4th Sept. 1972 : U.S. Swimmer Mark Spitz wins a record seventh gold medal at the 1972 Summer Olympics in Munich.
27 години подоцна... :icon_cool
Рекордерке најдрага! Денес е специјален ден. На овој ден пред 18 години, се роди едно бебе, кое денес на сите ни е најдраго и намило! Сакам да ти го честитам роденденот и што и да ти посакам нема да биде доволно, затоа што ти го заслужуваш најдоброто од најдоброто! Затоа само ќе кажам дека ти посакувам најмногу здравје, највеќе љубов, највеќе среќа! Секој ден и секое утро да ти биде поубаво од претходното! Да ги срушиш сите рекорди, да отидеш на Олимпијада... само најубави моменти! И секогаш, ама секогаш да го имаш тој твој посебен победнички дух и насмевка со која ни го разубавуваш денот на сите!
Гушка најголема лепото! Најсреќен роденден од срце! Ај лав ју мај систер! :srce::srce::srce::srce::srce::srce::srce::srce:
Фала ти премногу систер и за подарокот и за напорите што си ги направила за да ја отвориш темава
Знаеш колку те сакам
Среќен роденден Фрос, голема да растиш, многу успеси на пливачките патеки, како и во сите други сфери во животот. За возачка да положиш, и така натака.
Cheers. :back:
I am on my way
Thanks.
Фросина ај најсреќен роденден ... (а вие двајцата далаверџии погоре ќе видите што ќе ви направам:nenene
Уште повеќе рекорди да ни собориш ... остатокот од честититките лично ќе ти ги врачам :back::smir::back:
Aјде, чекам
Јес, сега е полнолетна :zlo:
Среќен роденден!
:pos2: Ме изнасмеа. Фала ти и на тебе :back:
Фросе, среќен роденден!
Сега можеш да постираш во темите на леандра заштитени со возраст!
Туку, ај да се вратам на честитките: успех на секое поле, па следно вака да се частиме за возачка! :je:
И да ги лакираме заедно ноктите на блок математика.
И да се сакаме како до сега.
И да те гушкам утре многу! <33
Уште еднаш, среќен роденден, те сакам највеќе ретардо моја! -ретард
Првиот болд: Уште од денес ќе почнам
, a вториот болд, малку морген
Фросе, среќен роденден, сè најубаво, многу здравје, среќа, љубов и остало... И секако ти посакувам голем успех во пливањето, да бутнеш уште многу рекорди,
а и да си дочекаме уште многу титули на Манчестер!
BELIEVE
срекен роденден а и едно вакво не ке ти дојде лошо некад
Не добро, одлично ќе биде. Ти благодарам и на тебе :back:
Welcome to the world of the grownups Фросе, иако верувам дека веќе одамна го чекориш тој пат. Ќе ти посакам сето она за што се бориш да го доживееш во полн ек, успесите да те пратат како и на професионален така и на приватен план, да си ја чуваш љубовта кон она што те прави среќна, а ако не ја имаш досега пронајдено, да ја трагаш со помалку солзи а повеќе насмевка. Среќен роденден
Мило ми е што сум ти оставила таков впечаток. Благодарам за искрените честитки.
Нема везе, јас спремив тема за во 23:45 синоќа, ама од инат не ја отворив! Ха Ха!
Полнолецфо...мераци
Си знајш ти шо ти посаквам (ваљда).
:smir:
Знам што ми посакуваш, само најубаво
Епи бе брдеј
ааа сега си и полнолетна.... сега го привлече внимението на чичко Лет....
:pos2: Фала чичко Лет
Незнам што ти честитаат? Возрасниот свет е досаден. Duuuh.
Среќен роденден. Една година не менува многу. Чувај си детето во себе. (нормално, не мислам literally
)
Годините се само бројка. Детето во тебе никогаш не умира, секој човек си го наоѓа тоа дете во себе кога ќе сака.
Фала многу.
среќен роденден за најдобриот спортски модератор...кажи им фала на мама и тато(од мене) што пред 18 години и 9 месеци направиле нешто убаво за доброто на светот
Благодарам Аце, ќе им пренесам
aaaw, имаш еден од најдобрите датуми во годината за роденден! Речиси најдобриот
Среќен 18 роденден, се што сакаш да ти се исполни, и да бидеш многу среќна! :smir: Не ми текнува ништо подобро :/ Во секој случај, се најубаво! (А)
Демек 5.9 подобра дата ќе беше? :icon_cool амУри, и песна има за 4.9 xD Фала Кики, па од другата година здравје Боже колешки ќе станеме
И од мене Ваит, нека ти е среч-но! :back:
:pos2::pos2::pos2: Честитка на годината.
Дечки и девојки, ви благодарам и на другите за искрените честитки и на тие што ќе ми честитаат, да сте ми живи и здрави и сиве овие убави работи што ми ги посакавте од се` срце да ви се вратат дупло во фамилијата, па само за убаво да се гледаме. Ве сакам :back: