Стадиони (EURO 2012 - Полска и Украина)

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Стадиони во Полска:
Warsaw - National Stadium
Националниот стадион во Варшава е изграден на местото на поранешна огромна (една од најголемите) чаршија во градот. Овој стадион ќе биде еден од главните стадиони на EURO 2012 - Полска и Украина.​
Eвропското првенство ќе започне токму на овој стадион. На Националниот Стадион во Варшава ќе се одржи церемонија за отварање на првенството, после која ќе следува и првиот натпревар на првенството помеѓу Полска и Грција (08.06.2012). Покрај овој натпревар, ќе се одиграат и други 2 натпверари од фазата по групи, како и еден четврт финален и полу финален натпревар.​
Објектот гарантира капацитет од комотно сместување на 58.500 гледачи. Стадионот е отворен во средината на Декември во 2011 година.​
Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
  • Poland – Greece (June 8, hour: 18:00 Polish time).​
  • Poland – Russia (June 12, hour: 20:45 Polish time).
  • Greece – Russia (June 16, hour: 20:45 Polish time).
  • Quarterfinal: 1A – 2B (June 21, hour: 20:45 Polish time).
  • Semifinal: 1B/2A – 1D/2C (June 28, hour: 20:45 Polish time).
Wroclaw - Municipal Stadium



Иако нов, овој стадион привлекува големо внимание ширум светот. Конструкцијата на овој модерен стадион започна во Април 2009 година а беше завршена во Септември 2010 година. Отворањето на овој стадион се случи на 10.09.2010 година. Отварањето беше обележано со бокс натпревар помеѓу Томаз Адамек и Витали Кличко.

Стадионот има капацитет од 42.771 гледачи. Сите седишта се прекирени со покрив. Стадионот се карактеризира со феноменално обработен заоблен дизајн. Тука ќе се одиграат 3 натпверави од Европското Првенство 2012.

Натпрверави кои ќе се одиграат на стадионот:
  • Russia – Czech Republic (June 8, hour: 20:45 Polish time).
  • Greece – Czech Republic (June 12, hour: 18:00 Polish time).
  • Czech Republic – Poland (June 18, hour: 20:45 Polish time).
Poznan - City Stadium



Градскиот стадион во Позњан е граден во периодот од 1968 до 1980 година. Подоцна во периодот од 2003 до 2010 година, стадионот е реновиран со цел да се подобри неговиот квалитет и капацитет пред Европското Првенство. На овој стадион играат 2 тима од полската фудбалска лига: Лех Позњан и Варта Позњан.

Стадионот има капацитет од 43,269 седишта. Овој стадион е петти најголем стадион во Полска. Големото отворање на стадионот после неговата конструкција се случи на 20.09.2011 година, и тоа со концерт на Стинг.

На овој стадион ќе се одиграат 3 натпревари, сите од групните натпревари.

Натпверари кои ќе се одиграат на стадионот:
  • Ireland – Croatia (June 10, 20:45 Polish time)
  • Italy – Croatia (June 14, 18:00 Polish time)
  • Italy – Ireland (June 18, 20:45 Polish time)
Gdansk – PGE Arena Gdansk



Гдањск Арената е спортски објект во кој претежно се играат фудбалски натпверари. Фудбалскиот тим Легија Гдањск игра на овој стадион како домаќин. Стадионот е изграден во периодот од 2008 до 2011 година. Има капацитет од 43.615 гледачи, кои можат комотно да се сместат.

Овој стадион се смета за еден од најубавите стадиони во Европа. Отворен е на 14.08.2011 година со пријателски натпверар помеѓу Легија Гдањск и Краковија, кој завршил 1-1.

На овој стадион ќе се одиграат 4 натпверари, 3 од фазата по групи, и еден четврт финален дуел.

Натпверари кои ќе се одиграат на стадионот:
  • Spain – Italy (June 10, hour: 18:00 Polish time).
  • Spain – Ireland (June 14, hour: 20:45 Polish time).
  • Croatia – Spain (June 18, hour: 18:00 Polish time).
  • Quarterfinal: 1B – 2A (June 22, hour: 20:45 Polish time).
Стадиони во Украина:

Kiev - Olympic Stadium



Лоциран во Киев, главниот град на Украина, овој стадион е еден од најголемите во Европа и најголемиот на првенството. Граден, реновиран и отваран повеќекратно, овој спортски објект кој покрај за фудбал, наменет е и за други спортови има капацитет од 70.050 гледачи.

Во овој феноменален објект, се одржувани и многубројни концерти. Имено, на неговото отварање на 09.10.2011 присуствуваше а воедно и настапуваше пеачката Шакира.

Стадионот е опколен со ресторани, барови, продавници и слични простории во кои посетителите ќе можат да уживаат пред или после натпверарите.

На овој стадион ќе се одиграат пет натпревари, од кои еден е и големото финале. Останатите натпревари се 3 од фазите во групи, и еден четврт финален наптревар.

Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
  • Ukraine – Sweden (June 11, hour: 20:45 Polish time).
  • Sweden – England (June 15, hour: 20:45 Polish time).
  • Sweden – France (June 19, hour: 20:45 Polish time).
  • Quaterfinal 1D – 2C (June 24, hour: 18:00 Polish time).
  • Final (July 1, hour: 20:45 Polish time)
Kharkiv – Metalist Stadium



Металист стадионот е повеќенамески спортски објект во Каркив. Во моментов претежно се користи за фудбалски натпревари, и е домашен стадион на ФК Металист Каркив.

Стадионот може да се пофали со богата историја. Отворен е на 12.09.1927 година. Првобитното тогашно име му било Трактор. Стадионот е реновиран во 2009 година, со цел да се подобри неговиот квалитет пред престојното Европско првенство во фудбал во Украина и Полска 3 години подоцна.

Објектот има капацитет од 38.633 гледачи. На овој стадион ќе се одиграат 3 натпревари од фазата по групи.

Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
  • Netherlands – Denmark (June 9, hour: 18:00 Polish time).
  • Netherlands – Germany (June 13, hour: 20:45 Polish time).
  • Portugal – Netherlands (June 17, hour: 20:45 Polish time).
Lviv – Arena Lviv



Овој стадион е наменет стриктно за фудбалски натпревари. Лоциран во Лвив, домашен стадион на ФК Карпати Лвив, овој стадион спаѓа во поновите стадиони во Украина.

Изграден е во периодот од 2008 до 2011 година, во проект кој чинел 211 милиони евра. Церемонијата на отварање на стадионот се случи на 28.10.2011 година. Првиот натпревар одигран на овој стадион е натпреварот помеѓу Украина и Австрија на ден 15.11.2011 година.

Стадионот има капацитет од 34,915 гледачи. На тревникот на овој објект ќе се одиграат 3 натпревари од фазата по групи.

Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
  • Germany – Portugal (June 09, hour: 20:45 Polish time).
  • Denmark – Portugal (June 13, hour: 18:00 Polish time).
  • Denmark – Germany (June 17, hour: 20:45 Polish time).
Donetsk - Donbass Arena



Донбас арената во Доњетск е стадион кој е карактеристичен по својата тревна подлога направена од вистинска трева. Овој стадион е отворен на 29.08.2011 година. Објектот е лоциран во центарот на Доњетск.

Капацитетот на стадионот изнесува одлични 51.504 седишта. Овој стадион е домашен стадион на украински Шахтјор Доњетск, една од најпопуларните украински фудбалски екипи. Во овој објект се случуваат доста музички настани.

На терените на Донбас Арена ќе се одиграат 5 натпревари. 3 од фазата по групи, едно четврт финале и едно полу финале.

Натпревари кои ќе се одиграат на стадионот:
  • France – England (June 11, hour: 18:00 Polish time).
  • Ukraine – France (June 15, hour: 18:00 Polish time).
  • England – Ukraine (June 19, hour: 20:45 Polish time).
  • Quarterfinal 1C – 2D (June 23, hour: 20:45 Polish time).
  • Semifinal 1A/2B – 1C/2D (June 27, hour: 20:45 Polish time).
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Каснеа каснеа, Платини ќе им го земеше за малку, ама па испднаа предобри стадиониве.:cool:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ме претрка мислев да отворам ваква тема :)

Инаку финалето во Киев, според мене најдобриот стадион во Источна Европа. Ако ништо друго од корен го реновираа, во СССР бил и најголем стадион собирал околу 80.000, го намалија капацитетот со реновирањето и беше додатен покривот.
Варшава од корен нов стадион, одлично изгледа преднсот има што нема атлетска патека се ствара бука голема.
Трет најдобар дефинитивно стадионот на Шахтјор во Донетск исто без атлетска патека. Од друга страна стадионите им се одлични посебно на Украина која имаше голема помош од УЕФА да го истера ова Европско ама инфраструктурно се катастрофално поврзани градовите посебно во Украина што е голем минус со оглед и на големината на земјата мислам дека големи проблеми ќе имаат сите што ќе се движат од едно во друго место. Според територијата Украина е поголема и од Германија.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Warsaw - National Stadium
Wroclaw - Municipal Stadium
Poznan - City Stadium
Gdansk – PGE Arena Gdansk







Kiev - Olympic Stadium

Kharkiv – Metalist Stadium
Lviv – Arena Lviv
Donetsk - Donbass Arena
Warsaw - National Stadium
Овој стадион доста кејф ми праи и ми е еден од поубавите.​
Некој да стаи анкета да гласаме?:D
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Доњецк и Киев се лудило од стадиони а како колектив Полска има подобри стадиони од Украина бидејќи сите се од корен новоизградени без атлетски патеки.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Да да,стадионите во Послска се авион во споредба со тие во Укранина.Од ново градени,нема глупи атлетски стази..........јако изгледаат.:D
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.901
Поени од реакции
6.978
Е па Полјаците се нешто побогати па можат да издржат таков финансиски товар за разлика од Украина. Тие од Украина датираат од СССР затоа имаат атлетски патеки (n) али ги оправиле, ги нашминкале, добри се :) Мене најјак ми е тој во Варшава-National Stadium, сепак ново си е ново, а и покрив има :D
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.936



На дискавери гледав како овие два стадиони ги градеа. Под нив ( или под еден од нив) има гаражи и остали чуда. Тревата е носена од Холандија а во текот на зимата ја одржуваа со специјални зрачења и рефлектори. Алал нека им е за стадиониве
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 01:13 ---


А стадионов ако добро видов се затвора од средина па кон трибините. Значи од кај она со мониторот па накај трибините. Исто така поради матријалот на покривот невозможно било да се гледа со сателит нити пак да се користи GPS
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Олимпискиот во Киев најдобар според мене на Европсково и меѓу најдобрите во Европа. :)
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Tipichen stadion od vremeto na SSSR... Ama pak e ubav.. Na vakvi stadioni samo moze da se odigra finale.. Me potsekja na onoj vo Moskva, Luzniki ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom