Соларна енергија

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ubava rabota e da si namestis doma na krovot 5-6 KW i si go resil problemot
cenata e od 3.500evra do 8.000 evra
znaci zavisi kakov ti e krovot i kako sakas da se smestat
ima i poeftini fotovoltaicni paneli samo nemas garancija
ovie odat i do 50godini od grad nemaat problem
a problemot so strujata lesno se resava
se priklucuvas na mrezata i strujata sto ti ja proizveduvas odi vo gradskata mreza a ti si ja koristis normalno strujata
samo sto imas izlezen saat
i na krajot od godinata si se cita saatot i gledas imas za doplata ili imas za naplata od drzavata
a ne isplatlivo e da stavas baterii ili akumulatori kostaat mnogu i treba da gi menuvas na nekolku godini
kaj nas ima subvencii za ovie raboti ako ne ste informirani samo seuste nema koj da vlozi pari
a i da ima nekoj da vlozi prvo treba da napolni nekoj dzeb pa da moze da pocne so rabota
Ова у Македонија????, нема шанса :) тука сеуште се пичкараат EVN и ПРИВАТНИТЕ ЕЛЕКТРАНИ на Македонија ( газдите да не ги спомнувам), па приватниот бизнис на БРАТУЧЕДОТ... за сега може само да стаиш панели и сам да се снаоѓаш..., инаку за да добиеш стаус на МАЛ ПРОИЗВОДИТЕЛ на рл.енергија и лиценца за тоа е ПОСКАПО
од горе спомнатата инсталација, топтан со прашината на неа...субвенции??? само ги има на конференции за печат..:) како и се друго..знам..пробав, па ме избркаа...:)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
ABC нели ти пропаѓаше градежниот бизнис, префрли се на производство на електрична енергија. Само наместо нуклеарки на Мариово, прави соларни фарми :)
Правењето соларни фарми им го препуштам на Кинезите,кој иако изработуваат соларно-волтажни панели,сепак се спрени да направат и 150 нуклеарни централи за 20тина години,значи до 2030та.Па толку ли се будали бе мајката?Или навистина гледаат дека не им се исплати,оти 3то нема.:toe:

Ова у Македонија????, нема шанса :) тука сеуште се пичкараат EVN и ПРИВАТНИТЕ ЕЛЕКТРАНИ на Македонија ( газдите да не ги спомнувам), па приватниот бизнис на БРАТУЧЕДОТ... за сега може само да стаиш панели и сам да се снаоѓаш..., инаку за да добиеш стаус на МАЛ ПРОИЗВОДИТЕЛ на рл.енергија и лиценца за тоа е ПОСКАПО
од горе спомнатата инсталација, топтан со прашината на неа...субвенции??? само ги има на конференции за печат..:) како и се друго..знам..пробав, па ме избркаа...:)
Се додека владата купува струја од увоз за по 3-4 евро центи,а ни ја препродава за по 12 евро центи,се дотогаш ќе има БРАТУЧЕДИ во бизнисот со препродажба на струја,и нема да се инвестира во сериозни извори на Електрична енергија,за која електро-волтажните панели се само добро спакована лага за наивните корисници.:toe:
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Ова у Македонија????, нема шанса :) тука сеуште се пичкараат EVN и ПРИВАТНИТЕ ЕЛЕКТРАНИ на Македонија ( газдите да не ги спомнувам), па приватниот бизнис на БРАТУЧЕДОТ... за сега може само да стаиш панели и сам да се снаоѓаш..., инаку за да добиеш стаус на МАЛ ПРОИЗВОДИТЕЛ на рл.енергија и лиценца за тоа е ПОСКАПО
од горе спомнатата инсталација, топтан со прашината на неа...субвенции??? само ги има на конференции за печат..:) како и се друго..знам..пробав, па ме избркаа...:)
vo pravo si i znam dosta za ova
probav da donesam investitor za ova vo makedonija i imavme golema opcija za rabota + ke bese investicija od 1m evra samo zakon nemase za ova+a za da go izglasaa zakonot znaes sto treba da pomagas vo kampanja a i na kraj ne se znae vo sto vlozuvas
sram golem e samo toa e toa
a kaj nas ima golem kapacitet i moze da se usèee vo toa
kolku goli ridovi imamme sto gi pece sonceto i naprazno gi pece
samo toa e toa zosto da zimas pari a da ne davas mnogu reket ne javen
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
Многу ме заинтересира оваа тема. На Технома имаше некои фирми што нудеа фотоволтаични панели по цена од 4 Евра за 1 W инсталирана моќност. Ја видов страната на СИЕТО, тие нудат 5-7 Евра за 1 W инсталирана моќност. Во секој случај повраток на инвестиција од 6-7 години е околу 15% ROI што воопшто не е лошо. Точно е дека се склучува договор за откуп на електрична енергија по повлстена цена од 0.46 евра за Kwh. Точно е дека договорот се склучува за период од 20 години што ти дава сигурност за гарантиран пласман на струјата и сигурност за повраток на инвестицијата. Единствено нешто што би можело да закочи се процедурите за издавање на лиценца за повластен производител на електрична енергија од обновливи извори и цената за таа лиценца. Concrete, навистина е ужас да се добие лиценцата?

Во прилог линк за дозволата за производство на СИЕТО http://www.erc.org.mk/Uploads/EE- C -2009.09.09 - ODLUKA ZA SIETO so obrazlozenie.pdf
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Проблемот со фотонапонските панели е сличен како со многу други еколошки производи на модерната технологија.....: загадувањето е ПРИКРИЕНО :)
За сега , а и за некоја извесна иднина, ПОТРОШЕНАТА енергија за производство на еден фотонапонски панел....дааалеку ја надминува онаа која тој истиот панел ќе ја произведе на ЧИСТ начин....додека трае неговиот животен век.
Да не зборуваме дека ИНВЕСТИЦИИТЕ во производен капацитет за такви панели...по познатите за сега технологии се навистина големи...и сеуште на прсти се бројат ВИСТИНСКИТЕ производители. Слично како и со ветерниците, електричните или хибридните возила..итн.итн.
Додека ...за БАГАТЕЛНА ЦЕНА може да се користат залихите на енергенси кои Мајката Природа ги стварала или ствара со милениуми......сите овие приказни се само УТЕШЕНИЕ на сите нас...., дека еве пробаме и да не се самоутепаме...како човечки ( а и други видови колатерално) род на Планетава...:)
СИЕТО??? мислам дека продава Украински панели...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Ваљда е за тука, кредитна линија за проекти за обновливи извори на енергија...и секако нивна критика за цената на струјата.
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОНАТОРИТЕ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Никој не штеди струја поради ниските цени
Македонците не штедат струја поради ниските цени на електричната енергија, а проектите за обновливи извори на енергија бавно се реализираат поради бирократските процедури во институциите. Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Мајкл Фриц, на вчерашната конференција за координација на донаторите во проекти за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во земјава, посочи дека поради пониската цена на електричната енергија во Македонија за 30 до 50 отсто, во споредба со земјите од регионот, нема мотивираноста кај граѓаните да воведат мерките за енергетска ефикасност, односно да штедат струја.
Според Фриц, енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија во Македонија ќе ја подобрат економијата и ќе придонесат за создавање нови работни места.
Партнер на Владата во имплементацијата на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија е и Светската банка. Маркус Репник од Светската банка потенцираше: ниту Банката ниту, пак, Владата се задоволни од прогресот на проектите и од постигнатите резултати во земјава.
Европската банка за обнова и развој очекува од 2010 година и во Македонија да се имплементира кредитната линија во вредност од околу 60 милиона евра, со што, преку домашните комерцијални банки, ќе се понудат кредити во вредност од 20 илјади до 2 милиона евра за реализација на проекти за обновливи извори.. (Т.Ј.)
многу ни била ефтина струјата...според еден од многу многу солидно платените типови -директор на мисија на Усаид во Македонија :tapp:
лајно од бик (булшит што би рекле странците).
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Добра инвестиција, посебно за нашата земја. За жал е премногу скапа затоа што цената е регулирана од страна на нафтените компании и ОПЕК.
Но со ова темпо на ископување на нафтата би требало за 10-15 години соларните панели и целата соларна технологија да е подостапна и поевтина.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Solarnata energija moze direkno da se koristi za podgotvuvanje na hrana

http://ekovita-solarcooking.blogspot.com/

Nevladina organizacija EKOVITA
Може, фини слики ама нигде објаснување колкава можност има, што заменува (рингла, која јачина), што се може да се готви, кога може да се користи (на пладне кога е сонцето најјако или...). За фамилија пардон ама ова (како е дадено на сликите) е благо речено играчка.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
7
Поени од реакции
1
Соларната печка е набавена од Германија,
со сите трошкови до Македонија чини 400 евра
има дијаметар од 140см, јачина од 700 вати на пладне.
Литар вода загрева на 100С за половина час.

Повеќе информации може да добиете следната страна
http://www.sun-and-ice.de/
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Затоа и прашав, вакви инвестирања се од една страна непрактични, а од друга неисплатливи. Непрактични за семејство на кое му треба нешто као класичен шпорет (брзина и капацитет) како и ради малата моќност на уредот и времето во кое може да се користи, а и ради тоа што на готвење и не се троши многу енергија па заштедата према цената на производот и негово одржување би дошла во голема негатива.
Сеуште е рано да се прават вакви алтернативи во домаќинствата (од овој тип со готвење)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Затоа и прашав, вакви инвестирања се од една страна непрактични, а од друга неисплатливи. Непрактични за семејство на кое му треба нешто као класичен шпорет (брзина и капацитет) како и ради малата моќност на уредот и времето во кое може да се користи, а и ради тоа што на готвење и не се троши многу енергија па заштедата према цената на производот и негово одржување би дошла во голема негатива.
Сеуште е рано да се прават вакви алтернативи во домаќинствата (од овој тип со готвење)
Ваквите скаламерии се продават на запаленковци кои сакаат да бидат ЗЕЛЕНИ и да ја спасуваат планетата, како и на основа на разноразни донации, најчесто перуцкање пари, за разноразни проекти кои на БЕДНИТЕ АФРИЧКИ ХРЧЦИ им носат спасоносна технологија...:) и бргу после тоа собираат прашина по тавани ...
Инаку за вакви дискови од полиран алуминиумски лим кои се сложуваат како лепеза имаше по Popular Mechanic или Popular Sience написи за направи сам за 10 $ , уште пред зилион години...:)
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Има кој да мисли за нас

Министерството за економија преку кампања ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја. Од наредната година со реклами ќе ги бомбардираат граѓаните преку печатените и електронските медиуми, ќе се печатат и летоци со цел граѓаните да се информираат како да заштедат електрична енергија. За тие што не разбрале, ќе се печати и посебен прирачник со упатства кои апарати од домаќинството колку трошат и како може да заштедат енергија. Колку пари ќе се плати за едукација на граѓаните Министерството не кажува, бидејќи било деловна тајна. Посебна целна група ќе бидат децата во училиштата.

-Тоа е набавка која ќе ја реализираме заедно со државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Ние не можеме да откриеме колку пари се предвидени за набавката, бидејќи тоа е деловна тајна. Кампањата ќе опфати и посета на училишта. Стручен кадар ќе оди по училиштата и ќе ги анимира децата за можностите за заштеда на електрична енергија. Станува збор за препораки за штедење електрична енергија и целта е да се промовираат различни начини за штедење струја - објаснуваат од Министерството за економија.

Според ресорот предвидено е кампањата да трае три месеци. Огласот трае до средината на идниот месец и по целата тендерска процедура кампањата можеби ќе се емитува последниот месец од зимата, кога потрошувачката на енергија е најголема.

- Најдобро е кампањата да биде брзо готова и да го опфати зимскиот период. Но, тоа не зависи од нас. Не знаеме кога точно ќе почне да се емитува бидејќи се' зависи од понудувачите и рокот кој тие ќе го побараат за реализација на кампањата - велат во ресорот.

Инаку, ова не е прв оглас за ваква кампања. Досега имало и други, но пропаднале. Првичната идеја, пред три години била државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО заедно со ЕВН и Министерството за економија да ја реализираат оваа кампања. Откако не се договорија, ЕВН сама веќе реализираше една ваква кампања. Пред неколку години беше договорено четирите субјекти да одделат по 25.000 евра или вкупно 100.000 евра за реализација на првата фаза од оваа иста кампања.

Од ЕВН велат дека кампањата за разумно користење на енергијата ја почнале пред три години, со едукација на најмладите потрошувачи во основните училишта низ државата.

- Сега кампањата само ја проширивме кон пошироката јавност. Тоа е поради големото значење на енергијата во ова време, како и важноста за граѓаните да знаат како таа да се заштеди. Моќта е во рацете на граѓаните, од нив зависи, на пример, дали на празната соба и' треба темница или светло. Граѓаните најмногу ќе придонесат глобално за заштеда на енергијата и заштита на околината само преку индивидуален пристап за намалување на своите трошоци за енергија, односно преку штедење енергија и пари - изјави Ленче Карпузовска, раководител на одделот за комуникации во ЕВН.

Според експертите, енергетската ефикасност, која е топ-тема на светско ниво, кај нас се' уште е во својот зародиш. Според одредени истражувања повеќе од половината од граѓаните не знаат што значи терминот разумно користење на енергијата. А дури 83 отсто од нив не знаат што значат категориите А, Б, Ц, Д на апаратите за бела техника, кои всушност ја означуваат рационалната потрошувачка на енергија. Најголем проблем во ефикасната потрошувачка на електричната енергија во Македонија е тоа што голем дел од граѓаните, односно повеќе од половината од домаќинствата, се греат на струја. Енергетската ефикасност всушност значи да се потроши што помало количество енергенси, за да се добие исто количество енергија.


И квалитетните пердиња штедат енергија

На интернет-страницата на Министерството за економија од поодамна има кампања насловена „Штеди електрична енергија - инвестирај во својата иднина!“ На неа има препораки како се штеди струја.

Поставување регулатори на термостатите за парното греење, исклучување на сијалиците и на телевизорите, макар и неколку минути ако се напушта просторијата, да не се ладат и проветруваат просториите често, да се користи дневната светлина, прозорците, особено оние со еднослојно стакло ноќе да се прекриваат бидејќи влечат многу топлина, како и правилно да се поставуваат и да се користат апаратите за домаќинство.

Покрај овие препораки Министерството извлекува и други совети за граѓаните, на пример, каков материјал на перде или завеса заштедува енергија, препорачува и правилна изолација на вратите и на прозорците за да се редуцираат топлотните загуби, како и затворање на оџаците, бидејќи преку нив се одлевало големо количество топлина.


Веста е од Дневник иако заликува како да е од The Onion
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Недоквакани. Зарем мислат дека човек сака да плаќа толку за струја? Со вакви средства (и слични други бесцелни проекти и зафаќања) би можело да се гасифицира и парноизира населението, а со тоа да заштедиме на струја.

Покрај овие препораки Министерството извлекува и други совети за граѓаните, на пример, каков материјал на перде или завеса заштедува енергија
Хехе, ова ваљда се шалат...проект за пердиња за граѓаните, и тоа ќе им текне :)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Недоквакани. Зарем мислат дека човек сака да плаќа толку за струја? Со вакви средства (и слични други бесцелни проекти и зафаќања) би можело да се гасифицира и парноизира населението, а со тоа да заштедиме на струја.

Хехе, ова ваљда се шалат...проект за пердиња за граѓаните, и тоа ќе им текне :)
da ...FANTAZIJATA za muvanje pari im e LEGENDARNA!!!
Inaku proekt za zasteda na elektricna energija e odlicna investicija...kako da si podignal nov golem kapacitet, ama organiziran i sproveden kako treba ne nosi paru u ministerski i okoluministerski dzepovi....zatoa IMA DA NEMA TAKOV PROEKT...samo Potemkinovi proekti na tv i po bilbordi....:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom