Многу е важно што немаме казнети за во финалето, ке можеме да настапиме во фул состав...
...освен ако нема повреда некоја.
Лично би сакал со Челзи да играме, Ливерпул се лев тим...
...а башка и ги мрзам после финалето со Милан во Истанбул.
Малце ме потплашува што некако паднати се во форма играчиве...
...Роналдо веке неколку утакмици, не е тој - тој.
...Нани и Тевез многу губат топки, некако како изгубени се на терен.
...Руни си е ок - не ме плаши толку, ама некако млитаво игра... ај ке се врати он, фајтер е.
...Видич, малер некој го спотера со повредиве, многу фали во одбрана.
Ама ЕПТЕН ме бендисува Парк, гине на теренот, многу паметно и ангажирано игра...
...Харгрејвс почна да се снаоѓа како десен бек, солиден е.
* Само што кога ке земе топка трча, трча накај аут линија да избие и крш го прават.
...Керик си е топ, уствари он секогаш си игра како што треба - стабилно.
...Евра, мене лично ме изненадува, супер си игра.
...Фердинанд, нема лош збор за него цела сезона - ѕвер.
Треба Андерсон повеке да се форсира, има детето знаење.
И не треба толку да се плука по Гигс, човекот има искуство и може уште да даде...
...барем да ја доврши сезонава како што доликува.
Греота е таква легенда така да ја заврши кариерата.
Многу лесно може он да биде херој како Сколс... сите што го фалат сега.
Играчи како нив се битни во тимот... да им дадат храброст, насока на младиве.
Како и да е, ваљда сега малце порастеретени полесно ке играат во првенство.
Вест Хем, ај ке се тепа - ама Виган, тешка ке биде (последна, плус на гости).
Што е, тоа е... барем си ја решаваат сами судбината.