Друже било која кола што не е лада, југо и сл. кога ќе ја купиш нова и ќе ја купиш релативно нова е добра, да не се лажеме. Верувај во допир сум со многу коли и Опелите не дека се дно дна ама не се ни ништо посебно.
А тоа дека не рѓосувале постарите опели, нз најди некој што вози астра или вектра од постарите генерации и прашај го колку пати е досега фарбана или крпена ако нема на нејзе рѓа. Рак рана буквално тоа е и тоа најголема на опел која ја среди тек во колите послем 2004-2005.
Еве ако французите се познати по удобност, алфа по дизајн и држење на пат, опел по што е познат? По ниска цена и тоа е. Не ги спомнувам ни катастрофалните дизели ,само опел може да смеша дизел со масло, да дојде бош пумпа за оправка која кошта колку пола колата што вреди и сл. Ни бензинците не се нешто кизнае што особено помалите, трошат масло, ремонт и менување диктон на глава е стандард процедура и редовно гасам ламбичиња на опели со дијагностика, за утре пак да се запалат од непознати причини...немој друже аман.
Евтина кола за од точка А до Б и ништо повеќе не е опел.
За возврат, никогаш ама никогаш немам слушнато Тојота или Хонда да троши масло, било бензинец или дизел...НИКОГАШ, ако снемува масло поверојатно е да тече од некаде него да го гори во моторот.