Тито беше Маршал и Доживотен претседател на СФРЈ(тоа дочекот во С.Кореја..ЧУДО!!)башка помошта за африка+друштвото на неврзаните.
Тоше беше Пејач.
Како и да е и кој и да е...пак сликање пред ГРОБ не оди.
Нека направат споменик настрана и таму нека се сликаат(и така сега една шмизла доби споменик зоште де тоше да не добие..да да и просјакот го заборавив,и бикот...има ли уште..хмм..туку што раса е тоа кученцето на шмизлата??)
ама баш
маршал и пејач ли ќе споредуваме
Тито некој погоре кажа дека сепак бил со светска слава и колку и да го величиме Тоше неможе да го стигне Тито.
Исто ме нервира што истите тие до вчера што го правеа педер, тапа пејач, незнам што све не сега највеќе го сакаат и најголеми фанови му се.
Некој спомна споменик. Во ред е тоа ама дали неговите најблиски би се сложиле? Не верувам дека некоја мајка сака на гробот или споменикот на нејзиното чедо некој да се слика и потоа да се фали.
05 декември 2006.....................Ивица Антески
Јосип Броз Тито
"Cuvajte bratstvo i jedinstvo kao zjenicu oka svoga"
- Josip Broz Tito
Неодамна ми се јави човек што се жалеше дека полицијата го претепала, дека случајот го пријавил во Хелсиншки и кај Народниот правобранител, но ја заташкале работата, дека му било подметнато дрога и дека добил кривична пријава, дека го осудиле на неколку години затвор, дека во затворот го малтретирале, дека поминал неправедно неколку дена во самица, дека по пуштањето стражари го претепале и пак го вратиле во самицата, дека потоа некако го пуштиле на викенд, но дека го сретнале полицајци кои кога дознале дека е затвореник толку го претепале што завршил в болница, дека таму не му давале да јаде, па побегнал од болницата… За среќа, вели, преживеал се и сега е ок, но дека неправдата што му била нанесена не може да ја поднесе и затоа решил да ја раскаже приказната во весник.
И јас се сожалив на човекот. Ги пцуев во себе сите џандари кои го скршиле од мавање, затворските чувари кои го ставале беспотребно во самица, судиите кои неправедно го осудиле, медицинските сестри што не му давале да јаде. Какво е ова општество во кое живееме? Какви се овие срања што се случуваат? Имаат ли тие луѓе душа?
[прочитај го целиот пост]
ДРУГАТА СТРАНА Ама, како што е ред, решив да ја проверам неговата приказна. Проверував и како што истрагата напредуваше почна да се одмотува клопчето. Сфатив дека полицајците што го претепале тоа го направиле затоа што нападнал еден од нив со нож и дека морале да бидат груби за да го совладаат. Сфатив дека Хелсиншки и Народниот правобранител го дознале тоа и дека затоа не сториле ништо за неговиот „случај“. Сфатив дека не само што дрогата што му ја нашле не била подметната, туку имал и неколку постари пресуди за дилање дрога, дека дури и прележал неколку години за слично дело.
Сфатив дека во затворот не го малтретирале, туку дека тој малтретирал и тепал, па затоа неколкупати добивал казна самица. Сфатив дека не бил пуштен на викенд туку побегнал и дека полицајците не го тепале само затоа што бил затвореник, туку и затоа што ги нападнал со метална шипка, а се обидел, дека им избегал на полицајците. Сфатив дека во болница завршил поради повредите што ги добил во кафеанска тепачка. Сфатив и дека во болницата самиот обивал да јаде и дека потоа избегал…
Испадна дека ништо од она што ми го кажа не било точно. Дека сликата што ја добив од неговата приказна не била вистинита. Ако не ја проверев ќе си ги објавев неговите лаги како вистини, дека неправедно ќе ги оцрнев сите оние чесни полицајци, чувари, медицински сестри, судии што одлично си ја завршиле својата работа.
КОГО ТОА ПРОГОНУВАЛЕ Општо е познато дека повеќето што биле осудени да сметаат дека се невини и дека сите други им се виновни за тоа што го направиле. Затоа секогаш кога се слушаат исказите на жртви или „жртви“ треба да се чуе и другата страна зашто наводниците често не се гледаат и не може да се разликува кој е што.
Во времето на Тито и СФРЈ (или пред тоа ФНРЈ) имало судови, имало систем и имало ситем на одговорност. Имало и систем на вредности и етика, и спрема таа етика се судело спрема законите. Судовите ги прогласиле за виновни и казните биле извршувани. Исто и екскомуникациите, игнорирањето, се случувале поради некоја причина.
Да се кажува само исказот на казнетиот, осудениот, а да не се види и причината за казната доведува во заблуда. Истата заблуда во која бев доведен и јас кога му поверував на типот од приказната на почетокот на текстов.
Нормално дека во времето на СФРЈ (и пред тоа во периодот по втората светска војна) имало судења и имало егзекуции. Јас лично не се согласувам со некои работи, точно е тоа, но не можам да кажам колку се тие егзекуции вистина и колку од сето тоа е измислено. Обично приказните за егзекуциите се засноваат на приказните на семејствата на егзекутирание и сведоштвата на прогонуваните.
СТАЛИН Е ЛОШ Јас во мојата новинарска работа многу често сум во контакт со осудени лица и можам да ги чујам нивните приказни. Ако ги запишам тие приказни и ако еден ден некој наш потомок ги прочита и ако врз нив ја гради приказната за општеството во кое сме живееле, би помислил дека сме живееле во ужасно време. Ама сите знаеме дека таа слика и не е толку ужасна. Приказната за општеството во кое денес живееме, за да биде комплетна мора да ја има и другата страна.
Во случајот со осудата на комунизмот, таа друга страна не ја гледам. Осуда поради осуда. Нема право на одбрана.
Спомена ли некој дека многу од тие што биле осудувани или прогонувани биле сталинисти? Истите што го осудуваат комунизмот во иста реченица многу често ќе кажат бројка колку биле прогонувани во времето на Тито, и колку бил Сталин лош, демон - ама нема да кажат дека дел од прогонетите во времето на Тито биле токму поддржувачите на Сталин. Ќе заборават дека многу од нив биле осудени затоа што работеле за советските сталинистички разузнавачки служби.
Или истите тие критичари на системот што е персонифициран во ликот на Тито ќе го споредат Тито (и комунизмот) со диктаторскиот режим на Хитлер. Ама нема да кажат дека етничките идеологии (национализмот, нацизмот, национал-романтизмот, расизмот, ксенофобијата) биле забранети во титова Југославија и дека поради нив луѓето биле прогонувани. Дали тоа значи дека критичарите на титова Југославија се против прогонот на националистите и оние кои ширеле омраза на национална основа? Дали тоа значи дека критичарите на Тито ги одобруваат колежите што се случија во Босна, Хрватска и на Косово? Забораваат дека дел од прогонуваните во титова Југославија се прогонувани токму да се спречат таквите братоубиствени војни, дека прогонуваните биле прогонувани поради нападот на братството и единството на народите на Југославија (денес популарно наречен соживот).
Еден посериозен преглед на жртвите или „жртвите“ на комунизмот може да открие дека и не било се така како што сакаат да го прикажат ордите интелектуалци и „интелектуалци“, аналитичари и „аналитичари“. Дека Тито и не бил толку лош. Дека предвидел какво зло е националниот раздор. Дека видел дека силата е во обединувањето. Дека, ако ништо друго, за четирите години војна со фашистите, научил кои се најопасните противници на човечноста.
Posted by .аНТИ at вторник, декември 05, 2006
http://antipunkt.blogspot.com/2006/12/blog-post_05.html