Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Се ќе беше во ред да не праиме муабет за Македонија, држава каде што над 60% од населението зима по 300-400 евра плата. И тоа за 400 евра повеќето викаат „ќути добра плата е“.
Логички ако се двајца и заработуваат по 400 евра.
800 евра месечно и не е така лошо. Познавам парови каде таткото и мајката на ќерката собирале пари и заштедиле 20-30000 евра.
И им платилја учество за станот, а останатите 15000 евра се на 10-15 години земени кредит и околу 150 евра месечна ќирија. ОД тие 800 ќе им останат 650 евра за трошоци. Е сега не е нешто најнај, ама туркаат вака многу луѓе.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Фини цени овие од Биси, 2к+ евра од м2.
Со камата многу повеќе.

Но, за споредба со оние од 1100-1400 евра м2 се подобри и посредени. Плус паркинг и подрум.

Реално овие треба да се 1400 евра м2, а другите 600-800 евра м2, ама тоа е кога има побарувачка и цената расте.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Јас не би живеел со иселеник во иста зграда макар и станот бил 250 квадрати на водно, подалеку од таквите. Па уште зграда за иселеници, строго Аус Уса, тие од Канада и Шведска вошки да не имаат? :pos:
Освен ИоСоно, него го сакам :love:
Јас не би живеел во зграда на водно од принцип, срамота е што има згради таму.

Освен ако Бене ми е комшија.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Toa што скоро никој не сака да живее во куќа доволно говори за македонскиот менталитет.
До негде искрено ја разбирам потребата за стан поблиску до центар или во урбано подрачје. Ама само до негде.
Ја пред некои 6-7 години гледав за купување куќа во населбата Јака во Илинден. Некои 200 квадрати, голема дневна отворена до кров и голем двор. Да живееш како што треба да живее човек. Е кога бев тогаш патот и инфраструктура не беше направена, немаше пат или тротоар, али муабетот беше “еве само што не сме фрлиле асфалт”. И си реков ај да почекаме година дена да видиме како ќе се одвива оваа работа. Еве сега 7 години подоцна едно парче асфалт не е ставено, една бекатонка не е наместена. Кога врне населбата личи на село од 18ти век. Истата приказна е во делови во Бардовци иако важи за “елитна населба” whatever that means.

Во нормална држава прво се прави план, па се решава инфраструктурата, патот, тротоари или Боже зачувај и велосипедска патека. Се продаваат парцелите и се гради. Во дивуријава тука прво се гради кој како стигне, како успеал да фати парцела во разни форми, после прават план, па решаваат имотни прашања зашто патот поминува на некоја парцела па ветуваат пат и на крај чекаш да се смилуваат и да го реализираат планот, до пред твојата пензија.
Во овој дел ја разбирам потреба да се живее во место со постоечка инфраструктура, блиску до места на движење, поврзано со патишта и булевари.

Е сеа делот бар за мене што не го разбирам. Не разбирам фрлање на 70 илјади евра за стан со големина на кутија за чевли во место кое поради постојани градежни активности е со супстандардни животни услови. Само погледни кај Дебар Маало реонот Кино Карпош до Рузвелтова или кај Универзална или сега најново Васил Ѓоргов од страната на Водно. Тоа повеќе личи на Газа и Рамалах него ли на некое нормално урбано живеење. Уличе за една кола 50 пати прекопано како селска калдрма, тротоар по 30 сантима од двете страни, сите наредени како сардини балкон во балкон, а колата може да си ја паркираш во влез. Посекако не можеш да ја паркираш во ходник зашо новиве станови немаат ходници а трпезарија е измислен поим од некое друго време.

Што најмногу ме смее е фактот дека овие места за живуркање им ги продаваат како суво злато. Знаејќи кои им се трошоците за една зграда, имаат повисока маржа од трговија со дрога. Еден градежник има поголем профит по единица производ него ли дилер на дрога.
Разбирам потреба за живеење и ограничен буџет, ама тие пари да му ги залепиш на некој за шупа со 60% маржа, ми е надвор од памет.

Е сеа има и солиден број што купуваат станови за инвестиција или заштедата ја затвораат така. Ондак станот треба да се гледа како инвестиционо средство и треба да се спореди со други такви средства. Треба да се земе предвид колку пари ќе ти носи од кирија, времето што се губи за наоѓање кираџии, расправање со студентарија, сметки ако ти стои празен. Исто, многу не ја земаат во предвид амортизацијата на станот на паркетот, кујната, тоалетот и се друго, инфлацијата на долг рок, ризикот да изгуби вредност, колку лесно може да го претвориш во пари, итн.

Ретко кој ги зема во предвид тие ствари, туку генералната перцепција е да се купи стан, да се рента за да ја вадиш ратата од кредитот и на коњ си. Сите од Скопје гледаат да купат уште некој стан, а сите што се надвор од Скопје што ги знам или имаат купено стан или ако се докопаат до некои пари прва работа им е да земат станче во Скопје.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Не знам од каде муабетот дека луѓе не сакале у куќа да живеат. Тоа може само некој што цел живот живеел во стан, и не ја осетил разликата. Само што за да земеш куќа во населби во Скопје кој се со добра локација ќе ти треба да дадеш неколку пати повеќе од тоа за стан. А ние па и за еден стан едвај крпиме.
Ја сум израснат во Аеродром и ни на крај памет не ми е да се живеам во Илинден пример или Соње каде што цените за куќа би биле по прифатливи. Истото го мислам и за населбите од северниот дел на градот. Можда дека повеќето сте постари па подрукче гледате на работите.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Што најмногу ме смее е фактот дека овие места за живуркање им ги продаваат како суво злато. Знаејќи кои им се трошоците за една зграда, имаат повисока маржа од трговија со дрога. Еден градежник има поголем профит по единица производ него ли дилер на дрога.
Разбирам потреба за живеење и ограничен буџет, ама тие пари да му ги залепиш на некој за шупа со 60% маржа, ми е надвор од памет.
Не се разликуваат многу, и овие се криминалци само во друга бранша.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Се начекуваат добри станови во Ск,само треба да ти се поклопат коцките(како и за се во животот).
Има многу новопечени инвеститори кои заглавуваат со пари и во зорт ако ги начекаш можеш за "ситни" пари да земеш нешто стварно добро.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
треба и да имаш врски во банкиве да ти каже некој зошто ќе треба да дремеш нонстоп по огласи :D така во Љубљана планирам да направам, му го спасив гзот на еден од НЛБ па да врати услуга и да ми каже некој ако е заглавен, таму цените се оган исто како во Скопје ама барем собите во становите не се ќелии од Гвантанамо.

Очај е ова во Скопје што се случува, да сакаш да купиш стан или распоредот на собите е смешен, или со комшиите си правиш да пукне на тераса или квалитетот на изработка е ОТП во основно :гомце:
Да не зборам дека она со висококатниците кај Холидеј Ин ќе стане Бомбај во мало.
Порано колеги ми се смееја кога викав дека не Ѓорче, во Орман сакам да живеам од што е лудо со пренаселеност, се смееа ама сега полека си доаѓаат на моето.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Со фамилија и деца би седел во куќа надвор од градот ама би сакал и стан во центарот. Вака на тазе 30 години,а не па да сум 26-27 години и да одам Илинден или Орман и да патувам 40 минути до центар каде ми е работа, сите настани, ноќен живот не фала. Ракотинци и тој дел би седел каде што 10 минути ми треба да се спуштам во кисела вода и уште 10-15 до центар па и тоа би размислил. Стан е полесно за одржување, а куќа е буре без дно каде си треба константо одржување и за млад човек не препорачувам. Сеа да сум со жена и деца фала богу би одбрал куќа надвор од урбаната џунгла каде кога ќе дојдам после работа би се релаксирал со работа по двор.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.239
Поени од реакции
5.258
Купувајте каде сакате, но подразмислете ако станува збор за стан/куќа од другата страна на Обединети нации.

p.s знам дека никој не размислува за живеалиште на другата страна oд Камен мост, не мора да го спомнувам.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Купувајте каде сакате, но подразмислете ако станува збор за стан/куќа од другата страна на Обединети нации.

p.s знам дека никој не размислува за живеалиште на другата страна oд Камен мост, не мора да го спомнувам.
Муабетов 30 години го слушам и досаден веќе станува. Куќа кај што беше порано Неуромедика одма купувам да слушнам дека се продава, за разлика од стан или куќа било каде низ Скопје.

Друга работа е што народот од оваа страна на ОН барем знае да се спротистави на глупостите нивни. ;)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Од таа страна на градот не би земал стан само во тие новите згради што ги градат, на излез од Скопје. Инаку другите населби се океј, дури смешно е да кажеш Влае да се избегнува. Сосема различно од северниот дел на градот каде се осеќаш дека си во сирија.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.057
Поени од реакции
12.554
Од таа страна на градот не би земал стан само во тие новите згради што ги градат, на излез од Скопје. Инаку другите населби се океј, дури смешно е да кажеш Влае да се избегнува. Сосема различно од северниот дел на градот каде се осеќаш дека си во сирија.
Само глуп човек може да каже дека влае не е добро место за живеење.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Муабетов 30 години го слушам и досаден веќе станува. Куќа кај што беше порано Неуромедика одма купувам да слушнам дека се продава, за разлика од стан или куќа било каде низ Скопје.

Друга работа е што народот од оваа страна на ОН барем знае да се спротистави на глупостите нивни. ;)
Абе има да се продаваат, само цената им е во плафон. Грубо одат квадрат и повеќе од становите (поради дворот и можност за доградба), што значи тие малечките со гаража се од 85-130м2 (100-150к евра), повисоките ти се и скоро 200м2 што значи и преку 200к евра.

250к евра да ги тропнеш за куќа во Скопје или треба многу лесно да ги вадиш или да си ги добил во наследство :D (комбинаторики да го издаваш спратот се pain in the ass и екстра нервози).
 
Продолжете така штом викаш дека добро се справувате...но најдобар показател за тоа ќе биде само времето, а не нашите кажувања.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Продолжете така штом викаш дека добро се справувате...но најдобар показател за тоа ќе биде само времето, а не нашите кажувања.
Тоа ти го кажувам погоре, 30 години едни исти го ломотите муабетов. Колку време да чекаме, уште 150 години?

Влае/Хром се мерак за фамилијарни луѓе а и за помлади, куќине одма после ОН ми се хит.

Абе има да се продаваат, само цената им е во плафон. Грубо одат квадрат и повеќе од становите (поради дворот и можност за доградба), што значи тие малечките со гаража се од 85-130м2 (100-150к евра), повисоките ти се и скоро 200м2 што значи и преку 200к евра.

250к евра да ги тропнеш за куќа во Скопје или треба многу лесно да ги вадиш или да си ги добил во наследство :D (комбинаторики да го издаваш спратот се pain in the ass и екстра нервози).
Првион линк е она што мислам јас. Ќора сум или нема цена? Да не си прашал ти за цена?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom