Вчера се враќав од Охрид кон Скопје. Не сум ја возел ова релација 3-4 месеци, па имав заборавено каква е реалноста. Според некој редослед на најчесто појавување табличките на возилата беа Косова, Албаниа, Швицерланд, Немачка, па и Хрватски (Далмација и Истра), па следеа Тетовски, Гостиварски па Скопски со фреквенција ко рејтингот на СДСМ :uvo: . Дечки Каква Хрватска се спомнува во постот, па Западна Македонија како веќе да се интегирала со „западно од Македонија”. На Стража Македонците личеа како да се туристи од странство дојдени, уште да почнеа карти да вадат и да зборуваат „do you speak Macedonian?”.
По мене Хрватите се 100% во право за Македонија. Можеби не просат по семафорите македонски деца туку бацинели, но тоа се нијанси, има и поголеми дискрапанци, жално е што ние ќе продолжиме како што стојат работите 5 судии да бираме една година, 3 амбасадори 2 години и слични папазјании. До овој момент во Македонија не се појавија вистински државотворни политичари кој што сака нека каже, но кои ќе воспоставеа консенсуз по сите водечки теми, а и такви некако не се појавуваат. Овие шминки од TV се за пред TV. Преку к...в ми е што секои наредни викаат дека претходните толку засрале што ќе треба време да изградиме. Ма немојте? Така до бесконечно?. Во Естониа не викаат така при промена на влада. Тука Хрватска е многу јака, иако со многу повеќе проблеми во однос на една Словенија,па имаа војна многу поголема и подолготрајна од 2001, сепак сите национални прашања ги решија и ги решаваат со големо мнозинство. Е тоа што се малку препотентни , тоа им е од времето на Хитлер кога овој ги уверил дека се пљунути Аустроунгарци :3: