Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.911
Поени од реакции
1.378
Здраво другари, ме интересира што би одбрале меѓу Opel Astra H (3 врати) или Голф 5 и зашто?
astra h imat problem so elektronikata, mnogu se nezni. od nigde nikade se pojavuva kola so kluc na sal tabla i kolata neprima turaza. problemite najcesto se so egr, senzor na ler gas, slab pritisok na gorivo i ako pregori sijalica izleguva abs problem i kolata neodi nad 3000rpm. site opeli grejat, begaj od opel. golf si e golf, ni grej,nema maka so elektronika, pomalce trosi, po eleganten e za vozenje. imam dva opeli od iskustvo ti kazuvam :)
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Разгледав и на други форуми дефинитивно ке преминам на био дизел од макпетрол, а што се однесува до дизните колку одприлика се цените на чистење на дизните ? Бидејќи со другар ги гледавме на дијагностика ми рече првата била ептен лоша, е сега на колата не гледам при возење/палење некои проблеми, колку е лошо за автомобилот да работи така ?

Sent from my SM-G900F using Tapatalk
Не мора биодизел, обичен дизел може. Од време на време ставај по малку двотактол во нафтата. На цел резервар гориво (околу 50 литри) се става околу 250 милилитри двотактол.

Инаку за дизните ако работи како што треба неме потреба да чепкаш нешто. Ако толку ти е мисла се ставаат адитиви за чистење дизни во резервар исто.[DOUBLEPOST=1535959086][/DOUBLEPOST]
Здраво другари, ме интересира што би одбрале меѓу Opel Astra H (3 врати) или Голф 5 и зашто?
Ни едното ни другото.

Голфовите се преценети, ништо помалку не се расипуваат од другите, исто коштаат за одржување и генерално се многу возени со минимално одржување (т.е. со крпење).

Астрата не е ништо посебно. Едни од најрасипливите возила што се излезени од опел. Често имаат проблеми со сензори во моторот.

Ако најдеш некоја тојота за слична цена е тоа е кола за турај/вози употреба.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.637
Поени од реакции
38.819
Здраво другари, ме интересира што би одбрале меѓу Opel Astra H (3 врати) или Голф 5 и зашто?
Само тојота, никако нешто германско, све е тоа расипливо друже мој, јапанац само што ќе направи нешто тоа не се квари. Ако не можеш јапанско боље точак да возиш него опел и голф
 
Член од
3 септември 2018
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво дечки, бидејќи не се разбирам многу од автомобиливе, пишувам тука со цел дека некој "паталец" ќе ми помогне :)
Возејќи накај дома ми светна сијаличката за акумулаторот. Застанав и жена ко жена не приметив ништо чудно, си продолжив да возам. По кратко време, воланот беше многу тежок (едвај вртев). Стигнав дома, ја паркирав и толку беше. Сабајлето, тргнав накај сервис и забележав дека цело уље истекло. Така возев некои 500-600 метри и пак назад во двор. Некои што ја видоа колата рекоа дека се скинал клинестиот каиш и уљето од сервото цело истекло, па поради тоа бил тежок и воланот. Денес со шлеп служба ќе ја носам во сервисот за Форд.
Е сега, ме интересира, дали сум направила уште поголема штета со тоа што ја возев кратко време без каиш? Кои би можеле да бидат последниците? Дали знаете од прилика колку би ме чинел сервисот? Дали со тоа што е возена без каиш и кај нешто друго дополнително предизвикало штета?
Секој одговор би ми бил од корист :)
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Kлинестиот мене ме кошташе некаде 1500 ден соси монтажа. Клинестиот го врти алтернаторот за струја што го полни акумулаторот, го врти сервото и ако има клима колата и климата работи со помош на клинестиот. Уљето не е скапо а исто така поради тоа што не работел алтернаторот спразнат е и акумулаторот и тој ќе ти го наполнат. Макс по мое за се 2000 ден ќе ти земат. Штета неверувам дека би имало некоја.
 
Уффф, добро е, сега ми е полесно :D
E сега уште едно прашање, како иде со влечниве служби? Како наплаќаат?
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Уффф, добро е, сега ми е полесно :D
E сега уште едно прашање, како иде со влечниве служби? Како наплаќаат?
Од 800 до 1200 АМСМ. Имаш и годишни картички од АМСМ кои коштаат 1000 ден негде и имаш шлеп служба во нив и некои помали поправки насекаде низ Македонија ако имаш проблем.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Здраво другари, ме интересира што би одбрале меѓу Opel Astra H (3 врати) или Голф 5 и зашто?
Голф дизел земи ако си зорт да бараш асална кола ,а опел не држи цена и лесно се расипливи околу електроника и сензори, а ако начекаш асална Тојота Аурис не се думај ама само бензинци се

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
6 ноември 2017
Мислења
84
Поени од реакции
26
Голф дизел земи ако си зорт да бараш асална кола ,а опел не држи цена и лесно се расипливи околу електроника и сензори, а ако начекаш асална Тојота Аурис не се думај ама само бензинци се

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
За голф 5, 1.6 FSI 116кс го фалат како најдобар мотор. За дизел не сум, искрено не се исплати на денешно време дизел пошто го направија ко бензинов, а и од никогаш не сум бил мераклија на дизелаши.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
За голф 5, 1.6 FSI 116кс го фалат како најдобар мотор. За дизел не сум, искрено не се исплати на денешно време дизел пошто го направија ко бензинов, а и од никогаш не сум бил мераклија на дизелаши.
Ти си знаеш, ако те прави ќеф тогаш земи го,но ако сакаш бензинец тогаш најдобар е Тојота Аурис

Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk
 
Член од
3 септември 2018
Мислења
3
Поени од реакции
1
Од 800 до 1200 АМСМ. Имаш и годишни картички од АМСМ кои коштаат 1000 ден негде и имаш шлеп служба во нив и некои помали поправки насекаде низ Македонија ако имаш проблем.
Ти благодарам многу :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.919
Дај препорачајте некој автолимар низ Скопје да ми среди една гребаница околу 10 цм долга али да не е некој изгор скап, да не тестирам самиот со некоја паста/маркер.
Или ако знаете нешто што е ефикасно да го поминам самиот дома, гледам рекламираат некои маркери што не знам колку се ефикасни.
 
Купи боја во продавница за бои и лакови според твојот код и помини ја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom