Desire
Refuse,Resist
- Член од
- 25 декември 2007
- Мислења
- 1.823
- Поени од реакции
- 284
Секако дека ќе го искажам моето разочарување кон таа личност,ќе му дадам до знаење дека воопшто не го поддржувам,ќе ја чувам тајната,но тоа не значи дека го оправдувам тоа што го направил.За да не го полнам постов со цитати, еве вака едно прашање до сите кои напишаа дека не би преземале ништо во една таква тешка ситуација.
Кому мислите дека помагате со вашето молчење? Постапувате како што сака тој што ви се доверил, но што е со третата повредена личност, доколку тајната е тоа дека има некој трет повреден или оштетен?
Што ви е повредно? Да испаднете фер кон еден злосторник или да спасите можеби и некои други, на кои тој истиот во иднина има шанси да им наштети?
Нема да ми биде лесно да ја чувам тајната,свесна за последиците и за жртвите во ситуацијата,меѓутоа нема да ја изневерам довербата што блискиот ја има во мене.
Ќе пробам да го убедам сам да се предаде,ќе го посоветувам колку што можам,и самата реков дека на почетокот ќе бидам соучесник,ако тој продолжи со своето,ако се однесува како ништо да не се случило,ќе преземам некои мерки,ако после се не му се промени мислењето или ако е за нешто посериозно ако не се предаде,ваљда јас ќе го предадам,во што и не сум толку сигурна,претходно реков дека нема,меѓутоа сепак се двоумам.
Инаку да споменам дека веднаш би го предала ако се работи за наркоманија,ако блискиот се дрогира,веднаш,бидејќи знам дека е за негово добро.