Совершенството не е илузија, нема да зборувам сега дали човекот може и дали некогаш ќе го достигне совршенството, само ќе се обидам да го објаснам.
Совршенство е нешто што вклучува во себе се, ако замислиме една просторија која може да се наполни со некој гас или течност, просторија која е висока според наши мерки 2 метра, тогаш за да се објасни колку е блиску човекот до совршенство може да се каже дека исполнува 0,000000000000001 мм (ако не и помалце) од просторијата, совршеното битие би ја исполнило целата просторија, што значи дека го достигнало таванот, нема погоре, нема повеќе, тоа е совршено и завршено суштество.
А сега околу тоа дали постои или не постои, верувам дека оние што се верници на било која религија не можат да речат дека не постои совршенство бидејќи со тоа би го негирале Бог.
Јас немам цврст став околу можното постоење или непостоење на совршено суштество.