Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, нов сум. Искуство со Голден Арт и градење во комплекс Треска. Бев во Аеродром на презентација, цена 2600 за квадрат. На мое прашање кога тој комплекс ќе се изгради, па вели етапно кое црно етапно, градилиште од сите страни! Ве молам, некое искуство, прв пат купувам вака. Семејни делби .. тоа што гледав стари станови, сè се за реновирање. Ако има некој искуство од комплекс Треска, нека сподели. Благодарам
 
2600 за наредни 5+ години да живееш сред градилиште а можеби и 10.
 
Знам, друже, поради тоа можам да почекам година дена, повеќе НЕ. Локацијата е супер, пошто сум во центар, проверив на објектот се гради од сите страни и затоа пишав. Таа предна зграда е изградена и продадена, фасада удрено, внатре не знам до каде е не верувам дека живее некој тука? Гледав позади карабина, ама се е градилиште, затоа и прашувам дали некој знае нешто повеќе. Типката ми рече дека ќе ги пуштале зградите етапно, не сите одеднаш да се изградат. Мене локацијата ми одговара, ама сега брзо вселиви нема. Чисто ме интересира дали е океј фирмата, првпат купувам. Тоа што погледнав друго е катастрофа, не ми се допаѓа.

П. С. Ако некој продава понов стан во централно подрачје нека ми пише, или ако има тука на форум кај да видам, просветлете ме. Благодарам
 
Бев на презентација на почеток на 2024-та, но не се договоривме за цена. Идејата ми беше да купиме 2 стана, и кога прашав дали цената е фиксна, зашто сакавме 75% веднаш да платиме, 25% пред клуч на рака, некако, како навреда им дојде, као да им е од Бога дадено право да продаваат по веќе пропишана цена и ништо подоле. Становите беа во втората зграда внатре, со тоа што тука градат 3 компании, Голден Арт, Мега Куманово и Фешн Груп чинам. Квалитетот на градба им е одличен, почитуваат рокови.

Убаво изгледа се на хартија, ке видиме како ке биде во реалноста.
 
A koj rok ti go dadoa oni? Golden art se vajda najprofesionalni od tie so gradat kaj nas, do sea ne kiksnale, plus vrzani se so vmro taka da nema da imaat kocenje ili da kiksnat sea. Imaj u predvid deka i oni 90 posto od objektite kasnele po nekoj mesec od dadeniot rok.
Автоматски споено мислење:

Imaat kapital i znaat deka kje gi dadat, nema zaso da spusta cena.
 
Здраво, нов сум. Искуство со Голден Арт и градење во комплекс Треска. Бев во Аеродром на презентација, цена 2600 за квадрат. На мое прашање кога тој комплекс ќе се изгради, па вели етапно кое црно етапно, градилиште од сите страни! Ве молам, некое искуство, прв пат купувам вака. Семејни делби .. тоа што гледав стари станови, сè се за реновирање. Ако има некој искуство од комплекс Треска, нека сподели. Благодарам
Ако бараш нешто друго во таа околина, мислам дека во rubik tower (zsf kom) имаат слободни станови. 2500 е квадратот, за година ипол би требало да е готова зградата.
 
A koj rok ti go dadoa oni? Golden art se vajda najprofesionalni od tie so gradat kaj nas, do sea ne kiksnale, plus vrzani se so vmro taka da nema da imaat kocenje ili da kiksnat sea. Imaj u predvid deka i oni 90 posto od objektite kasnele po nekoj mesec od dadeniot rok.
Автоматски споено мислење:

Imaat kapital i znaat deka kje gi dadat, nema zaso da spusta cena.

Едно од правилата во продавање е дека е секогаш подобро да земеш 75% од парите сега, отколку 100% без да знаеш кога. Им го разбирам моделот на работа, но не разбирам зошто таква реакција на поприлично нормално прашање.
 
Ако бараш нешто друго во таа околина, мислам дека во rubik tower (zsf kom) имаат слободни станови. 2500 е квадратот, за година ипол би требало да е готова зградата.
Ne bi mu preporacal zsf na smetka na golden art.
 
Таа на Рубик не ми се допаѓа, рок околу 3 години и за плаќање да прашале газди околу начин и дали е фиксно. Зависно, генерално океј, пристојно беше, немам забелешка впрочем и тоа ѝ е работа. Пријатно изненаден од пристап и од сè, онака профи.
За таа прва кажа као до крај на година вселување и дека е распродадена не ми јасно од кај ке има влез како ке се живее кога камиони нон стоп гравитираат.. Од тоа што проверив, во градба или скоро завршени на други места, некако најквалитетно ми се виде во Треска подно греење, ладење плафонско, одлични распореди и не се големи згради, 5–6 ката, добра изолација, рака на срце се супер. Ќе проверам и Мега и кај нив колку е, пошто од Голден ништо не спомнаа дека градат со нив туку нивни само.И као од нова година ке има качување на цена дали беше трик или што не знам.Купување стан е лудило моментално
 
Како ви се вложува бе 2500 во Скопје? во овој смог? ѓубре? па и расипан и не многу културен народ?

треска можеби квалитет на градба имат, ама имаат евтин дизајн, зграда со централен хол од страт спаѓа во сиромашен дизајн на зграда прочитајте малце архитектура, тоа што се завртени на П и нема некакво многу големо растојание во среддината, па не би рекол и од зграда до зграда каде што поминува улица од старт немаш никаква приватност од комшијата за каква елитна населба зборува побогу.

Огледајте се на руските згради во карпош 1-2 само што немаат лифт иначе на дизајн со зелени површини колку големо растојание од зграда до зграда, имаш по 2 станови на спрат во влез, истите станови гледаат на најмалце 2 ориентации тоа е луксуз од дизајн. Во помодерно време само со подземни гаражни места и лифт би се добиле фантастични услови како нова градба.
 
Тоа е што е. Не може човек на улица да е, од секогаш кров над глава си имал своја цена, и сега и пред 40 години исто е било. Вредноста на парите е друга, кај нас колку толку пак можеме да купиме нешто, некаде никогаш. Тоа што е 2500 евра, никој од нас не може да го промени. Јас последни барем 5 години ги гледам цениве – центар беше 1200-1400 евра квадрат, значи реон Зебра, Капиштец, нова градба. Сега е 2500 и јаче, не ме чуди и 3500 да биде. Ако ти кажам дека во Треска тие први две изградени се продадени, тогаш значи купил некој, не зјаат празни. А и ретко ќе најдеш празен стан по Скопје, поготово во центар.
Воздухот е за сите ист кои сме тука и за тебе и за мене и за сите.Не вреди само воздухот постојат и други нешта за еден човечки живот нели.Од нас не зависат цени јас сакам да купам за 1000 евра квадрат кај да најдам? НЕМА.

Тоа што порано се градело со други пристапи кон градење на дом, сега е тотално изменето. Порано моите ми кажуваа дека кога се градела станбена зграда, морало задолжително да има паркче напред, зеленило, дрвја – како што напоменуваш. Ама тоа е, како за сите, така и за нас. Тоа е што е, само човек може јад на душа да си прави. Цениве со некретнини се навистина високи и никако не запираат. Ние имаме стар стан, 90 квадрати, веќе контактираа луѓе да го купат. Тешка состојба е целосно реновирање од корен, прифаќаат и се решени да го купат само кога ке одлучиме значи има потенцијален купувач што чека одма..Не знам што да кажам јас барам нова градба па ке видиме што и како
Автоматски споено мислење:

Ми излегува Бонор на Фејсбук — исто, центар, 2800 евра квадрат, без подно греење и без ништо посебно. Вели „премиум стан“. Што е, друже, премиум за тебе? Греење на клима и темно сива плочка?
 
Attachments

  • bb.PNG
    bb.PNG
    48,4 KB · Прегледи: 18
Не е друже тоа што е, има нешто што се вика квалитет на живот дали би се задолжил до уши со кредит од 100-200к за да имаш таков квалитет на живот со рата за домување како да живееш во некоја европска држава а наутро да одиш 2часа 5 километри до работа. да се гушиш 5 месеци во годината итн итн да не набројувам за сите непогодности што ги нуди градот. со таа платичка што ја нуди државичкава наша. А веќе ако работиш нешто дигитално и земаш гобална плата тоа не те врзува со Скопје и имаш места покрај море и поевтини од Скопје за живеење.

Јас имам сопствен стан да се разбериме и искрено последно време како што движат условите искрено гледам да ја искористам оваа лудило ситуација и да продадам да одам на место со подобри услови ( за мене, според мене ). Чисто ме интересира тема недвижности и ги следам. Тие што ги гледаат како инвестиции не ми е јасно што гледаат затоа што ROI е многу лош во Скопје за стан. чудни се сите карактеристики на пазарот ама што вика еден другар мој скап е квадартот оти многу се шмрка и во право е, се вртат и перат големи цифри таму и тоа е....
 
Pa daj mu go po poeftina cena, i ti i on kje si gi resite problemite.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom