Споредба на македонските интернет пакети

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Со излегувањето на новите пакети од сите поголеми провајдери дојде време да се направи мала споредба.. засега само "на хартија", зашто рано е за практична споредба. Земени се најјаките пакети за физички лица од секој провајдер.

Напомена: Технички, сите пакети нудат неограничен интернет во однос на тоа колку може да се симне.. нема одредена граница после која провајдерите "ја затвораат славината" (со жаргон на ОнНет).


Роби (Телекабел, Теленет, МОБИ..):
  • БРЗИНА: 4096/512 Kb до 3 GB, 2048/512 Kb до 6 GB, 1024/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: нема временски ограничен договор
  • ОПРЕМА: кабелски модем Motorola Surfboard (5100Е/5101E), купен или од ТК (2000 ден.) или од друго место
  • СИГУРНОСТ: далеку поголема сигурност од останатите - нема username/password (нема можност за крадење интернет)
  • ЦЕНА: 1500 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: по 3 IP адреси на секој модем (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare); upload не се брои (одлично за торенти)
МТ-Нет:
  • БРЗИНА: 2048/256 Kb до 100 GB, 64/64 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година или на неопределено време
  • ОПРЕМА: DSL модем од МТ (1800 ден.) или од друго место
  • СИГУРНОСТ: username/password, голема можност за крадење на интернет од страна на останати корисници
  • ЦЕНА: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare)
ОнНет:
  • БРЗИНА: 2048/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година
  • ОПРЕМА: бесплатен DSL модем од ОнНет или од друго место
  • СИГУРНОСТ: username/password, голема можност за крадење на интернет од страна на останати корисници
  • ЦЕНА: 1758 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare); доплаќање 106 ден./1 GB над 100 GB (нема намалување на брзина)
Ај сега малку математика.. ако се земат максималните теоретски брзини, под претпоставка дека има пуштено download 24/7 и врската не паѓа ниту една секунда (за ТК не се смета upload во лимитите, ама тука е земен):


Роби (Телекабел, Теленет, МОБИ..):
  • Вкупен максимален теоретски проток: 4608 Kb (576 KB/s), 2304 Kb (288 KB/s), 1280 Kb (160 KB/s)
  • Трошење на лимитот (3 GB/6 GB) со соодветната брзина за: 1.5 h/3 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 392 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 398 GB
  • Цена: 1500 ден.
МТ-Нет
  • Вкупен максимален теоретски проток: 2304 Kb (288 KB/s), 128 Kb (16 KB/s)
  • Трошење на лимитот (100 GB) со соодветната брзина за: 101 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 34 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 134 GB
  • Цена: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година
ОнНет
  • Вкупен максимален теоретски проток: 2304 Kb (288KB/s)
  • Трошење на лимитот (101 GB) со соодветната брзина за: 102 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 610 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 711 GB
  • Цена: 1758 ден. + 64660 ден. доплаќање за останатите 610GB
Да повторам уште еднаш - ова е ако се остави компјутерот уклучен 24/7 и конекцијата се искористува до последниот бит цело тоа време. Вредностите погоре се само теоретски и се разликуваат од практичните вредности (дали многу или малку зависи од провајдерот).

Читнете, размислете, пресметајте и сами, па на кој како му одговара..


Ако на некој случајно му текне да го стави горенапишаното на некој блог/сајт/форум, прво нека прати порака..
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Интересна анализа, дава друг поглед на понудата и може да се видат разликите од поголема дистанца, за разлика кога се гледаат од поблиску одноано строго замо дадените пакети.
Јас се надевам дека секој си ја прави сличната математика со тоа што ја адаптира кон своите потреби, па од таму одлучува од когао за зема интернет.
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
39
Поени од реакции
0
Единствено имам една молба. Корисниците на Телекабел по 1-2 месеци да ја посетат оваа дискусија и да потврдат

1) дека намалувањето на брзината е според рекламираното
2) дека никој не им направил проблем што симнале 400ГБ
3) дека брзината не варирала драстично
4) дека достапноста била поголема од 99%
5) дека не се филтирани определени портови

Чисто информативно, дали единствен услов е рекламираниот, или сепак постои Fair Use Policy.
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
1. По ново ке видиме како е, на 3гига ме спуштија од 4 на 2 мегабита, а од 7.6 гига негде сум на 1 мегабит. Дали ке остане така до крајот на месецот ке видиме. Иначе по старо беше 512к после 25 гига и 384к после 50 гига.
2. Редовно имам над 80 гига месечно.
3. Брзината знае да варира во првите 3 дена од месецот, коа се препуцаваат сите со вратоломни брзини, јас на пр секој први у месецот симињам по 6-7 гига. Остатокот на месецот е топ.
4. Од ноември па навака ми паднал нетот само 2 пати, првиот пат ме одјебаа коа им се јавив, вториот пат фино и културно ме услужија и ми ги дадоа потребните информации. Значи комотно 99%+.
5. Јок, не ми се десило до сеа да не ми отвори некој сајт или пак да ме одјебе на некој P2P програм, ниту пак било какви цензури. Све е достапно.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Реално не може да се направат 400 GB на ТК, дури ни теоретски (максимумот е 398 :)). 120-200 GB - без проблем.. во август направив 111 GB само од торенти, а замисли да имаш premium account од, да речеме, rapidshare, или пристап до некој друг сајт/сервер од каде би цицал со полна брзина..

Другото го кажа Sephiroth.
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
39
Поени од реакции
0
ок можете да се сложите а може и не, но јас би заклучил дека добиваш слична вредност и од телекабел и од мтнет.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
А јас пак не би се согласил со таа изјава.. ако си просечен корисник, ТК е поевтин и нема договор. Ако си "сериозен сркач", ТК е поевтин, нема договор и може да "се исрка" многу повеќе отколку преку МТ.

И не, не примам плата од ниеден провајдер.. ова како превентива, зашто секогаш има такви муабети.
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
39
Поени од реакции
0
не е точно дека ТК е поевтин.

2 гб = 499
3 гб = 599
10 гб = 999

(+ ддв)

кои се цените на ТК???
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Друже неможеш да го споредуваш телекабел со овие два оператора на ниво на Македонија.
Колку и да се добри ТК, а одлични се колку што иам пробано, сепак се маалски оператор. Сега за сега го немаат ни цело Скопје покриено, а камоли Македонија.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Кога пишувам ТК, мислам Роби.. во скоро секој поголем град има барем по една кабелска. Ама да, пак не е цела Македонија.
 

neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Кога пишувам ТК, мислам Роби.. во скоро секој поголем град има барем по една кабелска. Ама да, пак не е цела Македонија.
точно дека има, само разликата од аеродром-тк и бивша зора, сега кејблтел во карпош кај што сум јас е огромна
штета што тк неможат/несакаат да пуштат оптика низ цело ск
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Браво П.Овердрајв!!!

Имаш огромен плус за анализава ....

Во врска со фактот дали треба да се вклучат и другите кабелски - па можеби откако ќе ги видиме официјални на Кејблтел ... бидејки на 3 разлицни инфо канали на 3 поранечни кабелски оепратори кои сега се дел од големото семојство Кејблтел видов различни понуди за интернет (некои многу нералани, некои копии на вече постојните), а истото гледа ме и со квалитетот на услугите ...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Во овој пресек на цени и понуди, мора да се напомене, дека техничката подршка на Онет не е бесплатна, и посебно битно за тие што се надовор од Скопје и 'обожаваат' да ја слушаат 'always look at bright side of life' ќе треба да платат 3 денари за минута.

Денеска ми појдоа пола сат за техничка подршка кај Онет, тоа е некаде 90 денари без ДДВ.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
точно дека има, само разликата од аеродром-тк и бивша зора, сега кејблтел во карпош кај што сум јас е огромна
штета што тк неможат/несакаат да пуштат оптика низ цело ск
Моја грешка, погрешно се изразив во претходното мислење.. не алудирав на тоа дека во секој град има кабелска телевизија, туку дека во повеќе градови има кабелски телевизии во сопственост на Роби (ги има на сајтот на Роби или ТК мислам), со тоа што сите интернет пакети се исти. Значи истата таа споредба горе важи и за Штип, Битола, Свети Николе..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom