Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите. Моментално разгледуваме стан за купување во Влае-Ѓорче. Еден е во близина на кружниот тек на Партизанска (зградата со белите Ytong тули), инвеститор е Деа-Ком. Вториот е во комплексот Александрија, инвеститор е Саник.

Дали ќе може некој што има искуство или слушнал за искуство на блиски луѓе со овие две фирми, да сподели, бидејќи за Саник имаме нешто читано, но Деа-Ком се нови за нас и навистина се мислиме... :)
Деа Ком се подобри од Саник, тоа имам да ти кажам како совет од мојот инвеститор дома. И локациски биле подобри. Јас појма немам од Сити мол натака не сум била откако се разведов.
 
Во некоја од темиве на форумов се сеќавам дека имаме дискутирано на темава.

Баш ја гледав денес, којзнае колку згради се вака изградени.
Бтв на 11:50 има дел од кајгана, може ќе се препознае членот.
 
Во некоја од темиве на форумов се сеќавам дека имаме дискутирано на темава.
Немате во Темите него Маја Јованоска од ИРЛ лично ви се инфилтрира во форумов за да испитува јавно мислење.
Еве ја темата
 
Има повеќе теми за станови на форумов. Мислам дека и во форумот за економија има посебно за подигнување станбен кредит, а и во општи муабети.
Инаку во самата емисија има цитат од некој од членовите на форумов.
"Инфилтрација" би било анонимно да влезе, со ник. Гледам дека си пишала име и презиме во таа тема.
 
Па ако нека се инфилтрира. Со форумов се поведува медиумска акција. Супер.
 
Дечки какво е искуството со згради на Дабар? Ми нудат стан во зградата во аеродром. Се мислам помеѓу нив и жикол кај фон па ме интересира споредба.
 
Дечки мислење за Трим Лум како инвеститор, квалитет на градба, издавање на имотни листови, почитување на рокови.
 
Имотен ќе си чекаш и повеќе од година од денот на вселување (ова зборувам ако си зел во градба, ако не се лажам во последната што ја правеа во Тафталиџе уште не се излезени сите имотни), криви ѕидови, различна квадратура од таа на проект, гаражите им се полнат со вода (ова го имам видено кај пријател што живее во првата што беше изградена од нив во Тафталиџе), лудите во истава зграда имаа наредено штекери позади парното :D
 
Фала на одговорот.
Читајќи ги коментариве еден асален изведувач нема во Скопјево, ова што ми го напиша нажалост се веќе критериуми за пролазно...
 
За кој и да прашаш ќе се најде мана нешто. Црно и бело немаш. Од моменталните најквалитетни се Голден Арт. Зградите на Адора беа најдобри според мене, ама не градат више. Дабар работат долго време така да и со нив знаеш што може да очекуваш.
А ги забораив Биси, ама они се више у домен на луксуз:D
 
Имотен ќе си чекаш и повеќе од година од денот на вселување (ова зборувам ако си зел во градба, ако не се лажам во последната што ја правеа во Тафталиџе уште не се излезени сите имотни), криви ѕидови, различна квадратура од таа на проект, гаражите им се полнат со вода (ова го имам видено кај пријател што живее во првата што беше изградена од нив во Тафталиџе), лудите во истава зграда имаа наредено штекери позади парното :D

Сега да има иницијатива помеѓу тие луѓе на твојот пријател, заеднички како оштетени да поднесат една тужба за надомест на штета од страна на инвеститорот (продавачот) заради материјални недостатоци на стварта, па нема да ги фати скапо 100 евра судска такса, 300 евра за тужба, 200 евра за вештачење, да го поделат 60 стана по 10 евра, а можат да земат добра пара или зависи од текот на постапката да дојде до спогодување па да ги корегира сите недостатоци, или може директно тоа да го бараат да ги отстрани недостатоците, добар адвокат и добар вештак и завршена работа :)
 
Во мкд не можеш да собереш 6 фамилии од 60, не пак да се соберат 60 :D
Плус по свадба тапани, одамна е граден тој објект.
 
Некој искуство со Платинум Груп, градат во Хром/Влае мислам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom