Српски турист загина во групна тепачка во Охрид

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Српски турист загина во групна тепачка во Охрид




Турист од Србија смртно претепан во групна тепачка во Охрид.

Во масовниот хаос, кој настанал во кабаре Куба Либре Хавана настрадал српскиот гостин, кој заедно со своите пријатели бил на одмор во Охрид.

Според неофицијалните информации немилиот настан се случил околу 3 часот утрово при што расправија во клубот преминала во хорор тепачка надвор, каде биле повредени повеќе лица.

Ударите биле фатални за 34 годишниот белграѓанец, кој починал во охридската болница.

- Во болницата утрово беа донесени две лица. Едниот пациент без знаци на живот со тешки повреди на главата , обдукцијата ќе ги покаже причините за неговата смрт, вели д-р Сашо Василески портпарол на охридската болница. Вториот пациент бил со полесни повреди на главата, после санацијата бил пуштен на домашна нега, соопшти Василески.

Засега не се познати причините за масовната тепачка , ниту дали учесниците користеле оружје или други предмети при тоа. Според информациите до кои дојде Канал 5 полицијата привела дел од учесниците, а по дел сеуште трага.

Сеуште не се потврдува дали крвавата расправија се случила помеѓу две групи српски туристи или во неа учествувале и охриѓани.

За жал ова не е прв инцидент во кој главни актери се туристи од Србија во Охрид.

Минатото лето имаше тепачка помеѓу две групи српски гости во која учесниците поминаа со полесни повреди.

Инаку последниве години токму србите се најбројните гости на брегот на Охридското езеро.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=64178

Socustvo do semejstvoto na nastradaniot.No ova ne e prv pat da ima problemi so srpskite turisti.Za zal seto ova e rezultat na "turbo folk"turizmot koj vo poslednite godini se primenuva Ohrid.Mesto grad na kulturata se pretvori vo grad na turbo folkot i kicot, posledicite se poveke od ocigledni...Za seto ova pisav vo pogorniot post...uste pred desetina dena...
Isto taka mnogu e cudno sto policijata se pojavila tolku kasno, sto sekako e ogromen propust...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.451
Поени од реакции
84.860
На Сител викаат помеѓу две српски групи, на А1 помеѓу домаќинска и српска група.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Се мрдна светот, и порано имаше тепачки за девојка, за маса, за ич ништо, ама немало претепување до смрт.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.860
Поени од реакции
5.716
Се мрдна светот, и порано имаше тепачки за девојка, за маса, за ич ништо, ама немало претепување до смрт.
друже тука си грешка :) порано сите ВОЈНИ започнувале поради девојка :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=23944

Српскиот турист кој рано утрово беше претепан до смрт во центарот на Охрид е Дејан Новаковиќ (34) од Белград, дознава OhridNews. Сведоците на немилиот настан раскажуваат дека момчето било крвнички претепано од десетина лица .

-Момче од чаршијата трчаше во правец кон поштата и викаше хистерично : Полиција! Полиција! Се бркааа и забележав дека еден беше паднат кај поштата и другите луѓе што беа позади него почнаа да го клоцаат. Паднатиот бранејќи се со рацете на главата им викаше: „ Добро људи шта сам вам урадио!“ - Добро луѓе што ви направив!, на што тепачите му возвратија: „Видечеш ти шта си урадио!“ -Ќе видиш што направи! и продолжија силно да го удираат со нозе по главата и телото, по што се оддалечија од местото, раскажува Горан Димитриески, чувар на тезгите во непосредна близина на охридската пошта. Тој прв му пристапил на момчето да му помогне, а по неколку минути пристигнала полицијата и возило на брзата помош.

- Лекарката кажа дека пулсот на момчето е многу слаб по што го ставија во возилото на брзата помош. Подоцна ми кажаа дека тоа починало, вознемирено кажува очевидецот, кој вели дека не го познавал момчето, а не ги знае ниту тие што го тепале.

МВР ги потврди информациите за инцидентот, но не соопшти детали за инволвираните во тепачката. Неофицијално се дознава дека меѓу тепаните гости од Србија има и блиски роднини на лица со висок чин во српската војска.


http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=23936


Едно лице го загуби животот, а неколку се потешко повредени, во масовната тепачка што рано утрово околу 3 часот се случила во центарот на Охрид.

Според првичните непотврдени информации, во тепачката во која учествувале повеќе лица до смрт бил претепан 30 годишен турист од Белград -Србија.

Како што дознава OhridNews, двете групи биле во ноќниот клуб „Хавана“, каде дошло до кошкање, по што пресметката продолжила надвор од кабарето. По бркотницата во центарот на градот тепачката кулминирала во непосредна близина на поштата, каде смртно настрадал еден од учесниците во тепачката. МВР информираше дека две лица повредени во тепачката биле пренесени во охридската општа болница, но дека едното на пат кон таму им подлегнало на повредите. Другото лице според информациите на лекарите по укажаната интервенција е пуштено од болница.

Во охридската полицијата утрово на информативен разговор биле повикани триесетина лица, дел учесници во тепачката, а дел очевидци. Се преземаат мерки за расветлување на трагичниот инцидент.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
На Сител викаат помеѓу две српски групи, на А1 помеѓу домаќинска и српска група.
Уште неофицијално, нема податок кои биле напаѓачите дали Македонци или Срби, а на А1 ВЕЌЕ 30 коментари , плукање по Охрид и полицијата и све што е Македонско :tapp:

На веб сајтот на РТС нигде не пишува дека Македонци биле,него дека е најверојатно тепачка меѓу Српски групи
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
А да почекаме официјално да се каже што како , дека јас разбрав дека тепачката настанала помеѓу црногорци и срби. Така да доста е вадење муабети. Чекаме официјално
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Од Охрид НИКОГАШ ама НИКОГАШ нема да биде озбилна туристичка дестинација, потоа зошто никој не ни доаѓа на туризам епа самите си го бараме :tapp: Лани ги удавивте бугарите сега ги убивате србите, изгледа само албанците можат слободно да се шетаат по македонија
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
сега имаше на а1 вести тоа според шпекулациите бил ообезбедувањето на клубот каде туристире се забавувале и у таа гужва некој турнал некоја девојка која одма ја преувеличила работата им кажала на набилданите моци од обезбедувањето и после туркање вреѓање настанал тежок инцидент.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Спокоjно бре дечки,стануват инциденти...това е нормална работа.
Не е убаво некоj млад да изгуби живот,но... мора да се внимава. Жалене до семеjството му.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Спокоjно бре дечки,стануват инциденти...това е нормална работа.
Не е убаво некоj млад да изгуби живот,но... мора да се внимава. Жалене до семеjството му.

жално ќе биде ако навистина било вмешано обезбдувањето и исто така жално ќе биде и да не бил овмешано обезбедувањето а негова рабоа е да спречи инциденти и да ги ифрли таквите кои што го прават тоа. Само кај нас во македонија обезбедувањето малтретира гости и не ги решава проблемите туку ги прави.

Јас сум бил во странство и сум видел како таму обезбедувањето ги исфрла тие што претеруваат а фина кон сите други гости. Во странство се оди на курс з аобезбедување се учат психолошки работи кај луѓето, а најважна од се било да се научи како да се смири расправијата а не да се разгори. А кај анс се вработуваат деликвенти и епачи за обезбедување на дискотеки и клубови епа што сакате тогаш од професионлизам и затоа вакви инцеденти ќе има и понатаму.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.447
Поени од реакции
6.125
Нема 10 дена а две тепачки во Хавана...
Мање битно што дечкото бил србин,можело да биде кој било друг а и на крај краева мене ми беше омилена дискотека во охридов последно време ...и мислам озбилна е темава а не еден србин помалце или од страна на некои срби што пцујат ...али сума сумарум СРАМОТА,највеќе за тие што не ја спречиле.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Според информациите до кои дојде Канал 5, кавгата започнала меѓу гости од Србија, но поради напад на сопственикот на локалот , во неа се вклучиле и охриѓани по што таа преминала во неконтролирано насилство.

Неофицијално во крвавата агресија со трагичен крај учествувало и дел од обезбедувањето и други гости во клубот.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=64178
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
работава е сви смо се гурали
 

Kajgana Shop

На врв Bottom