Ах тој меч со Евертон... Никогаш нема да го заборавам, неверојатно беше. Каков малер значи...
За 2:0 кога заби Фернандеш, се изнервирав најмногу во животот... Ама се гледа кој е подобар, после 4 гола, абе милина! Грешка на Тарнер беше, негде 60-та минута, 2:1. После и 2:2 и Руни го измрда Хиберт малце за 3:2. Е, тогаш срцето ќе ми излезеше, како ми лупаше само. И за 4:2 Крис Иглс ме израдува уште повеќе. Тогаш веќе бев сигурен дека титулата е наша!
Иначе за мечот со Лион сите знаеме што очекуваме и нема шанса да не пројдеме. Ај одвај чекам да почне, ем на Олд Трафорд кога игра Манчестер, така во вечерни часови, одлична атмосфера и голчиња паѓаат, ни одговара терминот.
Се сеќавате на 7-те против Рома? На 3-те против Милан?