Србија и Косово начелно постигнаа договор (update: на сила ги тераат Србите да гласаат)

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
И што сега? Србите на косово рекоа дека не го прифаќаат договорот, педериве државни се прават мутави... Баш ме интересира што ќе направат кога ќе тргне племено горе да го спроведува договорот, а србиве нормално ќе мора да пружат отпор (се надевам оружен), ќе ги остават на цедило да ги убијат сите или ќе прават прес конфернции да ги убедуваат сите дека и не е толку лоша состојбата... Стварно не ми се верува дека вакви гадови може да ебат пола од балканскиве држави, бре! :tapp: :mad::mad::mad:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Србија влегува во граѓанска војна, тоа е секогаш така кога се курваш со националните интереси.
Уф, не е така секогаш.
Сосема случајно ми падна на ум една земја, во која не изби граѓанска војна, иако според твоево писание, требаше да избие уште пред дваесетина години и до сега, едно петнаесет пати (да де, заради курвање со националните интереси)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073

А војните во деведесетите ?
 
noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Ова само докажува дека стварно немаш појма шо зборвиш
Јас сватив уште во првиот пост дека човекот збори за Македонија, ама ти изгледа не свати :свиркам:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Убо де ако е за Mакедонија тогаш шо праеа браќава на кале во тетово 2001 ? Дан беа на пикник ? :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Убо де ако е за Mакедонија тогаш шо праеа браќава на кале во тетово 2001 ? Дан беа на пикник ? :)
Зборевме за друг тип на граѓанска војна, ај поназад врати се и прочитај.
Граѓанска војна која требаше да избие истиот момент кога Бранко, онака еднорачно, без никој да праша реши да не куртули од националните обележја на симболите на државата (знамето). Од тука натаму, имаше милион и една причина да избие граѓанска војна, ама Македонецот е упорен во своето безрбетништво.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Македонецот е во специјална ситуација, имаш соседи кои го негираат, имаш малцинство кое работи на сецесија и позади Македонецот не стои ниту една голема сила.
Македонецот влезе во Собрание на РМ кога ја сопреа воената акција во Арачиново.
Бев на портите кога народот бараше генерал да ја земе власта.
Го искршија мерцедесот на Љубе Бошковски, калашникови пукаа пред Собраните итн.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Вистински патриотизам е да постигнеш компромис,Србија мораше да се договори со Косово,макар што не значи дека договорот е предавство, баш напротив со тоа се докажува дека во Србија почна да владее европскиот разум,во времето Германија војуваше со цела Европа,но дојде денот кога сите се соединија и станаа Европска Унија, инаку Косово никогаш нема да влезе во ООН,договорот е по штетен за косовските албанци отколку за србите,Хашим Тачи е критикуван од националистите во Косово бидејки во договорот пишува дека Косово нема да влезе во ООН и дека Косовска Митровица останува на српското население,а инаку Косово нема да добие никакво меѓународно признание како резултат на потпишувањето на договорот од Брисел.

Ево и порашниот британскиот амбасадор во Белград каква анализа дава за Косово.
Британски дипломат: Косово се претвора во Палестина

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=127030&kategorija=5
 
M

Muranyi

Гостин

Сорос,доста какаш.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Искрено верував во Дачиќ и Вучиќ, ама после ова ги сметам за предавници, како и да е Косово е тоа што е, срцето ме боли кога ке размислам таму се што се случувало и што правеле мои прадедовци против моќната Отоманска империја и како се бореле, а овие кловнови де факто Косово го признаваат како тоа да е нивна приватна сопственост, во секој случај интересите се менувале, политичката и воена моќ исто така се менува од време до време, и пак ке кажам дали за 10, 20,30 години, на Косово пак ке има војна, луѓето таму иако се со послаб капацитет и интелектуално ниво ке им скурчи и нема да можат да издржат во беда и мизерија и некој тоа ке го искористи, е сега како ке се снајдат едните и другите тоа ке видиме, Србите се свесни за својата историја и моментално во секој момент за Косово можат да се регрутираат преку 100000 Срби, а замисли кога би имале подршка од поголемите сили што би се случувало, а таа подршка се создава преку интереси, а интереси се менуваат, така да Косово без разлика на овој договор ке остане црна дупка на европа и извор на криминал!
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Искрено верував во Дачиќ и Вучиќ, ама после ова ги сметам за предавници....
Одамна локалните политичари не водат политика, туку цупкаат како ќе им кажат од страна. Мислам дека во ист пропаганден пакет сме врзани со Србија. Кај нас е овој патриотов (предавник) бетониран на власт, мачка со разни дебилни споменици, а од другата страна на Вардар за име не му се знае, додека во Србија на големо изненадување на сите, на радикалите после толку време им беше овозможено да оформат влада (па уште со Дачиќ на чело). Во Србија потешко проаѓа ваков споменички „патриотизам“, ама затоа секогаш се актуелни Косово и Босна кога треба „да се покаже кој е маж“. Тешко би било Тадиќ или БЦ да ги праат овие „големи“ потези, затоа што кај голем дел од населението се прифатени како лесно поткуплива стока, предавници исл. (што и не е баш далеку од вистината)...

Идејата на европјаните е да ги држат на власт во двете земји популарниве политичари и нив да ги натераат да ги напраат најголемите отстапки, веројатно за да има што е можно помали внатрешни немири, па и војна (да не претерувам)....затоа и се толку млаки во критикувањето на таканаречената демократија во земјава, непостоењето на слободен медиум, фалсификувани избори итн.
Ме чуди што многу луѓе се изненадени од договоров. Наредна фаза ќе биде северот на Косово, а србите јужно од Ибар ќе треба да си бараат чаре.
Тоа што е за очекување е многу скоро мечката пред наша врата да затропа и да не решат по сите „прашања“....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom