За да не го полнам постов со цитати, еве вака едно прашање до сите кои напишаа дека не би преземале ништо во една таква тешка ситуација.
Кому мислите дека помагате со вашето молчење? Постапувате како што сака тој што ви се доверил, но што е со третата повредена личност, доколку тајната е тоа дека има некој трет повреден или оштетен?
Што ви е повредно? Да испаднете фер кон еден злосторник или да спасите можеби и некои други, на кои тој истиот во иднина има шанси да им наштети?
Во ред е ако се кае, но сепак, ако еднаш човек дозволи некоја голема грешка да направи, има шанси да ја повтори доколку не биде соодветно казнет. Дури и да не повтори ништо слично, јас мислам дека не би требало да помине само со каење и плачење.
Значи и јас незнам што понатаму во таква ситуација, но сигурна сум дека ако се работи за ептен блиска личност ќе и го плеснам во лице моето разочарување и ќе се оддалечам од неа засекогаш. Тоа ќе биде мојата најблага казна, а доколку некој трет трпи последици од нејзината постапка, би се потрудила да соберам храброст и да и помогнам со тоа што ќе кажам некому што може да и помогне.
Чудно ќе кажете, но јас верувам дека казната за злосторници е најголемата помош. Можеби тоа нема веднаш да биде прифатено како таков чин, но еден ден, сигурно ...
п.с. Незнам кој спомна што има врска дали е близок или далечен човек тој што би ни се доверил ... секако дека има врска. Нема да ни е исто ако тоа ни се случи со познаник за кого не ни е баш гајле или најдобар другар со кого сме го поминале цел живот, нали?