Mislejne za slednive?
BMW 320d 2020
Audi A5 2.0d 190hp 2018-19
Mercedes E220d 2017-18
Аудито гледај да биде со адаптивна суспензија ако ти е за низ Македонија. Барај со акустични прозори, зашто колата нема рамка на предните врата, и ке ти тропаат прозорците на секоја дупка. Со оглед на тоа дека столбот ти е до глава, ова ке го слушаш ако немаш дупли прозори. Ти кажувам од искуство, поседувам А5-ка од 2018-та. Веројатно знаеш дека 2018-та и 2019-та иако навидум исти мотори на хартија, фејслифт моделите го имаа тоа задушување на моторот заради дизелгејт. Ја би барал 3.0 мотор, ако ти дозволува буџетот. Доста погласен од 2.0 со 190кс, ама пак е 2 пати побрза кола.
BMW-то ако е со B47 мотор е можеби најдобриот избор. Нормално, внатре нема ни да е приближно на Ауди-то по дизајн, но сепак ке е најнова технологија, и на хартија најнова кола. Многу опции за додатно чепкање.
Ако ти е за мека вожња, тука Мерцедесот е број 1. Ама и со чести маки се, а се скапи за поправка.