- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Стан во Скопје чини колку апартман на море
Стан во Скопје и во Охрид чини повеќе отколку апартман на Халкидики, во Банско или на албанското крајбрежје. Метар квадратен во земјава се продава по европски цени, од 1.300 евра па нагоре, во зависност од локацијата, квалитетот на градбата и ексклузивноста на станот. Апартмани во изградба во Охрид се продаваат по 1.800 евра за метар квадратен, а во Неа Мудања во Грција чинат од 700 до 900 евра за метар квадратен. Од Ремис, градежната компанија која гради апартмани во Охрид, оценуваат дека 1.800 евра за метар квардатен не е прескапо.
“Ги градиме по стандарди на хотели со пет ѕвезди и затоа цената од 1.800 евра е повеќе од издржана. Апартманите се со големина од 40 метри квадратни, а во зависност од желбата на потенцијалниот купувач може да бидат и до 500 квадрати. Таргетот ни се странците. Хотелот треба да има вкупно 240 апартмани. Тие што нема да ги продадеме, ќе функционираат како апартмани во хотел”, објаснува сопственикот на Ремис, Ристе Тренески.Од домашните агенциите за недвижности тврдат дека цените на станбениот простор се нереални, особено ако се споредат со тие во регионот. Велат дека продажбата на станови во последните две години е падната за речиси 80%. “Цените на недвижностите, особено во Скопје и во Охрид се апсолутно нереални. Со просечна македонска плата, со ограничени кредити, кои имаат висока каматна стапка, граѓаните тешко ќе купат стан. Дури ни странци не купуваат станови во земјава. Можеби се интересираат за Охрид, но не купуваат толку многу како што се зборува. Пред три години метар квадратен во Охрид чинеше 650-800 евра, а сега е речиси двојно поскап. Се занесуваме со цените затоа што метар квадратен од апартман на море во регионот чини околу 1.300 евра. Апартман на албанското крајбрежје оваа година чини максимум 1.500 евра”, објаснува Вера Митковска, сопственик на агенцијата Нова.
Македонски граѓани веќе се сопственици на апартмани на Халкидики и во Банско. “Пред една година купив апартман во Банско, во населбата позната како Голф Пирин клуб. Го купив по 1.500 евра за метар квардатен. Апартманот не е голем, има околу 40 квадрати. Доаѓам често, бидејќи не е многу далеку од Македонија. Во оваа населба станови купуваат претежно Руси и Британци, а има и неколку Македонци. Сега истите апартмани се продаваат по 1.000 евра за квардат. Во Старо Банско, пак, квадратот чини од 400 до 500 евра. Охрид е значително поскап”, вели бизнисмен од Штип. Светскиот тренд на намалување на цените на становите не е присутен во земјава....
Пишуваше *Дас Капитал* (пред ена недела)
http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/71093/stan_vo_skopje_chini_kolku_apartman_na_more.aspx?iId=2273
1800 Евра биле во Охрид!? Не сум знаел! Треба ми се чини 2,000 да се продава, што е тоа 1,800 Евра, бадијала! Толку на *тапан* фрламе! па Охрид е да му се невиди!... УНЕСКО, ово оно, Холанѓани, Б`лгари.... Ееее тибам тоа глупердите што плаќаат по толку, кој бре тоа идиоти.... тибам тоа градежната мафија, Владата што им дозволува... Насловот е стан во Скопје чини колку апартман на море... ама ова и во Ох е цената изгор! На Халкидик (Неа Мудања) 700 - 900 Евра.... евтино! Или да почекаме уште малку..... ќе паѓаат веројатно уште! Секаде, само овде не! Овде не важат економски закони.... овдека во криза поскапува! Еј, не не бива... !