Стипендија

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.840
Поени од реакции
5.666
Вие и плаќате на државата, а самата држава е сопственик на факултетот. Од тие пари таа го одржува факултетот и ги исплаќа работниците. Всушност од тие пари функционира самиот факултетот. Ние исто така уплаќаме дел на државата зашто сепак сме нејзини студенти. Ама уплаќаме на сметка на нашиот газда како што кажа зашто тој е оној којшто го организира факултетот и преку него функционира се.

Додека владата одвојува посебен буџет за талентираните студенти и ги наградува со стипендија.Не е тој поврзан со парите кои што ги даваш за партиципација.
прво океј можда и вие и плаќате дел на државата некои си 10 - 15 % што се ништо во споредба со нашите 100%.друго да владата одвојува посебен буџет за талентираните студенти од ДРЖАВНИТЕ факултети ама прибидејќи во оваа наша држава ништо не функционира како што треба и газда Бојо и Фијат успеваат за нивните студенти да добијат стипендија од државни пари, а со нивните пари праат палати замоци и холивудски свадби тоа ти е
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889

Ок Димче против си и јас те разбирам и то е то.
Јас сум за (како и сите што учат на приватен факултет) :)

Само ова да кажам ... како што Фијат и Бојо градат палати и замоци, знај и Бранко, Грујо и компанија воопшто не се уназадени и тие уживаат во лукзузот :)
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
јас сум против значи нека ви даваат стипендија тие што им ги давате парите исто како нас од државните што ни даваа стипендија државата на која ние и ги даваме парите при упис :)
Гледај Димче, што ти смета ние да земаме стипендија од државата? Па и ние сме дел од образовниот систем во оваа држава, признаени се универзитетите и зашто да не ни дадат стипендија. Ако не признале ја имаат обврската да ни дадат стипендија како и други обврски што се вклучени како и за останатите универзитети. Што немам јас на приватен или што ми фали па државата да не ме стипендира или пример да не ме вклучи во програмата за размена на студенти со стипендирање во други држави? Не мора да значи дека ако си на приватен имаш планини пари и не ти трба стипендија од државата. Приватните исто имаат обврска да исплаќаат одредена сума на пари на државата, тоа се знае значи. Така да нема потреба од делење на студентите на вакви и онакви.:helou::wink:
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Сметам дека сосема исправно и ние од приватните да добиваме стипендија. Ме нервирале секогаш коментарите од типот па вас не ви е потребна стипендија што ќе ви е?
Стипендијата е всушност една награда за постигнатиот висок успех. Има одлични студенти и на приватните универзитети вреди и тие да бидат наградени.
Коментарите од таков тип ви се упатувани од причина што твојот просек од, на пример, 9.5 спореден во реално знаење е за барем 2 пати послаб од мојот 9.5. :) Мислам, не дека ги потценувам студентите на приватните факултети, ама факт е дека материјата таму е сто пати полесна, а и третманот кој што го добивате од страна на професорите исто така. Затоа се изиритирани студентите на државните факултети, затоа што они ќе се убијат од учење цела година и на крај едвај ќе добијат некоја смрдлива 7ца зошто така му чинело на професорот, додека вие на приватните ќе си учите од сликовници од по 60 страни и ќе си добивате 9ки ко на шала.:)

Не дека сите студенти на приватните се парајлии тешки, исто како што и на државните не се сите сиромаштија. Ама ако се стипендииве награди за надарени студенти, тогаш ќе се подзамислиш кога некој не премногу талентиран студент кој полесно си добива оцени на приватен, ќе ти го лапне местото за стипендија тебе, кој си се убил од учење и снаоѓање во хаос-образовниов државен систем.

Тоа е целата поента, инаку не се секирај, според законот, вие од приватните сте исто толку талентирани и со исто знаење како тие од државните, така што, фурај си, секако ќе си ја добиете стипендијата. :)
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
сега можи да се извлечат со бројките.... со просекот... и да земат стипендија без реални заслуги.. (факт е дека помалце се бара, а поќе се дава на приватен)
ама кога ќе дојде за вработување, кога се клаваат други работи на вага.... god help them... тогаш..
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.162
Поени од реакции
6.032
Не дека сите студенти на приватните се парајлии тешки, исто како што и на државните не се сите сиромаштија. Ама ако се стипендииве награди за надарени студенти, тогаш ќе се подзамислиш кога некој не премногу талентиран студент кој полесно си добива оцени на приватен, ќе ти го лапне местото за стипендија тебе, кој си се убил од учење и снаоѓање во хаос-образовниов државен систем.
Не се секирај, никој што студира на приватен нема да ти ја лапне стипендијата. Се даваат стипендии на 1200 студенти од државните и 300 од приватните универзитети.
 
Член од
13 јуни 2007
Мислења
206
Поени од реакции
15
мене ме интересират.. ако веќе знајте да ми кажите.. имам 8.5 просек. сеа ке запишвам втора на машински.. све исчистено во јуни.

кога излевит отприлика конкурсот, кога подавањето документи итн..? и дали имат шански да не добијам стипендија? имало таму нешо критериуми за одбирање гледано примањата од мајка ми, татко ми .. според кои наводно ако си имал повеќе кеш од просек .. помали шанси ра стипендија.. )

позз :helou:
 
за стипендија јас колку што знам јас нема да имаш проблем да ја добиеш со тој просек.критериумите за примањата од родителите играат улога ако бараш кредит :)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Жими к**** ќе фатиш, јас со 9,2 просек лани не успеав да земам стипендија зш ги лапнаа сите со 10,00, последниот имаше 9,8
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Не се секирај, никој што студира на приватен нема да ти ја лапне стипендијата. Се даваат стипендии на 1200 студенти од државните и 300 од приватните универзитети.
Да, токму така, така да неможе никој да се лути и никој на никого неможе да ја земе стипендијата или кредитот.
А кој член праша дали е тешко, па на пример на некои им е тешко да соберат документи, да испочитуваат рокови и примањата на родителите се над границата која ја бараат.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.840
Поени од реакции
5.666
Жими к**** ќе фатиш, јас со 9,2 просек лани не успеав да земам стипендија зш ги лапнаа сите со 10,00, последниот имаше 9,8
епа пеер вие сте приватен факултет таму има многу со 10.00 просек :)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
епа пеер вие сте приватен факултет таму има многу со 10.00 просек :)
Е па ако на 300 стипендии последниот беше со 9.8 сигурно 150 души се со 10.00 а студенти на приватните што аплицираат за стипендија сигурно се 3-4000 и нагоре што е околу 5% -8%.

Најмногу со 10,00 има на економските струки, паметам дека само 10тина души имаше од информатика се друго економисти беа
 
еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Значи Стипендиите што ги дава државата на студентите од приватните факултети, не се оддлени од оние кои ги дава на студентите од државниот!
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
мене ме интересират.. ако веќе знајте да ми кажите.. имам 8.5 просек. сеа ке запишвам втора на машински.. све исчистено во јуни.

кога излевит отприлика конкурсот, кога подавањето документи итн..? и дали имат шански да не добијам стипендија? имало таму нешо критериуми за одбирање гледано примањата од мајка ми, татко ми .. според кои наводно ако си имал повеќе кеш од просек .. помали шанси ра стипендија.. )

позз :helou:
Ако конкурираш ништо нема да изгубиш. А ако се предомислуваш после ќе се каеш. Така што најдобро е да си ја пробаш среќата, можеби ќе добиеш.
Освен просекот како што ти кажаа многу гледаат на примањата од твоите родителите. Што пониски примања имаат толку ти се поголеми шансите за стипендија.
Конкурсот излегува некаде околу ноември и лани конкурсот беше по електронски пат. Си го запишуваш просекот и примањата на твоите родители. Па излегува прелиминарен список и доколку те има на тој список ги собираш и останатите документи и ги поднесуваш во министерството за образование.

Значи Стипендиите што ги дава државата на студентите од приватните факултети, не се оддлени од оние кои ги дава на студентите од државниот!
Одвоени се. 240 стипендии за студентите од приватните факултети и 1360 за студентите од државните факултети. Но вредноста на стипендијата е иста.
Бројките може ќе бидат сменети годинава.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Значи Стипендиите што ги дава државата на студентите од приватните факултети, не се оддлени од оние кои ги дава на студентите од државниот!
Оделени се, значи неможе некој од приватен да ти земе стипендија ако си од државен:helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom