Соларна енергија

Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Отприлика за мала хидроцентрала колку инвестиција е ... онака ориентационо !!!

А тоа колегата што има повластена тарифа и пак не е на позитивна нула, да не те лаже или па лоша опрема или скапо земјиште и сл. :confused:
Уфф! Нема стриктна цена по мегават.
Многу непознати има таа равенка!
Како прво е концесискиот договор, пресметките со кои си идел, после најглавно е пристапноста на теренот, неговиот состав, издашноста на водотекот, неговата стабилност на проток( да нема големи осцилациии зима-лето) и близината на приклучното место(кон системот на ЕВН) и ......
Како и да вртиш, централа од 0,5 мегавати нема да биде под 1,5 до 2 милиони во скоро идеални услови.
П.С. Уште го заборавив најглавното, висинската разлика од водозафатот до турбината и на какво растојание е постигната таа висинска разлика! Оти од тоа зависи продуктивноста и чинењето на изградбата.
Поголема висинска разлика - поголемо производство, помала должина на доводниот цевковод - помали трошкови за изградба!
Д*га е ваа за тема за елаборирање во еден два поста!
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Шо си прајте бе бајрам со умот? Така е ова брцни гранче, бери грозје вгодина.
Инаку Солар Про се вика фирмата мешовитата за тој што прашуваше.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Шо си прајте бе бајрам со умот? Така е ова брцни гранче, бери грозје вгодина.
Инаку Солар Про се вика фирмата мешовитата за тој што прашуваше.
Ех, на некои луѓе не им е јасно дека и рудник за злато да имаш во дворот, за обичен смртник е непрофитабилно(смрт)!
Ама ако си блиску до врвот и фарма за камили да отвориш е супер бизнис!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Ех, на некои луѓе не им е јасно дека и рудник за злато да имаш во дворот, за обичен смртник е непрофитабилно(смрт)!
Ама ако си блиску до врвот и фарма за камили да отвориш е супер бизнис!
Никој не им кажал дека домашниот есап на пазар не излегува :toe:
 
B

Bafra

Гостин
Па затоа прашуваме де, ако знаете кој е есапот споделете. Ако имате директни информации како иде, за колку време би се вратила инвестиција бујрум.

Дека не е лесно јасно ни е, без труд нема мед.
Но некои се концентрираат на целта а некои само на пречките :cool:

На пример ако не си субвенционирана тарифа, тогаш по груби пресметки кажуваат за ц.ц 10год ти се враќа инвестиција. А ако имаш другарчиња и добиеш повластена тогаш е упола :D
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Па затоа прашуваме де, ако знаете кој е есапот споделете. Ако имате директни информации како иде, за колку време би се вратила инвестиција бујрум.

Дека не е лесно јасно ни е, без труд нема мед.
Но некои се концентрираат на целта а некои само на пречките :cool:

На пример ако не си субвенционирана тарифа, тогаш по груби пресметки кажуваат за ц.ц 10год ти се враќа инвестиција. А ако имаш другарчиња и добиеш повластена тогаш е упола :D
Ок е гледањето кон целта но треба да се земат сериозно и пречките, оти не е мала инвестицијата.
Имајте во предвид дека инсталираната моќност никогаш не се остварува. Така да реално некои 60 до 70% од инсталираната моќност се остваруваат, поради икс причини а често и мнооогу помалку (25-30%). Така да бројката од 10 брзо ќе скокне на 15-17 години ако не и повеќе за бесповластена тарифа.
Јас имам колектори за вода па ја увидов разликата од инсталирана до искористена моќност, некаде сум на помалку од тие 60%.
Значи ако си со повластена тарифа и ете имаш твои 20% влог, другото од банка, рачунај идеално за 10-12 години ќе ти се исплати инвестицијата.
Е сега концесиите се на 20 години, три најмалку ќе ти отидат на проектирање, папирологија и изградба( ова за малите хидроелектрани), за фотоволтаичните оди побрзо ама мислам дека сега не може да се добие договор за нив за со повластена тарифа.
Значи од 20 години, 13-15 години ќе идат на отплаќање на инвестицијата ако имаш среќа 5 години ќе ти донесува чист приход.
Ќе се сложите сите, дека ваков вид на инвестиција можеш да си дозволиш само и само во цврсто правно регулирано општество(Германија, Австрија...)
Ама пошто сме останале овде, ќе пробуваме да направиме нешто и тука, нели надежта последна умира:).
Да се надеваме дека Кочо ќе помогне при поттурнување на гореспомнатиот закон.
 
B

Bafra

Гостин
За хидро како што кажа ем време многу, ем пари, ем технички работи, само големи може тоа прават.
Но доколку ги отворат тие индустриски зони за фотоволтаични фарми, времето за административни глупости ќе се скрати а и помалку средства ќе треба да се ангажираат, па интересна можност е и без повластена тарифа, а по новите правила колку што разбрав, што помалку бараш субвенции, поголема шанса да добиеш бараното :toe:

А во Шкотска им плаќаат дупло повеќе, само ветерниците да НЕ им работат :confused:

https://off.net.mk/vesti/razno/borbata-so-veternici-zavrshuva-vo-smetkata-za-struja
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
За хидро како што кажа ем време многу, ем пари, ем технички работи, само големи може тоа прават.
Но доколку ги отворат тие индустриски зони за фотоволтаични фарми, времето за административни глупости ќе се скрати а и помалку средства ќе треба да се ангажираат, па интересна можност е и без повластена тарифа, а по новите правила колку што разбрав, што помалку бараш субвенции, поголема шанса да добиеш бараното :toe:

А во Шкотска им плаќаат дупло повеќе, само ветерниците да НЕ им работат :confused:

https://off.net.mk/vesti/razno/borbata-so-veternici-zavrshuva-vo-smetkata-za-struja
Ние скоро 30години имаме гас и не го користиме од политички причини!
Која е гаранцијата дека твојата или мојата инвестиција во т.н. енергетската индустриска зона, нема еден прекрасен ден да подпадне под немилост на некојси Ж?
Или едноставно, ќе се тегне со плаќањето на испорачаната енергија, за да дојдеш во ситуација да ги молиш по принципот "дај шта даш"!
И како последно, кој на тебе или мене како обични смртници ќе ни даде пристап до таа зона? Макар и да имаме и сакаме да инвестираме!
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
http://makfax.com.mk/daily-news/германците-и-данците-заработуваат-од/
Германците и Данците заработуваат од струја на покривите – Македонија допрва ќе носи закон
Носењето на новиот закон за енергетика на Министерството за економија декларативно навестува дека Македонија се подготвува да им овозможи на граѓаните и на домаќинствата да продаваат струја. Во државата не постојат законски услови што би овозможиле вишокот струја од обновливи извори да биде продаден на дистрибутерот на енергија. Во новиот предлог-закон за енергетика Министерството за економија срамежливо предвидува можност граѓаните да заработуваат од продажба на струја што самите ја произведуваат. Предлог-законот сè уште не е усвоен, а подзаконските акти, меѓу кои влегуваат и клучните мрежни правила, допрва ќе се усвојуваат.

Каква е праксата во Европа?

Во Европа има над 160 илјади т.н. енергетски задруги, кои претставуваат мини заедници на граѓани и домаќинства, организирани со цел да произведуваат и да го продаваат вишокот струја. Најдобри европски примери кои успешно ја развиле идејата за заработка од дома преку вакви енергетски панели на нисконапонска струја во домаќинствата се Данска и Германија.

Според статија на „Блумберг“, Германија речиси целата енергија што ја произведува е од обновливи извори. Притоа, над 50 отсто од целата потрошувачка што користи обновливи извори на енергија ја поседуваат токму енергетските задруги и граѓаните. Данска, според пишувањата на „Гардијан“, произведува 116 отсто од државните потреби за енергија од ветерници. Притоа, во оваа земја, ветерници поседуваат над 150 илјади граѓани. Граѓаните преку енергетските задруги се сопственици на 75 отсто од сите ветерници во земјата. Во Франција стапи во сила одредбата која предвидува сите комерцијални објекти на своите покриви мора да имаат или зелени покриви или соларни системи.

Eвропската федерација на енергетски задруги, наречена „Рескуп“, е голема мрежа на енергетски задруги, која ги координира заедниците од овој вид во Европа, и тоа во Белгија, Холандија, Франција, Шпанија, Германија, Данска, Англија, Хрватска и опфаќа над 1 милион корисници. Овој начин на производство на обновлива енергија стручната јавност го нарекува зелена економија и енергија на дофат бидејќи станува збор за енергија добиена од обновливи извори, од која граѓаните може да заработуваат и да придонесуваат за развој на економијата. Од земјите од соседството најбрз напредок има Хрватска и покрај многуте законски и пазарни пречки.

Со овој системски енергетски проект овие европски држави преку законите се обрзуваат да откупат одреден процентуален минимум струја од домаќинствата преку задолжително приложување на т.н. зелени сертификати. На тој начин ја откупуваат струјата од домаќинствата и од граѓаните. Европската енергетска заедница во директивите за обновливи извори на енергија, чиј потписник е и Македонија, препорачува стимулирање вакви извори енергија кај домаќинствата. (завршен цит)

Беа спомнати Данска и Германија, држави кои имаат над 100 дена врнежи во годината и многу тмурни облачни денови... Македонија од нив има барем двапати подобри услови за искористување на соларна енергија...по услови некаде сме на 4 место во Европа, меѓу 10те на Светот!
Системот нет-метеринг кој изгледа ќе МОРА да се донесе функционира вака некако .... https://www.youtube.com/watch?v=EuwfkW5M-kU&feature=share

 
Член од
31 декември 2009
Мислења
577
Поени од реакции
156
STo oprema imate za off grid sistem ako I'ma nekoj.jas naracav kontrolerot 550 den od od aliexpress.inverter 2000w 2150 den.panelot 250w od arese ke kosta 47den od w.ostanuva uste akumulator SE mislam od kola 120ah.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
да ве прашам до која цена се спремни да идат инвеститорите на соларни панели што купуваат приватно земјиште?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom