Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Луѓе,ајде ако може малку помош.За братучедот баравме кола и најдовме едно Пунто 2006 година.Колата е на име на фирма.Планираме да ја земеме,но човекот ни вика дека треба да се одјави од централен регистар.Дали е ова вистина и ако е за колку време може да се заврши процедурата.Исто така ме интересира дали може да се провери дали истата кола е дадена под хипотека т.е дали фирмата ја дала под хипотека.Го прашувам сево ова,бидејќи човекот ни рече дека потребни биле 5-6 дена додека да се извади документ од централен р.Ај ако може некој поискусен да го објасни ова.
Можеби се потребни повеќе денови за да се извадат документите, но јас имам лошо искуство со такви возила. Ти вика вози го на име на фирма, ќе имаш полномошно додека е под некаков список, а после фирмата оди во стечај.... Ова е најлошо сценарио. Ако можеш договори се пред да го платиш да го стави на некое физичко име или било како само немој да им веруваш на фирмите може е пред банкрот... Мој совет.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Де кажи што им фали на штоповите кои ги имаш, и по можност дај фотка па може и да помогнеме нешто.
Едит: Сега видов дека ти фалат... епа Грција... половни нека ги донесе некој.
Познаваш некој шо иде по такви ствари до Грција?
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 03:28 ---
Фрли ја в отпад, ќе ти дат 250 евра. Додај 2 х 7000 денари (уште 250 евра) + трошокот за фарбање и ете ти 600-700 евра. Купи си културна кола - форд ескорд/фиеста има со лошати да ги риниш за тие пари. И делој на старо за 500-ки има се. Под услов да можип да го прочиташ ова.
Еми се сменил фонтот де :)

инаку, нема потреба од фарбање, само треба да се исправи багажникот (ќе ми го средат гага) и штоповите што неможам да ги најдам нигде :)
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
Луѓе,ајде ако може малку помош.За братучедот баравме кола и најдовме едно Пунто 2006 година.Колата е на име на фирма.Планираме да ја земеме,но човекот ни вика дека треба да се одјави од централен регистар.Дали е ова вистина и ако е за колку време може да се заврши процедурата.Исто така ме интересира дали може да се провери дали истата кола е дадена под хипотека т.е дали фирмата ја дала под хипотека.Го прашувам сево ова,бидејќи човекот ни рече дека потребни биле 5-6 дена додека да се извади документ од централен р.Ај ако може некој поискусен да го објасни ова.​
Можеби се потребни повеќе денови за да се извадат документите, но јас имам лошо искуство со такви возила. Ти вика вози го на име на фирма, ќе имаш полномошно додека е под некаков список, а после фирмата оди во стечај.... Ова е најлошо сценарио. Ако можеш договори се пред да го платиш да го стави на некое физичко име или било како само немој да им веруваш на фирмите може е пред банкрот... Мој совет.

Ти благодарам за советот.Инаку кај нас е малку поинаку,барем мислам дека поинаку ќе се одвива ситуацијата.Човекот вели му требало време да извади документи од Ц.Регистар бидејќи била на име на фирма.После тоа ќе му ја префрли на братучедот на нотар,и братучедот ќе му ги даде парите.

Туку мене друго ми е чудно!Дали навистина се чека толку денови и доколку се чека зашто има потреба од толку време?

Да не испадне во меѓувреме колата да ја дадат под хипотека и ние таква да ја купиме.Можно ли е вакво сценарио.Јас ипак мислам дека е сериозна фирма и дека не би требало да се случи вакво нешто.

Значи чудно ми е што удолговлекува 4 дена.Дали е тоа поради вистинска причина или само изговор.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Значи чудно ми е што удолговлекува 4 дена.Дали е тоа поради вистинска причина или само изговор.
Баш од озбилни фирми да се пазиш. А за централен се чека таква им е политиката на работење... Само од кога ќе се префрли на друг субјект ќе неможе хипотека на колата да има. Инаку се е можно па со полномошно да ја вози. Во секој случај парите последни да дојдат на сметка. Не први.
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
Баш од озбилни фирми да се пазиш. А за централен се чека таква им е политиката на работење... Само од кога ќе се префрли на друг субјект ќе неможе хипотека на колата да има. Инаку се е можно па со полномошно да ја вози. Во секој случај парите последни да дојдат на сметка. Не први.

Добро твое мислење е дека,откако ќе се извадат документи дека не може да има хипотека.Како и да е се разбира дека пари претходно никако.Инаку не ми е јасно дали и кое лице треба да дојде од фирмата на потпис кај нотар.Може било кое од кај нив или не.И не би сакале да ја вози колата со полномошно.Ќе сака да си ја префрли на свое име да му биде.Како и да е ти благодарам многу за одговорот.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Добро твое мислење е дека,откако ќе се извадат документи дека не може да има хипотека.Како и да е се разбира дека пари претходно никако.Инаку не ми е јасно дали и кое лице треба да дојде од фирмата на потпис кај нотар.Може било кое од кај нив или не.И не би сакале да ја вози колата со полномошно.Ќе сака да си ја префрли на свое име да му биде.Како и да е ти благодарам многу за одговорот.
Управителот на фирмата треба да стави потпис кај нотар.Или негов застапник нотарски заверен документ.
Но за вакви деликатни работи најдобро консултирај се со искусен адвокат за ваква проблематика. Во една фирма да не спомнувам која 4 комбиња луѓето по 2 години уште еднаш ги платија...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Која е поента за кола на фирма ако ја купиш па управителот на фирмата да ја одјавува од централен регистар.Нема логика.Сум продал 2-3 службени коли кои не сум ги одјавувил ниту па пријавил во централен регистар
 
Ако ги заложуваш ќе ги пријавиш во централен.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ако ги заложуваш ќе ги пријавиш во централен.
Ок не сум знаел.
Сепак која е одговорноста да ја заложиш а да не ја пријавиш,има и такви луѓе
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ок не сум знаел.
Сепак која е одговорноста да ја заложиш а да не ја пријавиш,има и такви луѓе
Тоа ваљда спаѓа во некој член од кривичен законик и не би знаел да ти кажам.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Совет за префрлање на автомобил на Мк таблици.Дали сте информирани за колку се движат царина данок и останати трошкови до регистрација.Сакам да префрлам Мерцедес СЛК на македонски табли 2007 година.Не сум во Македонија така да немам никаква идеја колку би коштало.Автомобилот ќе ме кошта да го купам некој 13 000 евра само во Мк не ги знам трошковите.Не барам точна цифра туку само отприлика да не има некој идеја.
 
Да прашаш некоја шпедиција најдобро. За инфо пред 3 години дадов 72.000 ден комплет со регистрација за Астра 2000 година. Шпедицијата ме кошташе 3000 ден, гледаат по каталог и тие ти ја носат на царинење.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.907
Поени од реакции
726
Може некој да ми каже како се прават/чистат зацрнети фарови на Фабија дизелаш ?
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
Која е поента за кола на фирма ако ја купиш па управителот на фирмата да ја одјавува од централен регистар.Нема логика.Сум продал 2-3 службени коли кои не сум ги одјавувил ниту па пријавил во централен регистар
Колата е на име на фирма,а не на управителот.Веројатно мислам дека он треба да ја одјави и после,да ни ја препише нам.Незнам дали е вака,но на овој начин најлогично ми изгледаат работите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom