Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
дали е изводливо да купам кола од Америка и со траект да ја пренесам во МКД и колку би ме чинело сето тоа т.е дали е исплатливо?
можеш... 3500 долари ти е транспорт до солун во контејнер...

кога ке ја донесеш тука, ке треба прво да ја преправиш да окажува во километри, па после да и ги смениш штоповите со европски пошто во америка наместо жмигавец им трепка стоп светлото, па после ке можеш да ја легализираш...
--- надополнето: 13 март 2012 во 00:10 ---
Денес колава ме изневери. Запали сабајлево, но над 15-600 обртаи не можеше да крене. Се работи за Астра 2.0 ДТИ. Кога работеше под овој режим пушташе бел дим. Некои викаат филтер за нафта некои бош пумпа. Некој имал искуство со ваков проблем?
15-600 обртаи?

ако се обидам да го дешифрирам ова тогаш би требало да биде 1500-600 обртаи... ако е така тогаш:

-се може да биде... филтер за нафта, бош пумпа, дизна некоја јебе, а и катализаторот се затнал... треба мајстор да ја види...
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Ај да прашам нешто дечки....

Иам Вектра 1.7 Б
Дизел
Е сеа на пример неколку дена ако не е запалена...и кога ја палам пали одма ЧАКМАК на битолски :D ... Ама по 3-4 секунди ке направи некој звуци онака ГркГРррр знаете бе како :D и паѓаат обртаите а не гибам на гас ич .. од стандард 700 РПМ паѓаат до кај 400-500 и по неколку секунди се враќа во нормала....Сакам да го средам тоа, количето ТОП е само ова ме нервира малце...
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Вака ми треба мислење од вас...поготово бидејќи се работи за Daewoo Lanos....не за друго туку,многу поделени мислења слушам.

Значи најдов многу добро зачувана(да не речам стакло) Daewoo Lanos со 60.000 поминато,2002год,со целосна опрема,само без airbag.

Човекот(пензионер) ја продава за 1400евра.(од 30км на саат,повише нема кренато....само низ град возена)

Јас поевтин Lanos неможам да сретнам никаде.....по огласите се мин 1800евра,па нагоре,и тоа со над 150.000 километри.

Е сега ми треба совет од вас,колку би коштало да се вгради плински уред,за оваа кола......и какви муабети или искуства сте слушале за колава??
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885

Ако стварно го знаеш чиката и е со толку километри вреди за парите нормално
плин околу 500-550 евра (мислам дека инџекшн е ланосот) најдобро прашај си во плимонт, плин најдобро да ставиш пошто си троши посебно градска
п.с. што може да има од "целосна опрема" без аирбег :) електрика на предни стакла и серво во надобар случај :pos:
клима има или не? ... во секој случај за тие ако е стварно така а не од кажување тогаш земај ја и за одржување е ефтина
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
15-600 обртаи?

ако се обидам да го дешифрирам ова тогаш би требало да биде 1500-600 обртаи... ако е така тогаш:

-се може да биде... филтер за нафта, бош пумпа, дизна некоја јебе, а и катализаторот се затнал... треба мајстор да ја види...
Да 1500-600 обртаи. Филтерот за нафта не ми е менуван 3 години нема поминато ни 15000 км со него. Катализатор одамна го решив изваден е го нема.
Еден мајстор одма ми стана чудно ништо друго не провери, оп ми вика еве на компјутер бош пумпата е. Знам дека неможе со компјутер да ја дијагностицира пумпата. Па еве да прашам тука.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Ако стварно го знаеш чиката и е со толку километри вреди за парите нормално
плин околу 500-550 евра (мислам дека инџекшн е ланосот) најдобро прашај си во плимонт, плин најдобро да ставиш пошто си троши посебно градска
п.с. што може да има од "целосна опрема" без аирбег :) електрика на предни стакла и серво во надобар случај :pos:
клима има или не? ... во секој случај за тие ако е стварно така а не од кажување тогаш земај ја и за одржување е ефтина
Да бе и клима има....и не сум сигурен,можеби и регистрација да има уште 7-8 месеци.

Чиката е пензионер,и има пари,и изгледа сака да ја смени....знаеш дека луѓето како стареат така будалеат :)

А другарче имам мајстор,и он му ја одржава....пред се он ми ја препорача,инаку кај се нафаќам јас така да зимам мачка у вреќа.

Ме кочи само плинот што е многу скап бе...550 евра....зар неможе да се најде поевтино плин со документи,а јас да најдам да ми го монтираат,и да го атестирам??
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
некој да знае да ми објасни што значи Nm кај колите? пр. ако голф има 285 Nm a бмв 280 Nm теоретски голфот е побрз или се лажам?
Нм е единица мерка за вртежен момент. Вртежниот момент е, просто кажано, силата со која моторот го врти коленестото вратило. Оваа сила (на вртење) се пренесува понатаму преку преносниот систем („брзините“, прва, втора...) на тркалата, со тоа што за да го добиеш вртежниот момент со кој се вртат тркалата (што е всушност силата која ја влече колата) треба да го помножиш вртежниот момент на моторот со преносниот однос (прва брзина има највисок однос - значи најмногу сила ја влече колата, при ист вртежен момент на моторот, во прва брзина - затоа тргнуваш во прва, потоа втора има понизок однос, трета уште понизок итн...).

Вртежниот момент зависи од бројот на вртежи и од типот на моторот - дизелите генерално развиваат понизок вртежен момент (за мотори со иста кубикажа) од бензинските; исто така дизелите го развиваат максималниот вртежен момент при пониски вртежи (~ 1800-2000 вртежи/мин) во однос на бензинските (~ 4000 вртежи/мин).

Теоретски кола со повисок вртежен момент е побрза, но не мора да значи - прво мора да го помножиш моментот на моторот со степенот на пренос за да ја добиеш вредноста на моментот којшто дејствува на самите тркала. Исто така е битно што, дизелашите на пример, иако со повисок вртежен момент, можат да се вртат до помал број на вртежи на моторот, што значи мораш да менуваш во степен погоре побргу отколку кај бензинците и со тоа губиш на забрзување но и на вртежен момент на самите тркала (како што кажав, моментот на тркалата се добива кога ќе се помножи моментот на моторот со преносниот однос)....

Сепак, за секојдневна примена, мислам дека дизелашите се попогодни (ако ги занемариш другите маани кои ги имаат во однос на бензинците) бидејќи даваат висок вртежен момент на ниски вртежи, што овозможува полежерно возење, а и полесно е да претекнеш некој спор шлепер (но само еден! ако е колона, веројатно ќе треба да смениш во степен погоре, бидејќи дизелашите не се вртат многу - на 4000 веќе мора да менуваш). Во суштина дизелашите својата сила ја даваат експлозивно - кратко ама јако, додека бензинците се малку поинакви - помалку ама подолго ;)
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Да бе и клима има....и не сум сигурен,можеби и регистрација да има уште 7-8 месеци.

Чиката е пензионер,и има пари,и изгледа сака да ја смени....знаеш дека луѓето како стареат така будалеат :)

А другарче имам мајстор,и он му ја одржава....пред се он ми ја препорача,инаку кај се нафаќам јас така да зимам мачка у вреќа.

Ме кочи само плинот што е многу скап бе...550 евра....зар неможе да се најде поевтино плин со документи,а јас да најдам да ми го монтираат,и да го атестирам??
Епа прашај си најдобро во плимонт или на друго место ама цените се тука некаде, за мене плимонт е меѓу најдобрите
Инаку за сам да купиш па да монтираш незнам ...
Како и да е за тие пари е одлична понуда, не ја пропуштај !
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Да 1500-600 обртаи. Филтерот за нафта не ми е менуван 3 години нема поминато ни 15000 км со него. Катализатор одамна го решив изваден е го нема.
Еден мајстор одма ми стана чудно ништо друго не провери, оп ми вика еве на компјутер бош пумпата е. Знам дека неможе со компјутер да ја дијагностицира пумпата. Па еве да прашам тука.
може може....

истиот курац јас го папав со добло едно... едноставно не работеше... извади клема,остави 2-3 минути да се ресетира компјутерот, врати ја, (пробај го и ти ова) запали го ке поработи малку и ке изгаси, а и кога ке работи не прима гас повеке од 1800 обртаи... испадна бош пумпа, сензор еден глуп, чита некакви неправилности... сега незнам на мондеото твое дали е со сензори бош пумпата или не... ако е од тие поновите модели со сензори, тогаш може да е до нејзе, таа има и електронска контрола за проток на гориво... и да не те плашам, ама скапи се за средување тие бош пумпи, а и кај нас неможе секој ојле и дојле да ги прави... конкретно за доблото нас ни бараа 1200 евра за репарирање и тоа во грција да се носи... чарето го решивме така што упасиравме стандардна бош пумпа од фијат за 250 евра купена, без сензори, одговараше на штрафови и каишница... после ни светеше чек енџинот цело време... пи и сијаличката ја извадивме...

значи ако ти е до бош пумпата, ако е електронска, и ако ти бараат баснословна цена за репарирање, јави се, побарај ме, ке ја донесеш колата кај нас у гаража и ке чиниме чаре со класична бош пумпа. на мондеото би требало да паше бош пумпа од куриер, фиеста, транзит... сите тие се класични бош пумпи без ќорав сензор и се наоѓаат од 250 до 300 евра + раб. рака за мајстор боро...

разликата меѓу тие 2 пумпи е во дозирањето на гориво. со електронските бош пумпи “наводно“ се намалува потрошњата и за нијанса е потивок мотоорт... а на доблото приметивме зголемена потрошња ДУРИ ЗА ПОЛОВИНА ЛИТРО НА 100 КМ.... ептен заштеда, што да ти кажам... пола литро... цели 35 денари сега би било на 100 км... ако удрам рачун од 250 евра до 1200 евра заштеда во сервизот, до крај на животото возен на тоа возило, нема да се исплати т.е. потроши разликата од 950 евра...

п.с. мајстор боро е експерт за дизели...
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Вака ми треба мислење од вас...поготово бидејќи се работи за Daewoo Lanos....не за друго туку,многу поделени мислења слушам.

Значи најдов многу добро зачувана(да не речам стакло) Daewoo Lanos со 60.000 поминато,2002год,со целосна опрема,само без airbag.

Човекот(пензионер) ја продава за 1400евра.(од 30км на саат,повише нема кренато....само низ град возена)

Јас поевтин Lanos неможам да сретнам никаде.....по огласите се мин 1800евра,па нагоре,и тоа со над 150.000 километри.

Е сега ми треба совет од вас,колку би коштало да се вгради плински уред,за оваа кола......и какви муабети или искуства сте слушале за колава??
Зимај го, еден другар има 150 000 има поминато освен потрошни делови друго му нема сменето. Неговиот е 2000г и стварно е задоволен од колата. Единствена мана им е вешањето многу се меки и не се за агресивно возење :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
може може....

истиот курац јас го папав со добло едно... едноставно не работеше... извади клема,остави 2-3 минути да се ресетира компјутерот, врати ја, (пробај го и ти ова) запали го ке поработи малку и ке изгаси, а и кога ке работи не прима гас повеке од 1800 обртаи... испадна бош пумпа, сензор еден глуп, чита некакви неправилности... сега незнам на мондеото твое дали е со сензори бош пумпата или не... ако е од тие поновите модели со сензори, тогаш може да е до нејзе, таа има и електронска контрола за проток на гориво... и да не те плашам, ама скапи се за средување тие бош пумпи, а и кај нас неможе секој ојле и дојле да ги прави... конкретно за доблото нас ни бараа 1200 евра за репарирање и тоа во грција да се носи... чарето го решивме така што упасиравме стандардна бош пумпа од фијат за 250 евра купена, без сензори, одговараше на штрафови и каишница... после ни светеше чек енџинот цело време... пи и сијаличката ја извадивме...

значи ако ти е до бош пумпата, ако е електронска, и ако ти бараат баснословна цена за репарирање, јави се, побарај ме, ке ја донесеш колата кај нас у гаража и ке чиниме чаре со класична бош пумпа. на мондеото би требало да паше бош пумпа од куриер, фиеста, транзит... сите тие се класични бош пумпи без ќорав сензор и се наоѓаат од 250 до 300 евра + раб. рака за мајстор боро...

разликата меѓу тие 2 пумпи е во дозирањето на гориво. со електронските бош пумпи “наводно“ се намалува потрошњата и за нијанса е потивок мотоорт... а на доблото приметивме зголемена потрошња ДУРИ ЗА ПОЛОВИНА ЛИТРО НА 100 КМ.... ептен заштеда, што да ти кажам... пола литро... цели 35 денари сега би било на 100 км... ако удрам рачун од 250 евра до 1200 евра заштеда во сервизот, до крај на животото возен на тоа возило, нема да се исплати т.е. потроши разликата од 950 евра...

п.с. мајстор боро е експерт за дизели...
Опел Астра 2.0 ДТИ е. Не е мондео. Инаку ако не завршам работа обавезно ти се јавувам.
 
Член од
10 април 2009
Мислења
146
Поени од реакции
9
Нм е единица мерка за вртежен момент. Вртежниот момент е, просто кажано, силата со која моторот го врти коленестото вратило. Оваа сила (на вртење) се пренесува понатаму преку преносниот систем („брзините“, прва, втора...) на тркалата, со тоа што за да го добиеш вртежниот момент со кој се вртат тркалата (што е всушност силата која ја влече колата) треба да го помножиш вртежниот момент на моторот со преносниот однос (прва брзина има највисок однос - значи најмногу сила ја влече колата, при ист вртежен момент на моторот, во прва брзина - затоа тргнуваш во прва, потоа втора има понизок однос, трета уште понизок итн...).

Вртежниот момент зависи од бројот на вртежи и од типот на моторот - дизелите генерално развиваат понизок вртежен момент (за мотори со иста кубикажа) од бензинските; исто така дизелите го развиваат максималниот вртежен момент при пониски вртежи (~ 1800-2000 вртежи/мин) во однос на бензинските (~ 4000 вртежи/мин).

Теоретски кола со повисок вртежен момент е побрза, но не мора да значи - прво мора да го помножиш моментот на моторот со степенот на пренос за да ја добиеш вредноста на моментот којшто дејствува на самите тркала. Исто така е битно што, дизелашите на пример, иако со повисок вртежен момент, можат да се вртат до помал број на вртежи на моторот, што значи мораш да менуваш во степен погоре побргу отколку кај бензинците и со тоа губиш на забрзување но и на вртежен момент на самите тркала (како што кажав, моментот на тркалата се добива кога ќе се помножи моментот на моторот со преносниот однос)....

