Ти најверојатно и не си го прочитал текстот за кој си отворил тема, него ај ќе пробам да ти објаснам, па колку разбереш...разбереш
Целта на ова информација која проструи деновиве во провладините медиуми Канал 5 и Нова Македонија, е по секоја цена таканаречените прогнози на таканаречениот Руски аналитичар да се поврзат со "лошата и зла" опозиција која посакува распарчување на Македонија.
Но авторката на колумната Емилија Гелева, тоа го направила на многу провиден, беден и тенденциозен начин.
Најинтересно во цела ова ситуација е тоа што вие овде, скоро никогаш не ја коментирате информацијата туку медиумот од кој излегла таа, надевајќи се дека тоа е токму еден од низата "предавнички медиуми" од вашата листа.
Затоа и следеше прашањето од Славјански -
Кој го пере нашиот мозок ?
Затоа и твојот одговор беше
- треба на А1 да оди за да е вистина.
Откако увидовте дека сте во заблуда, веднаш ја спуштивте топката.
Значи сеа идеме во ситуација во која нема на кого и врз кого да плукате, од причина што мозокот не ви го трујат ниту предавниците од А1 ниту предавниците од Алфа, туку лично и персонално патриотите од Канал 5 и Нова Македонија.
Смешно
Доказ за ова што го пишувам е и постот на @Goran_Makedon кој стои над овој.