најде начин да се огради од таквите новинарски искажувања за да тие да немаат штетен ефект, стои во соопштението од ЛП.

Инаку, за прецизно информирање на јавноста, и премиерот Груевски како и претседателот Црвенковски деновиве во Минхен, јавно рекоа дека ветото на Грција реално треба да се очекува, и дека е потребно на таа ситуација или превентивно да се делува или да се одговори. Стојан Андов не е дел од државниот врв и тој со оваа проблематика нема ништо заедничко.

И Црвенковски заигра тврдо на грчките провокации
Претседателот Бранко Црвенковски остро реагираше на провокацијата од грчката претставничка на завчерашната меѓународна сесија предавања, организирана од БМВ "Херберт Квант" Фондацијата, во Минхен. Таа упати протест до претседателот на Фондацијата од Германија бидејќи го најавил Црвенковски како претседател на Република Македонија, на што тој одговори дека само ги почитувал односите со Македонија, без да навлегува во спорот околу името што го имаат Скопје и Атина.

На грчката провокација не остана должен претседателот Црвенковски, кој пред обраќањето пред присутните, од говорницата директно и се обрати на грчката претставничка.

- Зошто 40 години не ви пречеше името Социјалистичка Република Македонија, а сега остро реагирате на секоја употреба на нашето уставно име? - рече Црвенковски, што наиде на одобрување од присутните во салата. Тој во своето обраќање на тема "Македонската иднина во нестабилно опкружување", рече дека Македонија е држава која никогаш, па ниту во периодот на внатрешните проблеми во 2001 година, не генерирала нестабилност во поширокиот регион.

- Токму поради тоа сме убедени дека позитивниот пример на нашата земја треба да биде пошироко поддржан затоа што идејата за европеизирање на регионот би се одвивала далеку поефикасно доколку сите држави бидат преокупирани со имплементирање на демократската и развојната агенда, согласно европските препораки и стандарди, објасни Црвенковски.

Шефот на државата истакна дека клучен настан оваа година ќе биде Самитот на НАТО во Букурешт, каде Алијансата ќе одлучува за своето проширување. Тој посочи дека Македонија долги години спроведува комплексни реформи со цел да ги исполни критериумите за влез во оваа организација, но постојат најави од некои земји-членки на НАТО дека во случајот на нашата земја би можеле да бидат применети некои нови, нестандардни услови за прием.

- Ако такво нешто навистина се случи, тоа би значело непринципиелно форсирање на индивидуалните наспроти колективните интереси на Алијансата и ризично експериментирање во регион чија безбедност на стабилизација не е дефинитивно завршена, рече шефот на државата.
На последните државнички настапи на Црвенковски, вчера реагираше шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Таа уште еднаш го повика македонскиот претседател да ја напушти острата реторика и да прифати сериозни преговори за името.

Вечер
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
Ostana uste nekoj sto glasa za Stojan Andov osven negovata familija??
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Не сум многу упатен на темата Андов-Грција,па дали Андроник можеш да дадеш некои поконкретни информации за ова?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Абе Андов, Андов......секој ден го гледам крка кебапи во 14-ка...
Што друго му остана кога никој не го сака...
Само да крка кебапи...:pos2:
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
haha se tesi sam sebe deka 4e glasa nekoj za nego ama so vakvi izjavi c c c cc ke glasa koljo dijamantot
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Какви ли се не шетаат по земјата...
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
23
Поени од реакции
0
Во ексклузивната информација објавена на ТВ Сител, во саботата, тие планови беа објавени како контрамерки во 12 точки со план: што ќе биде - ако ветото го биде.
Veruva li nekoj vo izmislicite na Sitel i Latas? Nikakov plan nemalo, toa go potvrdija vladini i pretsedatelski izvori. Spekulaciite na Sitel bea samo edna izmislica i glupava propaganda. Kakva sila ima Makedonija, pa uste kontramerki i zakani ke pokazuvame :)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
jas bi za drugite andovci: eden od najgolemite izrodi "Doktor" Denko Maleski

Posle tvrdenjeto na poranesniot minister za nadvoresni Aleksandar Dimitrov deka vo 1992 -vremeto koga Denko e makedonski minister za nadvoresni ne bilo odgovoreno na dokumentot so koj SAD izjavuvaat deka se podgotveni da ne priznaat kako Makedonija eve uste eden dokaz za rasipanosta na ovoj (ne)covek:

ЏОН БИТОВ ПОРАЧУВА ДА НЕ ПОПУШТАМЕ НА ПРИТИСОЦИТЕ


Државниот врв да не потклекнува на притисоците за промена на уставното име. Писмо со ваква порака до претседателот и до премиерот испратил, Џон Битов, еден од најголемите канадски бизнисмени и поранешен советник на претседателот Глигоров. Битов им пишува на Црвенковски и на Груевски дека е загрижен од односот на поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски, кој се обидувал да влијае врз нив.
- Малевски вели дека мораме да им попуштиме на Грците за прашањето со нашето име. Ова не е опција. Ние се боревме и успеавме во најголем дел од нашиот пат. Сега мораме да стасаме до финишот и да им дозволиме на Македонците да живеат под името кое граѓаните го избрале - стои во писмото од Џон Битов.
Тој на државниот врв им порачува дека луѓе како поранешниот министер за надворешни работи не смеат да го одземат она на што најмногу се гордее македонската нација. Битов кој е поранешен советник на претстедателот Глигоров, во писмото открива како Малевски се однесувал во моментите на македонската независност.
- Јас бев присутен кога г. Малевски вложуваше навистина големи напори за да го убеди претседателот, мене и останатите дека не треба да продолжиме со нашата независност. Тој тогаш ни кажа дека никогаш не можеме да постигнеме вистинска независност, но и покрај неговите тврдења, ние успеавме - им пишува Џон Битов на премиерот Груевски и на претседателот Црвенковски.

Ovoj Denko treba surgun da se prati, oci das ne mu se vidat. Me cudi sto ovoj nov Trojanski konj postojano go davaat po mediumite so izjavi i tvrdenja.
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
ovoj covek treba da zamine vo istorijata .cel zivot da si na vlast i da imas uste zelba za politika ida mislis deka se uste nekoj te slusa toa za mene e cista glupost.a negovoto mislenje za mene e pomalo od mislenjeto na bilo koj prosecno obrazuvan graganin
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Очигледно Грција има многу островчиња за поклон :wink:.

Што би направеле вие ако ви се понуди островче?
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Ја не разбирам што се утрипал и овој до толку,порано понормален беше,сеа се зел и овој :)
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
ова е уште еден пример кој укажува на фактот дека каде бизнис има нема државни интереси...земете ги и грчките бизнисмени оведе...воопшто не им пречи што даноци уплаќаат на жиро сметка од република македонија...
 

oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21
ова е уште еден пример кој укажува на фактот дека каде бизнис има нема државни интереси...земете ги и грчките бизнисмени оведе...воопшто не им пречи што даноци уплаќаат на жиро сметка од република македонија...
Mnogu tochno, braos za zabeleshkava!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom