Сметам дека сосема исправно и ние од приватните да добиваме стипендија. Ме нервирале секогаш коментарите од типот па вас не ви е потребна стипендија што ќе ви е?
Стипендијата е всушност една награда за постигнатиот висок успех. Има одлични студенти и на приватните универзитети вреди и тие да бидат наградени.
Коментарите од таков тип ви се упатувани од причина што твојот просек од, на пример, 9.5 спореден во реално знаење е за барем 2 пати послаб од мојот 9.5.
Мислам, не дека ги потценувам студентите на приватните факултети, ама факт е дека материјата таму е сто пати полесна, а и третманот кој што го добивате од страна на професорите исто така. Затоа се изиритирани студентите на државните факултети, затоа што они ќе се убијат од учење цела година и на крај едвај ќе добијат некоја смрдлива 7ца зошто така му чинело на професорот, додека вие на приватните ќе си учите од сликовници од по 60 страни и ќе си добивате 9ки ко на шала.
Не дека сите студенти на приватните се парајлии тешки, исто како што и на државните не се сите сиромаштија. Ама ако се стипендииве награди за надарени студенти, тогаш ќе се подзамислиш кога некој не премногу талентиран студент кој полесно си добива оцени на приватен, ќе ти го лапне местото за стипендија тебе, кој си се убил од учење и снаоѓање во хаос-образовниов државен систем.
Тоа е целата поента, инаку не се секирај, според законот, вие од приватните сте исто толку талентирани и со исто знаење како тие од државните, така што, фурај си, секако ќе си ја добиете стипендијата.