Знаат американците многу добро кои структури и под чија инструкција тоа го направија. Не ни го земаат за зло тоа и нема врска тоа со невозвратената љубов што трае 20 години меѓу македонецот и САД , која бара бескрајни гимнастики и рационализации.
Албанците беа нивни играчи од прв ден, и не, не е тоа дека дека шипците се умилкувале или дека не им ја палеле амбасадата, туку дека така било решено од САД. Две години после палењето на амбасадата нас не снајде тоа што не снајде, не ради тоа што горела амбасадата, туку зошто некој така го испланирал тоа со цела логистика што САД несебично ја пружи.
Додека сме кај признавањето, објасни ми ја баналната ситуација во која Америка го призна уставното име на државава, за после 15 години нивната администрација да го смени како да не постоело. Пак ли им запаливме нешто ?
Ете сам потенцирааш не ни го зимаат за зло што значи сепак не се такви злопамтила јенкиве, поентата на постот во тој дел е чисто да се види кој прв на кој се дрзна да дига рака, дека постојано глумиме невини душички, а тие структруи и ден денешен се сива еминенција во државата и главни креатори на јавното мислење во неа.
Сам знаеш дека ако јенкиве не сакаа да постоиме како држава после ваков чин ќе не збришеа и веќе ќе заборавевме дека сме имале држава, а и Калето немаше да биде главен центар за нивните политики на Балканот.
Албанците беа нивен главен играч, повеќе не се, тие беа потребни и ја извршија задачата во Косово , сега целите на американската политика пред се во Македонија се други па Албанците нема да бидат повеќе фаворизирани и да им се дозволува да прават што сакат, а воениот конфликт искрено не би го коментирал таму многу работи се нејасни.
Политиката не се води признале и тоа е трајно, интересите се тие кои се важни, настаните кои ја диктираат политиката од тој чин до денес се сменија драстично, не признаа да покажат дека ќе сме држава (воедно Буш беа секогаш промакедонски плус дипломатијата на Борис) но истовремено ние што направивме да искористиме полза од тоа во наредните 10 години, ситуацијата се менува на геополитичката светска сцена и влезот во НАТО за нив беше поважно него нашево уставно име.