Албин Курти вечерва во едно обраќање повтори дека неговата Влада падна поради брз договор за распарчување на територии, а кој нема да помине со него како премиер.
Србија веќе 2-3 години бара разграничување со албанците, на пример во едно обраќање пред новинари Вучиќ има речено дека ако нема разграничување, за 40 години во опасност ќе биде градот Врање (алудирајќи дека ќе го добијат албанците), за потоа во друго обраќање да се исправи и да каже дека не за 40, туку за 20 години би се случило тоа.
За разграничување за залагаат и останатите владини политичари, меѓу кои и пиунот на Милошевиќ, Дачиќ, како и овој ненормалниот министер за одбрана Вулин.
Некогаш српските политичари нудеа широка автономија, па ни тогаш не биле толку убедливи како сега дека разграничувањето е решението, па дури жалат што можеби овој договор со албанците нема да биде постигнат, и дека не добива подршка од некои европски држави како и од српскиот народ.