Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
Еден малку поинаков поглед... Тешка глупост е во Скопје да купуваш стан на кредит. За стан во Скопје човек може да заработи во само 2 до најмногу 4 години печалба еве да речеме просек 3. Три години од животот се ништо. Одиш, спечалуваш за 3 години и имаш речен проблем за стан за следните 100 години. Ни кредити ни мачења со отплаќања.
Можда некому му се чини дека цените се скапи ама реално 1200 евра квадрат е ништо во споредба со станови низ европа да речеме.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.290
Поени од реакции
4.695

Ова претпоставувам за работни позиции во Франкфурт збориме преку велешките агенции што посредуваат така
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.950
Еден малку поинаков поглед... Тешка глупост е во Скопје да купуваш стан на кредит. За стан во Скопје човек може да заработи во само 2 до најмногу 4 години печалба еве да речеме просек 3. Три години од животот се ништо. Одиш, спечалуваш за 3 години и имаш речен проблем за стан за следните 100 години. Ни кредити ни мачења со отплаќања.
Можда некому му се чини дека цените се скапи ама реално 1200 евра квадрат е ништо во споредба со станови низ европа да речеме.
Ако ги оставил некој во торба во државата каде што ќе одиш :D
 
D

Deleted member 53418

Гостин

Многу ме интересира како би заштедил ти 90 илјади евра за 3 години. Ако не си доктор/програмер/инжинер е речиси невозможно за обичен радник да заштеди и овие професии кои ги набројав тешко да заштедиш таква пара.

Едино ако имаш CDL па да си Over the road низ Уса по 2-3 месеца се прави оваа пара ама тоа е макотрпен живот еднаков на куче. Been there done that.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.290
Поени од реакции
4.695
Многу ме интересира како би заштедил ти 90 илјади евра за 3 години. Ако не си доктор/програмер/инжинер е речиси невозможно за обичен радник да заштеди и овие професии кои ги набројав тешко да заштедиш таква пара.

Едино ако имаш CDL па да си Over the road низ Уса по 2-3 месеца се прави оваа пара ама тоа е макотрпен живот еднаков на куче. Been there done that.
@JaqenH'ghar
Еве ти мислење од програмер
Друже да платата што ми ја даваат убаво звучи во МКД услови (ама нема да ти кажам дека платите што сите од странство се фалат се пред данок)

па трошоци за стан тука, па коли моли па храна па ова па она
Имам и јас слушано приказни зимам 5к плата коа ќе посмирам се уште 6к ми остануваат ама не е баш така

реално и јас би уштедиш 90-100К за стан у година може малку повеќе ама ако живеам на клупа у парк и се хранам на воздух диета
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
@wiksa мој другар е во Швајцарија, откако му помина оној период каде мораше да работи за фирмата заради која зеде виза сега е во швајцарска фирма. Платата во нето му 6к+ швајцарски франци и е далеку од програмер. Обичен работник. Киријата му е 1 300 франка. За автомобилот што си го купи годишно рече дека има околу 4-5 000 трошоци за осигурување, патишта и шо ти знам само за неа.
Ако еве зедеше некоја по економична кола, и беше неоженет и без деца шо мислиш дали за 3 години може да собере 90к евра со плата од 6к+ франци кога веќе 1 франц = 0.96 еуро?

Затоа нагласив дека за Швајцарија се работи и примерот од овој пост не е за програмер.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
Многу ме интересира како би заштедил ти 90 илјади евра за 3 години. Ако не си доктор/програмер/инжинер е речиси невозможно за обичен радник да заштеди и овие професии кои ги набројав тешко да заштедиш таква пара.

Едино ако имаш CDL па да си Over the road низ Уса по 2-3 месеца се прави оваа пара ама тоа е макотрпен живот еднаков на куче. Been there done that.
Eте и сам си одговори дека може. Никој не вели дека е лесно, секако дека не е лесно...И можеби и е нефер понекогаш... Ама начини има.
Автоматски споено мислење:

Ако ги оставил некој во торба во државата каде што ќе одиш :D
48 meseci po 1500 do 2000 evra zaштедени секој месец и ете ти... Еве да речеме таму живееш со 1500 макс месецоц, земаш 3000... Сосема реална математика е тоа.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.561
@wiksa мој другар е во Швајцарија, откако му помина оној период каде мораше да работи за фирмата заради која зеде виза сега е во швајцарска фирма. Платата во нето му 6к+ швајцарски франци и е далеку од програмер. Обичен работник. Киријата му е 1 300 франка. За автомобилот што си го купи годишно рече дека има околу 4-5 000 трошоци за осигурување, патишта и шо ти знам само за неа.
Ако еве зедеше некоја по економична кола, и беше неоженет и без деца шо мислиш дали за 3 години може да собере 90к евра со плата од 6к+ франци кога веќе 1 франц = 0.96 еуро?

Затоа нагласив дека за Швајцарија се работи и примерот од овој пост не е за програмер.
Обичен работник нема 6к нето плата, тоа се лажги со опашки.

Обичен работник, еве добар пример шофер Ц категорија со приколка оглас за работа во Женева (еден од поскапите градови) е 4350 ЦХФ бруто плата.

Одбиј данок и пензиско -20%, одиме на 3500 месечна плата. Задолжително здравствено осигурување околу 3000 годишно, остануваат 3200.

Стан освен ако не е во планините на Јура, 1300 тешко дека се наоѓа, ама ајде некаде биде 1500. Остануваат 1700.

Храна? Кило месо поефтиното ти е 60 ЦХФ кило. 800 месечно за храна за 1 човек? Тешко, ама ај ќе ги рачунаме. Останале 900.

Вода, струја, греење, телефон, ај ќе рачунаме 100 месечно (невозможно). Останале 800,

Е ова е ако буквално рмбаш по цел ден се враќаш дома, не земаш одмор итн... 800 ЦХФ кои денес се 800 ЕУР. Ама пред 6 години иститите 800 ЦХФ беа 600 ЕУР.

И еве по 1000 евра да тргаш месечно ( а гледаме дека е невозможно) ќе ги требаат минимално 6 години да би заработил еден стан во Скопје. 6 години освен стан работа да не видиш ништо друго.

Ако израчунаш кредит лизинг или само трошоци за кола (гуми, осигурување, сервиси, итн) тогаш не само што не останува ништо туку и ќе си секој месец дупка.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 53418

Гостин
Eте и сам си одговори дека може. Никој не вели дека е лесно, секако дека не е лесно...И можеби и е нефер понекогаш... Ама начини има.
Автоматски споено мислење:

48 meseci po 1500 do 2000 evra zaштедени секој месец и ете ти... Еве да речеме таму живееш со 1500 макс месецоц, земаш 3000... Сосема реална математика е тоа.
Друже не знам дали знаеш што претставува да си 3 месеца на пат без да доеш дома да пукаш 7000-8000 миљи неделно. Да спиеш по 3-4 саати дневно. Затоа нема подобро од сопствен бизнис. Пробувајте да изградите нешто свое парите ќе дојдат и становите а овие примери рмбај 3 години за стан у ск ти е убер лошо размислување.

И ако издржиш 3 год вакво темпо у возење јас ти купувам стан во Карпош.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.950
Eте и сам си одговори дека може. Никој не вели дека е лесно, секако дека не е лесно...И можеби и е нефер понекогаш... Ама начини има.
Автоматски споено мислење:

48 meseci po 1500 do 2000 evra zaштедени секој месец и ете ти... Еве да речеме таму живееш со 1500 макс месецоц, земаш 3000... Сосема реална математика е тоа.
Домашниот есап на пазар не излегува, оди, пробај, и врати се да ни кажеш по колку пари се прават.
Јас ти гарантирам дека ако живееш сам (не како глушец со 5 цимери), и не си скратуваш на храна/облекаp/возило/одмор, многу тешко да ти останат 1500 евра чисти на една плата, ако сте двајца може и повеќе, ама за сам тенка работа.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489

Bas taka, ali tie sto ne bile mislat matematika sho si ja praat na forum e ista ko koga si vo stranstvo. Interesno e sto sekogas onie koi vikaat u stranstvo za 3 godini ke zarabotis za stan, po nekoja slucajnost ne odat da specalat i kupat tuku kukaat kako skapi se stanovite.

U princip kolku poveke ke zimas poveke ke trosis i pak ke ne mozes da ustedis.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.120
U princip kolku poveke ke zimas poveke ke trosis i pak ke ne mozes da ustedis.
Тоа ти е мајндсет. Има некои луѓе кои се фанатици за вакви работи. Ако се наканил да заработи, 2 работи ќе работи, нема бел ден да види, ќе зацрта дека 3 години од животот ќе ги изгуби и ќе заработи. Само за тоа треба мотивација и треба сон. Ретки се такви луѓе :)

Имам роднини некои во Австралија, кога отишле таму решиле да успеат. Работел мажот 2 работи, едната во фабрика и втората во ресторан чистел и воедно се хранел, жената у некаква конфекција и после неколку години купиле дуќан отвориле пекара, па купиле уште 3 дуќани кои ги издавале под кирија. Денеска они се у пензија тука у Македонија вратени, а детето нивно е едно од најбогатите наши во Австралија. Контарктор е земаат огромни плацови, прават куќи и ги продаваат.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Обичен работник нема 6к нето плата, тоа се лажги со опашки.

Обичен работник, еве добар пример шофер Ц категорија со приколка оглас за работа во Женева (еден од поскапите градови) е 4350 ЦХФ бруто плата.

Одбиј данок и пензиско -20%, одиме на 3500 месечна плата. Задолжително здравствено осигурување околу 3000 годишно, остануваат 3200.

Стан освен ако не е во планините на Јура, 1300 тешко дека се наоѓа, ама ајде некаде биде 1500. Остануваат 1700.

Храна? Кило месо поефтиното ти е 60 ЦХФ кило. 800 месечно за храна за 1 човек? Тешко, ама ај ќе ги рачунаме. Останале 900.

Вода, струја, греење, телефон, ај ќе рачунаме 100 месечно (невозможно). Останале 800,

Е ова е ако буквално рмбаш по цел ден се враќаш дома, не земаш одмор итн... 800 ЦХФ кои денес се 800 ЕУР. Ама пред 6 години иститите 800 ЦХФ беа 600 ЕУР.

И еве по 1000 евра да тргаш месечно ( а гледаме дека е невозможно) ќе ги требаат минимално 6 години да би заработил еден стан во Скопје. 6 години освен стан работа да не видиш ништо друго.

Ако израчунаш кредит лизинг или само трошоци за кола (гуми, осигурување, сервиси, итн) тогаш не само што не останува ништо туку и ќе си секој месец дупка.
4ца или 5 души седат во стан од околу 100+м2 незнам точно, секој плаќа по 1300 франака. :)

Платата ако ме он лаже, ве лажам и вас. И мене не ми беше веројатно и му реков дек некако предобро ми звучи пошто тоа му беа зборовите и ми велеше толку зимам ти како програмер сигурно повеќе ќе зимаш. Ми е незгодно да прашувам за плата, освен блиски луѓе во мојата струка за да знам колку отприлика одат. Овој кроз муабет ми ја кажа. Сметај дека цело време работи прекувремено колку што дозволува законот. А можам и да претпоставам и дека сигурно бара и трета смена зашто е поплатена.

Знам дека не ми се веруваше пошто доста време посветив за истражување каде би се селел и сум правел муабет со другари и колеги што сум близок со нив. Швајцарија од сите земји се исплати најекономски.

Примерот го дадов за обичен работник, за ИТ лица што се во Швајцарија со сигурност гарантирам тој стан без проблем ќе го спечалат. Неколку од тие што може да се каже дека се експерти во нивната област и за пола година ќе го спечалат ама тоа се више крајности и реткост и не ни очекувам јас да имам таква заработка без свој бизнис.
Има народ што е отиден и цело време му се состои од рмбање, по Германија работат работа земаат просечна германска плата од 2 и нешто ситно илјади евра нето и потоа одат во денот уште 4 саати работат на црно.

Прогуглав малку и барав Швајцарски интернет страници и ми излезезе ова:
1640810759963.png
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.290
Поени од реакции
4.695
@wiksa мој другар е во Швајцарија, откако му помина оној период каде мораше да работи за фирмата заради која зеде виза сега е во швајцарска фирма. Платата во нето му 6к+ швајцарски франци и е далеку од програмер. Обичен работник. Киријата му е 1 300 франка. За автомобилот што си го купи годишно рече дека има околу 4-5 000 трошоци за осигурување, патишта и шо ти знам само за неа.
Ако еве зедеше некоја по економична кола, и беше неоженет и без деца шо мислиш дали за 3 години може да собере 90к евра со плата од 6к+ франци кога веќе 1 франц = 0.96 еуро?

Затоа нагласив дека за Швајцарија се работи и примерот од овој пост не е за програмер.
Друже на тие услови јебеш програмирање дај еве јас @Lester Freamon па и уште некој ќе се собереме да ни средат за тие пари да поработиме некоја работа :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom