Кражба на квадрати во станови

Член од
15 април 2021
Мислења
3
Поени од реакции
3
Здраво!
Сакам да прашам за Ваши искуства при купување на стан. Дали сте забележале дека квадратурата на станот наведена во имотен лист, не соодветствува со фактичката состојба? Имало случаи кога недостигале и по 2,3 квадрати, па откако сопствениците откриле инвеститорите веднаш ги враќале парите. Информациите ми се потребни за новинарско истражување на ваква појава, па ако има некој вакво лошо исуство, Ве молам да споделите. Поздрав!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
28.568
Поени од реакции
52.461
Имаше цела нишка за ова на Твитер. Ја кога купував стан, ми беше кажано дека плаќам една квадратура на купопродажниот договор, и дека кога ке изврши финално премерување, ако испадне дека има квадрат помалку, ке ми бидат вратени пари, а доколку е повеќе, нема да мора да доплаќам.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.192
Поени од реакции
195.467
Гледајте да потпишете договор каде што станот ќе оди на премер кога ќе се финализира изградбата. Ако има квадрати плус, ќе доплатите, ако сте оштетени, ќе ви ги вратат парите.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
10.589
Поени од реакции
16.893
Се е до тоа каков договор ќе се потпише, а пошто е тепачка за добар стан на добра локација 99% од граѓаните потпишуваат договори додека се становите во изведба. Не дека нешто станот ќе испадне физички помал, туку се работи до завршна обработка на ѕид плочки гипс малтер итн и на стан од 60 квадрати загуба од 1 квадрат и не е многу. Дискутабилно но таков е пазарот и нема заштита на купувачите туку само на продавачите. Ова прашање до сега ми го поставиле безброј пати .... Кога ќе стигне до упис во АКН изведувачот на станбената зграда 99.9% интервенира со измени во тек на изградба за да ги усогласи бројките на изведената состојба со она што треба да се запише на имотен во АКН. Е сега во станбена зграда со 60 станови со по 1-2 м2 каде квадрат достигнува и до 1200 евра ... е огромна сума, а изведувачи на такви станбени згради немаат само едно градилиште., па сега види колкава заработка имаат.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.109
Поени од реакции
4.141
Јас кога купував од зградата имаше само една голема дупка за темели. Станот беше нацртан на парче хартија и врз основа на впишаната квадратура во скицата се направи Пред Договор со договорена цена и уплатен капар.
Кога зградата дојде во завршна фаза дојдоа од Катастар и со тоа ласер апаратчињана за мерење направија премер на собите со што станот испадна 1.5 квадрат помал.
Согласно клаузулите од Пред-Договорт немаше никаква заштита према мене како купувач.
Мислам во Пред-Договор не стоеше ни квадратурата него беше пишано само као Станот согласно Скицата пример СТАН Г4 на КАТ4, така нешто. Тек во Договорот откако зградата доби Имотен Лист се впиша квадратура на веќе договорената цена од Пред-Договорот.
Јебига, попустот што го добив како ран купец замина на непостоечка квадратура.
Дополнително, инвеститорот западна во некој кризи па имаше неколку станови што во завршна фаза, клуч на рака ги даде за поевтина цена квадрат отколку јас што чекав 2 год за изградба. така да се е тоа искуство, среќа и живци со урбана градежна мафија.

Најглупо е што ти решаваш животно прашање и не ти е воопшто сеедно.
А на продавачот си му купец број 6 за денеска и те гледа како и муштерија на пазарче кога ќе му застане да купи кило компири.
Тоа е тоа перцепирање на стварите. Најстрашно е што си условен поради големиот интерес.

Пријател не му се свиѓаше начинот на градба и имаше проблем со инвеститор. Инвеститорот му ги врати парите и рече има уште тројца што чекаат за станов. Не мораш ако не сакаш. За два дена станот беше продаден на други, што беа потолерантни и помеки.

Така да си имате работа со мафија.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.609
Поени од реакции
8.187
МаЌедоЊа и све е можно :mad: :shook:
Па како може сеуште да се мижи вака?
По закон, не може да се запише во АКН станбена единица која е различна од проектот по кој е издадена градежна дозвола и е извршено предбележување. Ако има разлика, а најчесто има, оти нашиов народ сеуште не се научил на ред:(, се оди со измени во тек на градба! Таму веќе секое квадратче е усогласено, плус или минус( најчесто минус). И таа состојба оди во Катастар и на таа квадратура сте сопственици. Умре времето на запишување по проект!
Каков и да сте потпишале договор, немаат право да ви земат пари за нешто што не ви го дале.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.522
Поени од реакции
2.011
Не знам за лажирање на квадратура, ама кога купувате стан внимавајте и отворајте 4 очи да не има некои заостанати режиски или останати трошоци по некој друг основ. Во последно време често се случуваат вакви работи.
 
Муабетот е за нови станови, кои сега се купуваат уште неизградени! Нема таму режија, само сценографија ;)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.221
Поени од реакции
40.694
Зависи како се мери. Во целосната квадратура влегуваат и ѕидовите, а корисната површина е нешто помала.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.609
Поени од реакции
8.187
Зависи како се мери. Во целосната квадратура влегуваат и ѕидовите, а корисната површина е нешто помала.
Што збореш бе :ROFLMAO: ? Тоа е како да сум се оженил со целата фамилија на жена ми, не само со неа! Се знае како се мери, од ѕид до ѕид и тако то!
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.522
Поени од реакции
2.011
Муабетот е за нови станови, кои сега се купуваат уште неизградени! Нема таму режија, само сценографија ;)
Не прочитав дека темата се однесува само за нови станови. :facepalm:
Се извинувам, нека го преместат во соодветна тема коментаров, да не има забуни.
Јас ова што го напишав не се однесува за нови станови.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
13.460
Поени од реакции
7.233
Здраво!
Сакам да прашам за Ваши искуства при купување на стан. Дали сте забележале дека квадратурата на станот наведена во имотен лист, не соодветствува со фактичката состојба? Имало случаи кога недостигале и по 2,3 квадрати, па откако сопствениците откриле инвеститорите веднаш ги враќале парите. Информациите ми се потребни за новинарско истражување на ваква појава, па ако има некој вакво лошо исуство, Ве молам да споделите. Поздрав!
Моја познаничка купи гарсоњера и си викна луѓе од катастар да направат премер...фалеа скоро 3 квадрати, но немаше проблем со газдата на фирмата што ја градеше зградата, одма и врати пари.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.609
Поени од реакции
8.187
Моја познаничка купи гарсоњера и си викна луѓе од катастар да направат премер...фалеа скоро 3 квадрати, но немаше проблем со газдата на фирмата што ја градеше зградата, одма и врати пари.
Чек малку, со закон на луѓе од АКН( Катастар) им е забрането да даваат таков вид услуги! Да не мислевте приватна геодетска фирма! Инаку на гарсоњера да ти фалат 3 м2 е више од 10% :(
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
13.460
Поени од реакции
7.233
Чек малку, со закон на луѓе од АКН( Катастар) им е забрането да даваат таков вид услуги! Да не мислевте приватна геодетска фирма! Инаку на гарсоњера да ти фалат 3 м2 е више од 10% :(
Да, приватна геод.фирма....па приметливо беше ептен дека има грешка во квадрати.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.609
Поени од реакции
8.187
Имаше цела нишка за ова на Твитер. Ја кога купував стан, ми беше кажано дека плаќам една квадратура на купопродажниот договор, и дека кога ке изврши финално премерување, ако испадне дека има квадрат помалку, ке ми бидат вратени пари, а доколку е повеќе, нема да мора да доплаќам.
Супер си прошол, посебно ако е за во Ку-во, друг муабет е за таму! Овде(Скопје) па нема недела да не ми се јави некој познат или на познатиот познат, купуваат стан, а инвеститорот сеуште нема дозвола:facepalm:. Прашањето е што мислиш? Обично избегнувам да им кажам.......... :cautious: Па со кој памет бре луѓе? Изгледа парите им се поклон, па не ги боли толку! Јас за 1м2 очи ќе му ископам, не пак да му простам!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom