Од политичар кој излегол од паравоена групација која рушеше државност не може да се очекува да се нарекува гарант на стабилност .
А Заев што руши? Песочни замоци?
what...
ова присутнава критика е единствено активна на сајбер просторот, незнам кај живееш ама критика надвор од тоа речиси и да нема.. во последниве две години апсурд е да ти кажам колкава бројка на народ е маргинализиран и отсечен заради тоа што ја нема членската, по списоци ги ловат за да обезбедат простор за своите.
Не ми се дебатира многу, ама мислам дека не си on point со ова никако..
Во златново Скопје, тука сум.
Еден си замина од дејт у сред разговор затоа што не сум бил про-СДС, двајца уште пред да дојде до дејт ги снема
. Кога реков дека зборам од лично искуство за такви критики, не мислев само на форум. Цитат вербатим - "Подобро со прикриен сељак од Загорани него со геј ВМРОвец", иако, пак да повторам, не сум ни симпатизер ни член на ВМРО. Али џабе. Ако си против едно, си ЗА кај друго.
Не викам дека нема фаворитизам со партиски книшки и сл. - ама за воља на вистината, и едната и другата партија го правеа/прават тоа, и ако друго дојдат утре на власт - истото ќе биде. Не викам дека е фер, и дека е праведно - само викам дека не треба да очекуваш нешто поинаку од друга партија ако дојде на власт.
Ако збориме за маргинализирани групи, јас сум во двојна. Али како што реков, не се жалам. Можеби затоа што видов колку полошо може да ме снајде со политичкиов избор што ми е локален. Киселото грозје веќе не е кисело.
Ако сметаш (ти или било кој друг) дека ваквиот став не чини, не треба кривец кај Власта да се бара, него кај опозицијата. Да не се покажеа како катастрофален фактор во државава, можеби се уште ќе бев горе-доле неутрален и екстремно критичен (онаму каде треба) повеќе кон Власта него ли било која друга партија.