Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.911
Поени од реакции
1.378
Искуство со гуми марка CONFORSER STAR NEXEN TIRE летни за назад. Планирам сонив да поминам една сезона.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Дечки
За автоматик за педалата (кочница и гас) си имаат самите од мајка алуминиумски обвивки, ми треба да најдам или некој ако прави за одморалиштето на левата нога... било какво да е.
Фала
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
349
Поени од реакции
133
Ако си запознаен напиши малку повеќе,кој плински систем го има,каде е монтиран,дали е тој од 1100€ со сооднос на потрошувачка 70%плин/30% бензин, колку време/години го има?
1.Плинскиот уред што се монтира или го има фабричкиот не троши како системот што го има VW TSI моторите.
2. Плински уред за тоа возило тој го има со 40л боца марка AG centrum - полски со поголема расплињача за 420евра.
3. За економичност троши околу 9 грдска, 6-6.5 отворено , 7-8 комбинирано пак во зависност дали го возиш домаќински или не.
Тоа ти е одприлика 40л(26ден. ЛПГ)боца=1200денари= 450км градска, плус минус толку е.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Искуство со гуми марка CONFORSER STAR NEXEN TIRE летни за назад. Планирам сонив да поминам една сезона.
Гуми ко гуми...за една сезона ќе поминеш, е сега си треба пажливо возење оти не очекувај кизнај каков грип, сепак се во класа на Тигар или подолу дури можда.
Автоматски споено мислење:

1.Плинскиот уред што се монтира или го има фабричкиот не троши како системот што го има VW TSI моторите.
2. Плински уред за тоа возило тој го има со 40л боца марка AG centrum - полски со поголема расплињача за 420евра.
3. За економичност троши околу 9 грдска, 6-6.5 отворено , 7-8 комбинирано пак во зависност дали го возиш домаќински или не.
Тоа ти е одприлика 40л(26ден. ЛПГ)боца=1200денари= 450км градска, плус минус толку е.

Малку појќе троши од 9 градска...по 10 л. бензин градска оди обичниот 1.4, а па не турбо со 140 коња. Нема кола бензинец со 140 коња што ќе троши испод 10 л градска, тоа се приказни за деца, не знам што ти кажал другар ти ама тоа е.

Не знам ни која е поентата да лажат за колите колку им трошат, самите се лажат себеси.
 
Последно уредено:
Член од
27 мај 2016
Мислења
349
Поени од реакции
133
Гуми ко гуми...за една сезона ќе поминеш, е сега си треба пажливо возење оти не очекувај кизнај каков грип, сепак се во класа на Тигар или подолу дури можда.
Автоматски споено мислење:

Малку појќе троши од 9 градска...по 10 л. бензин градска оди обичниот 1.4, а па не турбо со 140 коња. Нема кола бензинец со 140 коња што ќе троши испод 10 л градска, тоа се приказни за деца, не знам што ти кажал другар ти ама тоа е.

Не знам ни која е поентата да лажат за колите колку им трошат, самите се лажат себеси.
Друже 2012 година со тој мотор го величат за баланс измеѓу економичност и трошња(ако можам вака да се изразам). Тоа што е 1.4- за тебе мал мотор а 140кс многу коњажа не значи дека ова троши 15 како кола од 99" освен ако не ја возиш во прва со 5000 вртежи се разбира.
Мислам еднаш кажав еве пак. Тој другар возел Битола-Солун-Метеори-Битола за 800денари плин...ај еве ќе заокружиме 1000че нека е....значи едно е да имаш турбо бензинец 99" друго 2012година. Јас лично се распрашувам за ваква кола оти ми се кења више од дизелов што го возам.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Абе друже тој мотор не е ништо посебно па да троши помалку...обичен мпи мотор е на кој има додадено турбо.

Нема врска кола од 99-та или сегашна...за 140 коња да се произведат се знае колку бензин треба да се потроши, па бил моторот 1.4 турбо или 2.0 без турбо.

Кога астра х со 1.4 мотор троши и по 10-11 литри низ град...како е можно таа астра што е потешка и има 140 коња да троши 9?

Тоа е теоретски невозможно.

Држи вода да троши бензинец помалку со директно убризгавање на гориво ама пак тоа е 1 литар, 1,5 литар макс. помалку...а згора на тоа овој мотор на опел не е со директно, обичен мотор е со турбо додадено, затоа може и плин да му се стави
 
Значи за тебе ништо посебно не е да извозиш 600км за 800денари ? А со дизел ќе дадеш 2000 денари и пак ќе велиш нема врска...
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Да да секако, пази за 500 денари да не извозел 600 километра, бре лаги со опашки

Земи малку пресметај...му иде 4.5 литри потрошња на 100...4.5 литри ПЛИН на 100, ова пред кооперација муабет тоа е нивото

туку чекај можи магнет има на цревото за плин другар тогаш може 4.5 да му троши :pos::pos::pos::pos:

Бре опелџии кај ве мајка роди најпаметни, бензискиве ќе ги пропаднете со мала потрошувачка :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Гуми ко гуми...за една сезона ќе поминеш, е сега си треба пажливо возење оти не очекувај кизнај каков грип, сепак се во класа на Тигар или подолу дури можда.
Автоматски споено мислење:

Малку појќе троши од 9 градска...по 10 л. бензин градска оди обичниот 1.4, а па не турбо со 140 коња. Нема кола бензинец со 140 коња што ќе троши испод 10 л градска, тоа се приказни за деца, не знам што ти кажал другар ти ама тоа е.

Не знам ни која е поентата да лажат за колите колку им трошат, самите се лажат себеси.
Турбо моторите трошат помалку гориво од атмосферските мотори . Во некои случаи , на мотори со иста зафатнина , таа разлика изразена во проценти оди и преку 15% . И тоа заради една многу проста работа , максимален вртежен момент . Турбо мотор - поголем макс. вртежен момент достапен на мнооогуу понизок број на вртежи . Тоа значи моторот е поеластичен и поспособен да потегне во поголем степен на пренос , на помал број вртежи . Не мора цедење во пониска брзина . Затоа сите нови мотори се турбо . А тој 1.4 турбо на Опел кај Астра Ј баш и не е енормен потрошувач . Чисто за споредба , таквата Астра која што ја продаде пријателов , а која што јас ја гледав да ја земам , покажа скоро иста потрошувачка на гориво со моето Клио 1.4 16v 98 кс и маса од едвај еден тон. Клиото 8,7 л , Астрата 9,2 литри гориво во град , нели она релативно "домаќинско" возење , што сите го спомнувате . Половина литар повеќе за кола која што е класа погоре , скоро 400 кг потешка и со два броја поголеми тркала . Башка дека и потрошњата на гориво многу зависи и од возачот ке ти каже и податоков дека Клиото , во рацете на сестра ми или татко ми , возено низ град не ги проаѓа тие скоро 9 литри , а во мои раце знае и 11 литри да потроши ... А кај новите коли , потрошувачката на плин е многу малку поголема од потрошувачката на бензин . Не се ова некогашните мотори со карбуратори ...
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Турбо троши помалку само кај дизел или бензинец со директно убризгавање, како TFSI, TCE кај рено, или бензинците на форд (eco boost). На обичен турбо мотор како тој на Опел, кој концепциски е баш од 90-тите, малку тешко.

Наместо мене да ми објаснуваш што е вртежен момент, земи стај го прстот на чело и размисли дека нема нешто за ништо, тие њутн метри не идат од тоа што турбо ставиле под хауба, туку на турбото му треба и гориво и издувни гасови за да се заврти доволно и да влече на 2000 вртежи.

Инаку проста пресметка колку троши бензин вс. плин. Бензинот има 36 мегаџули на литар енергетска вредност, плинот околу 26 на литар...што значи за да ја има истата снага треба да троши околу 30 % повеќе плин од бензин во најдобар случај, тоа се законите на термодинамика, се друго се детски муабети од типот, на татко ми колата оди 250 и сл.

Никој не измислил перпетум мобиле уште или пак барем вистински снажен а штедлив бензински мотор, особено пак не Опел.
 
Океј , теоријата е таа . И твојата и мојата е исправна . А 1.4 мотор што троши 9-10 литри е далеку од штедлив , тоа е точно . Но конкретно за овој мотор ти кажувам искуство од прва рака . 10 дена ја возев таа Астра . Ти споредив и со Клио-то кое го имам 3 години . 3 месеци возев и Ауди А3 со новиот 1.0 TFSI 115 кс и тоа трошеше 9 литри . Свифт 1.2 82 кс исто ми трошеше преку 9 . Ајде да кажам дека нив ги возев малку поагресивно од Астра-та. Ама разликата сигурно не би била 3 литри кога би бил ист режим на возење . Максимум да биде литар . И според овие искуства јас заклучувам дека Астра-та која има најмоќен мотор од сите овие , а троши скоро иста количина на гориво , е помал потрошувач по однос вложено - добиено ... За тоа правиме муабет . Колата не е моја , не сум ја поседувал , па да те лажам . По ова прашање сум секогаш искрен . Башка јас Опел и Форд генерално НЕ САКАМ !!! Така да не го величам . Сега ти сакаш верувај , сакаш не ...
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
107
Поени од реакции
81
Да да секако, пази за 500 денари да не извозел 600 километра, бре лаги со опашки
Земи малку пресметај...му иде 4.5 литри потрошња на 100...4.5 литри ПЛИН на 100, ова пред кооперација муабет тоа е нивото
туку чекај можи магнет има на цревото за плин другар тогаш може 4.5 да му троши :pos::pos::pos::pos:
Не само тоа, него изгледа и боље иде на плин одошто на бензин. Ние шо возиме дизел коли глупи сме.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Дечки да напраиме една споредба. Кај вас во лер на колку обртаи работат дизелите? Kaј мене моментално 1.6tdci околу 700rpm(680-750). Во зима знае и до кај 900 да отиде за побрзо да загрее
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Нормални вртежи се тие, макар да и малку ниски. Само сепак обртометрите не се 100 % точни, тие 700 може да бидат реално и 750 па и 800.

Инаку кај мене 1000 додека загрее, околу 850 на загреан мотор.
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203
Дечки да напраиме една споредба. Кај вас во лер на колку обртаи работат дизелите? Kaј мене моментално 1.6tdci околу 700rpm(680-750). Во зима знае и до кај 900 да отиде за побрзо да загрее
Кај мене на ладен мотор во зима, макс 5 секунди варира блиску 1000 и после паѓа до околу 700-750 (според стрелката) немам поврзано на обд да видам точно.
А за дискусијата со 4.5 литри на плин... Немам зборови. Јас вадам 3.5 средна вредност на автопатите грција ама на дизел со 1.3 мотор 70кс (според бордот), не ми е ни најмалку веродостојно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom