Старец претепан до смрт оти ја фалел Катица Јанева?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Јас скоевки во замена за промена на волја барав со години наназад. Застани во ред!
Ја не барам ништо. Ја му помагам на Мафо согласно мафоевите интереси, горецитирани. И песничката глеав да биде со текст, за Мафо да си ја научи. Дури ни фала не барам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.268
Поени од реакции
26.138
Ја не барам ништо. Ја му помагам на Мафо согласно мафоевите интереси, горецитирани. И песничката глеав да биде со текст, за Мафо да си ја научи. Дури ни фала не барам.
Фала не мора, 2-3 скоевки ќе ти завршат работа. Ама кога ќе ги делат, мора да се запази ред.

Мафо не мора да ја учи цела песничка, тешка е. Рефренот му е доволен.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Da ovaa vlast navistina ima mnogu mnogu premnogu greski napraveni vo ovie deset godini vladeenje, kolku i nekoj da e zabegan DPMNEOVEC dlaboko vo sebe znae deka toa e taka ... partizacija na celokupnoto opstestvo, zavladuvanje so skoro site pogolemi i povlijatelni mediumi, kurton reformi vo obrazovanieto i vo zdravstvoto, trista potrebni i nepotrebni glupi zakoni, ogromni kazni, policiska(pendrek)drzava t.e. pravenje na spektakularni apsenja ko da se apsi Al Kapone a ne nekoi si tamu utepani grevovi od lugje, zatupuenje na drzavata kon religija, konzervativizam i tradicionalizam i.t.n.
No alo bre lugje kade bese opozicijata ovie 10 godini da go spreci sevo ova, normalno ne go spreci bidejki e kurton nesposobna opozicija, da bese vistinska opozicija ili do sega ke napravea i smislea nekakva asalna programa i idei ili pak ednostavno ke ja srusea vlasta ko vo Ukraina(neli nesto ako e diktatorsko i totalitarno i ne cini se menuva na stariot dobar nacin) no da bideme realni SDS nitu edno od ovie dve ne go napravi vo ovie 10 godini e moi mili drugari toa se vika nesposobnost !!!

P.S. I zosto postojano mora da se podlegnuva na Albanskite provokacii, pa zosto mora i Makedonecot da pagja postojano na toa nivo, oni gradat dvoglavi orli i dzamii i op mora i nasive vednas da se istrcaat so gradenje crkvicki na sekoe kose niz gradov i podiganje na tie visoki metalni krstovi, aman bre lugje pa mora li kon idiotizmot na nekoi da se vraka so uste pogolem idiotizam ups ovdeka kaj nas vo MKD idiotizmot se narekuva najgolem patriotizam yeahhh !
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.125
Поени од реакции
16.262
Како може да има толку дебилни ДПМНЕ-овци да земат да убиваат за Пастирот, јас мислам на овие Владе-Мкд, Брутус, Поетска Правда (con artist) и Бастердот да им дадеш по еден стап за избори и да ги пуштиш у центар кај тие комуњарските згради кај што исклучуваа лифтови има да отвараат пензионери како паштети.

И после Хорхе да ги амнестира сите...
 
D

Darko_ufo

Гостин
Али алал да им е на Телма телевизија, послободоумна и понезависна телевизија нема во Македонија, со 24 Вести се тука некаде. Само они пренесоа за ова убиство и само они пренесуваат дека сопственикот на Тв Нова пак лапнал тендер за Барок на зградичето до Владата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.125
Поени од реакции
16.262
Али алал да им е на Телма телевизија, послободоумна и понезависна телевизија нема во Македонија, со 24 Вести се тука некаде. Само они пренесоа за ова убиство и само они пренесуваат дека сопственикот на Тв Нова пак лапнал тендер за Барок на зградичето до Владата.
a što ne prenesat nešto za zdelkite na gazdata na Makpetrol/ Oilko :ROFLMAO:
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Внуката на убиениот старец од Маково: Не е точно дека дедо ми е убиен поради кавга за политика
За жал на гаталците, кои без да ги проверат фактите изнапишаа сѐ и сешто за убиството во Маково, кое наводно се случило по кавга за Катица Јанева, директните сведоци на настанот и внуката на убиениот за нашиот весник тврдат дека ниту станало збор за политика ниту, пак, имало воопшто простор за таква дискусија. Убиениот никогаш не се мешал во политика ниту, пак, ги следел медиумите, пишува Нова Македонија.

26 Февруари 201614:35


ФОТО: Нова Македонија

Неговата внука, скршена од болка за смртта на сега покојниот чичко Ристо, кај кого, откако татко ѝ Јордан замина за Австралија, таа буквално израсна и кого го сакаше како свој роден татко и која за погребот дојде од Охрид, гледајќи го местото пред селската продавница каде што беше убиен нејзиниот чичко, со солзи на очите ни раскажуваше.

– Чичко ми беше најдобриот човек не само во Маково туку и во цело Мариово. Тој беше буквално душа од човек, секогаш подготвен да му помогне некому. Не знаеше човек да навреди, а камоли да се кара со некого. За разлика од некои други, тој никогаш не „бистреше“ политика. Кога слушнав дека тој бил убиен оти наводно ја бранел обвинителката Катица Јанева навистина бев вчудовидена. Тоа не е точно. Него политиката воопшто не го интересираше. Иако имаше бистар поглед, тој не читаше весници, ниту слушаше радио, а не гледаше ни телевизија. Убедена сум дека тој ниту слушнал некогаш за Катица. Едноставно, чичко ми Ристо, откако почина мојата стрина, живееше за својот син, двете ќерки и неговите овци. Кога ја слушнав информацијата на една од телевизиите веднаш реагирав и барав од уредниците да ми одговорат од каде тие имаат информации дека мојот чичко бил убиен затоа што наводно ја бранел обвинителката Катица Јанева, но, за жал, не добив никаков одговор – низ солзи во очите ни зборуваше внуката од брат на покојниот, која кај продавачот на селската продавница се распрашуваше за детали како беше убиен нејзиниот чичко.

Нејзе особено тешко ѝ падна кога продавачот ѝ покажа фотографии што тој ги снимил со мобилниот телефон по убиството. Како и внуката, така и продавачот во селската продавница Ристе Трајковски, кој беше сведок на убиството на старецот, беше вчудовиден и особено непријатно изненаден од измислените информации објавени по медиумите дека старецот бил убиен по наводна кавга за политика.

– Јас не знам од каде такви информации. Тоа што знам, лично видов и чув е дека на масата пред продавницата седеа Раде, Ристо и неговиот син Димче. Во еден момент Раде го убедуваше Ристо да му ја препише куќата во Битола на син му, на што Ристо се спротивставуваше, велејќи му дека тој нема намера да ја препишува куќата никому, бидејќи тој имал и две ќерки. И како што сите го знаевме Раде, во еден момент му се закани на синот на Ристо дека ќе го убие, вадејќи му нож, кој постојано го носеше со него. Овој, откако го виде ножот, исплашен избега кон својата куќа и се скри кај оревот во дворот. Тогаш Раде со стапот почна да го удира старецот по глава и тој падна на масата. Кога виде што сторил, Раде избега на другата страна од патот – ни раскажа продавачот Ристе Трајковски, кој кога го видел лицето на раскрвавениот старец почнал да моли кај соселаните за помош. За жал, никој од тие што во тој момент биле во близината не пришол да му помогне на старецот, кој во меѓувреме се подигнал од масата и почнал тетеравејќи се да се движи кон патот. Гледајќи дека старецот закрепнал од ударите, Раде слегол од ридот и уште неколкупати го удрил со стапот старецот, по што тој добил уште посериозни повреди, од кои подоцна на пат за битолската болница починал.

Повеќе прочитајте на Нова Македонија

http://kurir.mk/makedonija/vesti/vnukata-na-ubieniot-starets-od-makovo-ne-e-tochno-deka-dedo-mi-e-ubien-poradi-kavga-za-politika/
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Една консистентна слика во реториката на про-опозициски настроени индивидуи е неизбегнувачкото вреѓање на општини и села, особено во поширока Македонија. Ваљда така ги учат на предавањава што ги држат СДС-овци, па ете некој како Мафо кога ќе порасне едино спомнување на тие места со потсмевачки вокабулар. Друго, никако.

Вие од УМС на дпмне немате проблем со Заев и СДСМ,туку со целата меѓународна заедница.
Свестите се :tapp:
Една шака земји? Многу "меѓународно". Немаме ние проблем со нив, они имаат со нас. Тоа го ставија многу добро до знаење. Само не верувам дека ќе продолжат со притисоци затоа и што и така и така на луѓево им врие под нозе, ќе добијат некое јајце по глава дур го држат најновиот прес.

Али алал да им е на Телма телевизија, послободоумна и понезависна телевизија нема во Македонија, со 24 Вести се тука некаде. Само они пренесоа за ова убиство и само они пренесуваат дека сопственикот на Тв Нова пак лапнал тендер за Барок на зградичето до Владата.
Бар на дебатите на ТВ Нова има секогаш опозициски гостин да учествува (ако не и повеќе, а само еден про-владин), што не може да се пофали 24 Вести со истото (а знам пошто пратам, од вести само МРТВ, 24 Вести, Телма, и Нова ТВ гледам) . Дебата, дискусија, прес-конференција, се "НГО-а" и опозициски претставници. Наместо дебати и разнолик дискорс, ги слушаш еден по еден како рецитираат една иста работа како да факинг Мис наптревар па се дериватизира материјалот на едниот во материјалот на другиот за да остане релевантен. Муабетче си праат, као ја и друштво, со климање глави. Скоро како Сител и Канал 5 со нивниот терк. До душа за воља на вистината канеле опозиционери, ама и јас може не би отишол да сум на нивно место имајчи увид за репот на двете телевизии.

Не може да зборуваме за слободоумна и независна телевизија ако вестите ти ги чешла и средува некој од "проверувачите на факти" и такозвани репортажа експерти. Затоа што се покажа дека нит имаат експертско знаење и познавање на професијата, нити се запознаени со дефиницијата за тоа што е факт. Телма само си направи анти-реклама си спинов. Да не збориме зачетникот на темава што си направи. Анти-реклама е благ збор како опис за тоа.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Значи, значи можи и Ефтов да згреши :lut: или не Добра провокација. Случајот Маково. Стариот што рече? - Ние имаме всаден страв во нас. Не од сега туку од сите векови наназад..
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.203
Не од сега туку од сите векови наназад..
низ историјата брат со брат не се трпел, едниот за краља, другиот за цара, едниот војувал за една војска, другиот за друга. Ама тоа кога не сме имале македонска држава, македонска власт, македонски институции, кога имало војни и "влијание од соседите и големите сили". Ам сеа па изгледа србите, грците или бугарите ни се криви, гасоводот и нормално еу и сорос.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom