Срам

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Секој НОРМАЛЕН човек има срам,но некој помалку,некој повеќе,затоа велиме за некој дека се срамежливи,некој пак дека се по опуштени,а пак некој дека немаат ,,НИ СРАМ,НИ ПЕРДЕ,,
Јас лично не сум срамежлива личност,опуштена сум,лесно започнувам муабет,но за некој глупости мие срам!
Ми е срам на продавачката во бутик да и кажам дека тоа што ми го нуди дека не ми се допача,па затоа најчесто велам-Ај,ќе видам,ќе разгледам!
Или пак ми е срам ако некој ми понуди каталог од авон или орифлем,а да не нарачам нишо,незнам за такви ситници само!:toe:
 

I am a bastard!

God Save The Queen
Член од
18 септември 2008
Мислења
94
Поени од реакции
8
Сфатив дека

МАРС=СРАМ

Нешто обратно и за мене и неистражено. Немам срам едноставно и тоа е то :) Искажување почит да и сите тие „протоколи“. Ама срам, од што?! Некој да ме оцени погрешно. Секој може да те оцени погрешно колку и да се срамиш. И за тоа ќе те оценат дека премногу се срамиш.
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Е пред 6 години имав таков срам што ниту излегував кога ке дојдеше некој кај моите, ниту знаев муабет да направам на телефон ниту па у живо ми се правеше муабет е од тој пусти срам.Ке се поцрвенев целата и у бестрага оди се.

Е сега веке тој проблем го немам ФАЛА му на господа сега ич не и чуе ама за ништо, сега што би рекле постариве...оперирана сум од срам:pos2:
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Јас сум оперирана од срам... Изгледа операцијата била по грешка па трпам некој последици...
За ништо не се срамам
Ама се шо е претерано не чини
Си добивам нон стоп критики за то.. ама едноставно то е карактер и не можам да го сменам
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Se potat dlankite, se vcrvuvaat obravcinjata i kolku i da napregas mozocni kelii za da izustis makar i zbor ti svetka crvenko pred oci deka se OUT OF ORDER! Poznato cuvstvo!
Ne se soglasuvam bas deka sramot e rezultat na nedostatok od samodoverba!Skoro site kazavte deka ste sramezlivi vo odredeni situacii kako vrakanje rasipan proizvod vo prodavnica, karanje so tetkata koja ke vi zastane pred vas dodeka fino i trpelivo cekate red vo apteka ili na doktor itn. Mene od takt me vadat tetkite sto rabotat na avtobuska vo Veles pa i onie vo metropolana ne se poarni ama ete od pusti sram nikogas ne sum iskomentirala nisto! E sega ne sum nacisto so sebe dali e toa sramot koj me tera da se vozdrzam od reakcii vo vakvi situacii ili pak e samo nacinot na koj mama i tato me vospitale da bidam trpeliva i kulturna so lugeto okolu mene! Moram da si priznaam deka mnogu mi e sram na telefon koga treba da se javam vo nekoja institucija ili pak kaj nekoj koj ne go poznavam. Obicno lugeto se poopusteni koga ne razgovaraat vo 4 oci ama ete ima i isklucoci kako mene za koi sekako postojat vakvi forumi na koi bez sram i perde mozam da si ja ispraznam dusickava bez nikoj da mi go slusa treperliviot gals:)
Koga stanuva zbor za zapoznavanje luge i pocnuvanje razgovor so strangers on the streets posle ovie dva meseci vo tugina jabana ama ic ne mi e sram. Samo treba da i veruvas na svojata intuicija i da gi odberes pravilnite zborovi, malku eye contact i svetot ti stanuva poubav a dusata pobogata:pipi:
Mislam deka poveke e strav od toa kako nie ke se pretstavime pred okolinata i kako taa ke ne prifati i normalno dali ke ja odobri nasata reakcija ili ne...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
По мене се срамиш ако треснеш некоја глупост , те фатат во лага , не си направил како си ветил . Додека срамежливоста мислам дека е карактерна особина на човекот ,колку е комуникативен, како се снаоѓа во непозната средина ,колку има самодоверба и сл. Јас за себе можам да кажам дека сум срамежлива особено со непознати ,додека откако ќе се запознаам се менуваат работите и срамежливоста ја снемува.
 
Член од
18 август 2008
Мислења
156
Поени од реакции
14
Многу важен сегмент од учењето на Сократ е ,,гласот на совеста,, а тоа не е ништо друго туку срамот.
Значи, срамот е важна етичка особина. Човек кој во себе има доза на срам е морална личност.
А, зошто се јавува срамот како таков?...ете јас на пример вака гледам на тоа.......од Вас се очекува некоја работа да ја завршите....или било каков и да е вложен труд....и вие се наоѓате пред некое искушение како тоа ќе го завршите....и што другите очекуваат од вас?!.....доколку она што го работите е добро завршено....и од сите добиете пофалби.....вие се чувствувате гордо....и имате едно убаво чувство на исполнетост......но што кога е обратно?!.......по мое тогаш би требало да настапи срамот.......и на тој начин.....значи срамот сам по себе како одлика го оправдува она за што не сте успеале....а доколку срамот не е дел од вас......е веќе тогаш станува збор за една подруга личност.....за каква што на овој пост нема да пишувам......
 

mile_panikaaa

Нормален
Член од
28 април 2008
Мислења
348
Поени од реакции
9
За мене важи само тоа прашање ШО Е ТОА СРАМ!? пошо од нишо не се срамам неам ни потреба глупо е тоа заради тој срам губиш многу.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Колку важно чувство е срамот кај човекот?
Колку тоа што го имаме или немаме, допринесува да сме такви какви што сме?
Дали е добро или лошо да се има? Влијае повеќе позитивно или негативно на нас?
Дали ви се случило некогаш од срам да одбиете, да направите некоја работа која не сте сакале? Или пак од срам да направите нешто, сте го одбиле тоа? Според тоа, би го споредиле понекогаш со храброста?

Имате ли воопшто срам?
Ако да, постојано го имате или само понекогаш и за одредени работи?
Ако не, како е да се живее без срам?

Дали срамот е пресуден за начинот на живеење? Дали е пресуден за слободата кај луѓето, за однесувањето, за работењето, за сакањето ... ?
Срамот е една помалку негативна особина,, и според мене и за мене повеќе влијае негативно отколку позитивно,, но секако зависи од дадениот случај.. Неубаво е и да не се поседува оваа особина во случаи кога навистина се преминува нормалата,, па тогаш е ептен негативно или вулгарно.. Да,, би можела да го споредам со храброста затоа што кога се срамиме да направиме нешто ние всушност од таа причина и немаме храброст да го направиме тоа...И да,,сум одбила и сум правела работи кои не ги сакам односно имало случаи кога сум испуштала шанси за нешто што сум го сакала,,поради што и оваа особина не си карактеризирам како позитивна..но сепак како и секој човек и јас ја поседувам оваа особина во нормални граници.. Не верувам дека е пресуден за некои важни работи во животот.. Го немам постојано туку само во одредени ситуации,,А искрено незнам што значи да се живее без срам,,зошто едноставно не сум од таквите :pipi:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Од срам имам дома еден куп скинати и расипани работи. Од срам сум останувала гладна и жедна. Од срам сум останала недоизјасната, сум се повлекувала од многу нешта и сум се нервирала за многу ненаправени работи. За да не се усрамам сум правела работи кои биле донекаде против моја желба.
До некој степен мислам дека е позитивна карактеристика. Кога се има срам, човек поретко може да испадне смешен, чуден, лош... Но секогаш да е до некоја нормална граница и да не ја преминува таа линија. Претераниот срам како мојот, често знае и негативно да делува. Значи како таков може да влијае лошо на секое поле од животот, со што многу потешко се живее и напредува. Кога го има премногу, а и кога го нема воопшто.
А во врска со срамот и самодовербата ... не мислам дека се секогаш тесно поврзани, но често да. Ако некоја девојка е крупна, би се срамела да облече кратка сукњичка. Ако некој човек се смета за помалку паметен, би се срамел да разговара со секој кој е попаметен од него итн. Секој со мала самодоверба е човек со голема доза срам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: uma

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Срам можам да чувствувам само пред некој кој го сметам за подобар од мене.
А, како што пишав во една друга тема предмалку, веќе извесен период ги гледам луѓето како поедаднкво траги-комични фигури, ни подобри ни полоши од мене, па аналогно не ни можат да направат да чувствувам срам.
Единствено што ме ограничува се законските норми и човечката немоќ. Се друго ми е бла, бла, бла.
 
С

Сатори

Гостин
Кога свесно ги повлекувам потезите во мојата шаховска табла и многу добро знам каков ќе биде исходот, дали ќе изгубам коњ или крал, немам потреба од чувство на срам.
Никогаш не сум била фан на прекривање на сопствените мани и недостатоци само за да се склопам складно во сликата и да ја избегнам емоционалната тортура на која што можеби општеството со помош на срамот ќе ме подложи.
Катастрофално гледиште.

Ако некој има било каква свесност во себе, нема да има потреба од дополнителни контролни емоции за да ги држат јажињата, а срамот е токму едно од нив.
Кога се срамиш од своите постапки, се срамиш од себеси.
Зарем може да има поголема трагедија од таа?
Не верувам.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Имам извесен срам, и криво ми е поради тоа. Можам да потврдам дека поради срам не сум направил многу работи и многу ми е криво. Сфатив дека ако направиш нешто и згрешиш е многу подобро отколку ако не го направиш тоа. Па затоа се трудам тој срам да го искоренам.
 

DDvl

Иден Психијатар
Член од
13 април 2008
Мислења
166
Поени од реакции
2
Абе шо знам ... како помал беф срамежлив ... али у нормална доза ... Сеа па и не сум баш многу ... али си иам ситуации ... х)
Него срамежливоста е прилично важна само во некои нормални граници зашто не запира да правиме глупости на сред улица ... ама па премногу срамежливост па и тоа не е добро бидејќи ќе пропуштиме многу добри работи ... за кои потоа ке се каеме ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom