Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон го казнил Кристијано Роналдо со 8.000 фунти или околу 10.760 евра поради користење на мобилниот телефон на тренинг, објавија денеска англиските медиуми.
Роналдо го прекршил правилото за однесување, бидејќи во текот на тренингот дури четири пати праќал порака од својот мобилен телефон.
Во правилникот на клубот прецизирано е дека секое праќање порака, односно остварување повик во текот на тренингот се казнува со по 2.000 фунти или 2.690 евра. Можеби на прв поглед личи доста скапо, но споменатата сума не е ни 10-ти дел од неделната заработка на Португалецот на “Олд Трафорд”.