Здраво дечки, бидејќи не се разбирам многу од автомобиливе, пишувам тука со цел дека некој "паталец" ќе ми помогне
Возејќи накај дома ми светна сијаличката за акумулаторот. Застанав и жена ко жена не приметив ништо чудно, си продолжив да возам. По кратко време, воланот беше многу тежок (едвај вртев). Стигнав дома, ја паркирав и толку беше. Сабајлето, тргнав накај сервис и забележав дека цело уље истекло. Така возев некои 500-600 метри и пак назад во двор. Некои што ја видоа колата рекоа дека се скинал клинестиот каиш и уљето од сервото цело истекло, па поради тоа бил тежок и воланот. Денес со шлеп служба ќе ја носам во сервисот за Форд.
Е сега, ме интересира, дали сум направила уште поголема штета со тоа што ја возев кратко време без каиш? Кои би можеле да бидат последниците? Дали знаете од прилика колку би ме чинел сервисот? Дали со тоа што е возена без каиш и кај нешто друго дополнително предизвикало штета?
Секој одговор би ми бил од корист