Зависи до колата и зависи од озвучувањето, ако имаш некое над просечно озвучување и сакате да уживате во звукот со FM емитерот само ќе ви се скрши филмот, купив 3 FM емитери со надеж да слушам од iPod музиката, едниот беше од 400 и нешто од Анхоџ го земав, уште еден земав од 800-900 не ми текнува од каде и на крај земав од Apple store (што беше во Беверли) Belkin FM Transmitter и го платив ~2400-2600 денари и пак не го добив тоа што го сакав и си реков што џабе нервози кога не ми е проблем да менувам дискови и да режам + ако преку iPod пуштам музика ги губам командите што ми се на волан така да го баталив... Кога ќе ми текне сега подобро да ги дадев тие пари за уште едно појачало за предните звучници, бар немаше залудно да отидеа. Шумот зависи многу од тоа какво возило имате, те. каква опрема, кај мене во кола МНОГУ ретко и ретко на кои места вадеше послаб шум затоа што имам полно сигнали што се емитуваат од компјутерот што е во колата (сателитска навигација, мобилен, радио...) што за разлика кај другари што имаат обични системи со само player шумот беше послаб и скоро насекаде во колата работеше... Како и да е не постои совршен FM Transmitter, а тие што се блиску до совршенство се скапички.