Сепак, за секојдневна примена, мислам дека дизелашите се попогодни (ако ги занемариш другите маани кои ги имаат во однос на бензинците) бидејќи даваат висок вртежен момент на ниски вртежи, што овозможува полежерно возење, а и полесно е да претекнеш некој спор шлепер (но само еден! ако е колона, веројатно ќе треба да смениш во степен погоре, бидејќи дизелашите не се вртат многу - на 4000 веќе мора да менуваш). Во суштина дизелашите својата сила ја даваат експлозивно - кратко ама јако, додека бензинците се малку поинакви - помалку ама подолго ;)
фала, те измучив за одговоров ама ми опиша доволно јасно за да го сфатам :) правев споредба на коливе, и се чудев што им значат њутнметрите. има коли со исти њутнметри ама разлика во коњажата и преност(едните со 5 другите со 6 брзини). да видам дали сум го сфатил како што треба....под претпоставка да имаат иста или слична кубикажа, вентилите се кај повеќето 8, њутнметрите се добар параметар за стартноста, крајната брзина на едно возило. ако на сето тоа додадеме и различна килажа, 1 брзина повеќе, тоа што го пишав за голфот сум го погодил. или имам мозоче колку зрно грашок :)?
а и ќе има помала потрошувачка...
 
Пардон, имам една грешка во текстот: сум напишал „дизелите генерално развиваат понизок вртежен момент“ (во однос на бензинските), а треба да стои обратно.

Генерално, ако споредуваш бензинец со бензинец, на пример, нормално дека моторот со поголем вртежен момент дава повеќе влечна сила - е сега, понатаму перформансите ќе зависат и од преносниот систем, тежината на возилото итн... Дизелите имаат повисок вртежен момент, но бргу го достигнуваат максималниот број вртежи (кој е и понизок од максималниот број вртежи кој го достигнува бензинскиот мотор) - затоа генерално дизелите се поспори, иако „од место“ се „поексплозивни“, т.е. посилно повлекуваат. Е, сега имаш денес и турбо бензински мотори, потоа бензински со механички компресор, и тоа малку ја комплицира ситуацијата, бидејќи таквите мотори имаат, исто како и дизелите, висок вртежен момент, и тоа од низок број на вртежи... Кога ќе имам време ќе допишам уште нешто, ако се сетам на некое подобро објаснување - и ако има нејаснотии уште.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Не се сеќавам дали беше во оваа тема муабетот пред некое време што се правеше за шведскиве возила, Volvo и Saab... го најдов видеово од Top Gear, спомнуваат кои се причините за пропаѓањето на Saab. Добро е да се изгледа
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
фала, те измучив за одговоров ама ми опиша доволно јасно за да го сфатам :) правев споредба на коливе, и се чудев што им значат њутнметрите. има коли со исти њутнметри ама разлика во коњажата и преност(едните со 5 другите со 6 брзини). да видам дали сум го сфатил како што треба....под претпоставка да имаат иста или слична кубикажа, вентилите се кај повеќето 8, њутнметрите се добар параметар за стартноста, крајната брзина на едно возило. ако на сето тоа додадеме и различна килажа, 1 брзина повеќе, тоа што го пишав за голфот сум го погодил. или имам мозоче колку зрно грашок :)?
а и ќе има помала потрошувачка...
Е, да ти одговорам конкретно за ситуацијата што ја опишуваш, бидејќи претходно се концентрирав само да дообјаснам околу вртежниот момент...

Да, њутнметрите се индикатор за стартноста, но за максималната брзина гледај ја моќноста (коњски сили или киловати) и - како што самиот заклучуваш, бројот на брзини (иако, теоретски е можно кола да има помалку брзини, но нивниот однос да е таков да крајната, да речеме 5-та кај една кола е иста со 6-та кај друга... но тоа е повеќе теорија, во пракса односите се горе-долу исти). Воглавно, ако моторот има поголем вртежен момент, логично е да има и поголема моќност - но ова важи само за мотори со слична конструкција. Дизел мотор би имал поголем вртежен момент од бензински (со иста кубикажа), но најверојатно ќе има помалку коњски сили и ќе биде поспор.

Ова ти се добри материјали кои ја објаснуваат таа проблематика, оттаму и јас доста од ова го научив:

http://www.car-videos.net/articles/horsepower_torque.asp
http://www.allpar.com/eek/hp-vs-torque.html

btw, torque=вртежен момент
 
Kajgana Shop

На врв Bottom