Сонови, толкување на сонови

Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
вечерта сонував многу чуден сон, и некако во сонот многу мака и жал ми падна. мислам дека за Скопје се работеше. вака беше сонот... одам јас низ град, и некако една зграда почнува надоле да тоне во земја. си викам што е работава, и еден човек ми вика дека тоа е од што се многу тешки зградите и дека има паркирано коли на нив ( а на врвот на зградата имаше како паркинг и коли многу) и како тонеше таа зграда, почнаа и други да тонат во земја и да се уриваат. како цело скопје да почна да се руши од голема тежина. се исплашив почнав да бегам и се разбудив.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
у последните 2 месеци најмалку 10 пати сонував масовни убиства, пукање и крвишта и убивање...некои све такви hostage ситуации. И во сите и јас сум била присутна односно сум бегала од куршуми, во неколку наврати и ме погодија. Мислам ок еднаш два пати да сонуваш нешто слично ама ова е претерано, скоро секоја недела таков сон...
Некој поупатен да ми протолкува?
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Ноќеска сонував како ме прободеле со нож во пределот на стомакот и ми течело многу крв а јас само се држев за раната .. ќе може да ми кажете што значи тоа
 
Член од
6 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
41
Сонови...

Епа ајде малце да дискутираме за соновите...

Има разни видови сонови... кога се е убаво во него се е розово... пример може да имаш секс со која сакаш (само гадно е кога ќе те разбуди некој во тој момент :lol: :lol: ), сонови од кој сакаш да се разбудиш во моментот, сонови во кои пример трчаш трчаш а некој те брка и неможеш да дотрчаш итн итн... цела наука е сврзана... а сонот трае само 8 секунди и ти за тие 8 секунди во сонот живееш цел живот... ц ц ц ц.

Продолжете... :lol:
Хмм не ми е јасна оваа теоријава дека сонот траел само 8 секунди?
Сигурно на секој му се има случено да зборува во сон или да плаче и сл. Епа како е можно сонот да трае 8 секунди ? Сонот трае од моментот кога ќе не совлада се додека не се разбудиме.
Ако имаш добра способност за фантазија и доста интересни случки во денот или било кој период и таков сон ќе сонуваш. Се додека сонот владее со личноста тој е имагинарен. Сонот е само фантазиски мисли и илузии во нашата глава кои можеби сакаме да ни се случат или пак бегаме од нив со страв да се соочиме. Ако по нешто си копнеел тоа ќе ти се случи кога и да е, бидејќи работите по кои сме копнееле или од кои стравуваме секогаш се во првиот ред на мислите во нашата глава иако ние сме несвесни за тоа. Муабетот ми беше затоа толкувањето на соновите понекогаш стварно се случува. Нашиот мозок неможе да престани да мисли па дури и кога спиеме (освен со медитација) па затоа сонуваме. Нели во соновите се е хаос: настани, луѓе, места, се. Епа тогаш мозокот, додека ние спиеме и сме немоќни да раководиме со него тој сам си ги креират сликите и мислите, па токму и затоа сите сонови се поврзани со нашиот живот и луѓето околу нас.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
сонував дека сме биле во друга земја и дека сме во болница и наеднаш гледам сестра со инекција за анестезија и ми викаат јас да ја почувам и мине еден човек ме бутнува и инекцијава во глава ми влегува. Изгегувам низ собава гледам луѓе многу брзо ми се движат и кога пак влегов во собата мајка ми ја прашувам дали и ставиле анестезија и она ми вика да почнува ништо да не чуствува, и вади клешта и ми вади еден па усте еден заб (ама мене не ме боли) и ја тргам раката и одам во купатило гледам крв на подот исто и јас плукам крв и мијам некоја како вилица/портеза.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Јас еднаш сонував како сум пишала во подфорум Мистерии и модераторот не ме избришал.
И тогаш се разбудив и сфатив дека тој сон никогаш нема да се оствари.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Пробај пиши му порака види што му е.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
сонував дека сме биле во друга земја и дека сме во болница и наеднаш гледам сестра со инекција за анестезија и ми викаат јас да ја почувам и мине еден човек ме бутнува и инекцијава во глава ми влегува. Изгегувам низ собава гледам луѓе многу брзо ми се движат и кога пак влегов во собата мајка ми ја прашувам дали и ставиле анестезија и она ми вика да почнува ништо да не чуствува, и вади клешта и ми вади еден па усте еден заб (ама мене не ме боли) и ја тргам раката и одам во купатило гледам крв на подот исто и јас плукам крв и мијам некоја како вилица/портеза.
Да сонуваш инјектирање значи да се развиеш во внатрешен и духовен план. Веројатно си доживеала некаква незгода, или очекуваните работи тргнале по друг пат, па тебе ти треба емоционално издигнување, нешто да те опорави. Да сонуваш инјектирање, само по себе значи да "инјектираш" повеќе позитивна енергија во тебе.

А ако некој насилно те инјектира, станува за сосема друга приказна. Има некоја личност која негативно влијае на тебе и на твоето расположение.

Е сега крвта. Да сонуваш крв, има повеќе значења. Но, во сонот ти си крварел/а, што значи дека си изнамоштена и емоционално и духовно. Некои минати случки повторно ти се враќаат, било тоа дали го сакаш или не.

Одмори малце, немој да се нервираш за се и сешто и не биди "лесно запаллива". Отиди еден викенд на планина со најблиските, ќе ти го разведри умот. :)
 
Член од
6 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
41
сонував дека сме биле во друга земја и дека сме во болница и наеднаш гледам сестра со инекција за анестезија и ми викаат јас да ја почувам и мине еден човек ме бутнува и инекцијава во глава ми влегува. Изгегувам низ собава гледам луѓе многу брзо ми се движат и кога пак влегов во собата мајка ми ја прашувам дали и ставиле анестезија и она ми вика да почнува ништо да не чуствува, и вади клешта и ми вади еден па усте еден заб (ама мене не ме боли) и ја тргам раката и одам во купатило гледам крв на подот исто и јас плукам крв и мијам некоја како вилица/портеза.
Сонов ти е стварно чуден. Во толкувањето на сонови забот значи некој твој близок од фамилијата а вилица единство нешто како семејство, а да вадиш заб на сон значело смрт. А тоа што си бил во болница не е ништо страшно тоа е место кое го сакаш и обожаваш да си таму. Болката на забот ти кажува колку таа личност ти е драга и ти ја сакаш, ако те боли многу тоа е некој кој многу го сакаш и обратно. Мајка ти е мајка ти, а анестезијата би ти значелото нешто како да си отрпнат од се сеедно ти е. Толку од мене па сега ти протолкувај си ;) . Инаку незнам дали веруваш или не во сонови ама да знајш дека сонот незначи дека се исполнуваат само максимум 20% од соновите кои еден човек ги има сонувано се случуваат во стварноста.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Ноќеска сонував како ме прободеле со нож во пределот на стомакот и ми течело многу крв а јас само се држев за раната .. ќе може да ми кажете што значи тоа
Можеш да го погледнеш горниот мој пост за крвта и крварењето.
 
Член од
24 март 2013
Мислења
64
Поени од реакции
61
Јас само да се надоврзам на оние еротичните сонови, сонови поврзани со секс... Не може секој еден човек да заспие и почне да го сонува тоа, па колку и психата да му работи... И да заспие со таа мисла...
Доколку соните таков сон, колку и да ви е слатко, не е убаво бидејќи тоа е поврзано со ѓаволот. Ѓаволот си игра со вашата психа, а Ангелот ве буди... ( се што треба да направите кога ќе се разбудите е да се помолите ) А као шо знаете нели, секој еден од нас си има еден кој што го чува и носи по прав пат, и еден што го тера чоека да праи неубави раб. Има сонови кои доаѓаат од Господ ( со некаква порака ), има од Ѓаволот и има сонови кои ги сонуваме поради она што ни го приредуе секојдневиото... И најдобро би било да ги занемариме:pipi:
 
Сонот нема никаква врска со Господ, Ѓаволот и такви срања. Се е до твојот мозок и психа. Последно нешто што би ми текнало напамет е да се молам. Значи тука нема никаков ѓавол кој те тера да сонувш ова е не сега ова, немој молим те. Ако некој е сексуално незадоволен нормално дека ќе сонува такви сонови, можеби тој не е свесен ама психата работи на тоа да се задоволат потребите на еден човек. Не мора да значи само за сексуална незадоволеност пример да има некој кој го посакуваш и ќе ти се деси да го сонуваш и уште милион примери и причини има зошто се дешава сето тоа. Соновите сами си ги креираме ама не сме свесни за тоа.
Ок јас не ти судам за тоа твое мислење ама верувај ми ако некогаш ти се деси да можеш да го контролираш сонот нема да мислиш така.
 
Од твојот коментар можам да видам и приметам дека си неверник. И секако очекував од типот на вакви мислења и коментари, но нема врска. Јас го споделив она што го знам и прочитав...:pipi:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас само да се надоврзам на оние еротичните сонови, сонови поврзани со секс... Не може секој еден човек да заспие и почне да го сонува тоа, па колку и психата да му работи... И да заспие со таа мисла...
Доколку соните таков сон, колку и да ви е слатко, не е убаво бидејќи тоа е поврзано со ѓаволот. Ѓаволот си игра со вашата психа, а Ангелот ве буди... ( се што треба да направите кога ќе се разбудите е да се помолите ) А као шо знаете нели, секој еден од нас си има еден кој што го чува и носи по прав пат, и еден што го тера чоека да праи неубави раб. Има сонови кои доаѓаат од Господ ( со некаква порака ), има од Ѓаволот и има сонови кои ги сонуваме поради она што ни го приредуе секојдневиото... И најдобро би било да ги занемариме:pipi:
Да се помолам да ја опнам на јаве? Kinda like this.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom