Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
Пред неколку дена додека возев по надолнина почувствував силен мирис на изгорено на предните два диска на Корсава Ц. Застанав покрај патот за да проверам и навистина беше така - мирисот доаѓаше од предните дискови (но најмногу на десниот). Но набрзо потоа некако исчезна мирисот. Инаку плочки имам сменето пред два/три месеци, а дисковите се во одлична состојба. Проблемот се уште го забележувам, па дури сега стоп-светлата што ми се за кочење постојано ми светат (како ногата по дифолт да ми е ставена на кочница). Најмногу се сомневам дека се работи за цилиндрите кои ги притискаат на плочките на дисковите. Гледав и на Интернет во врска со ова. Знаете ли некој во Скопје кој прави „преработка“ на вакви цилиндри или колку би ме чинело да ги заменам истите со нов комплет? Да напоменам, никогаш претходно не сум имал ваков проблем. Исто така, проверив дека имам доволно количество течност за кочниците, но од друга страна сега, пак, чувствувам блага крутост на педалото за кочница. За што точно зборувам, погледнете на следните ЈуТјуб линкови:

1. Astra G front caliper BIGGRED seal replacement;

2. How to Rebuild a Brake Caliper (WITHOUT Removing it From Your Car_);

3. Replacing rear brake caliper seals.
Ниеден мајстор нема да ти ги направи како што можеш ти сам да ги направиш, секој ќе гледа површински да помине со помалку работа, се утев од давање пари за истата кола и за истиот проблем ме натераа да давам и 5000 денари го сменив сајлата од рачната со сите компоненти а не беше за менување, и на крај фатив сам ги исчистив и подмачкав шепите, ми заглавуваше рачната и тој проблем го решив со чистење на шепите и механизмот за рачна што е позади шепата, а "мајсторите" со ВД40 сакаа да го средат.
Имаш видеа еден куп, сам најубаво ке го средиш.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118

Според Вас значи не се работи за некој посериозен проблем? Инаку и јас помислив дека е можно да се работи за заглавување на шепите. Дента се отепав од „трукање“ мислејќи дека се работи за нешто безначајно. Деновиве, ако најдам слободно време, ќе се обидам да го средам тоа прво со WD-40. Патем, најдов доста видеа за овој проблем на ЈуТјуб. Ти благодарам за советот!(y)
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Пред неколку дена додека возев по надолнина почувствував силен мирис на изгорено на предните два диска на Корсава Ц. Застанав покрај патот за да проверам и навистина беше така - мирисот доаѓаше од предните дискови (но најмногу на десниот). Но набрзо потоа некако исчезна мирисот. Инаку плочки имам сменето пред два/три месеци, а дисковите се во одлична состојба. Проблемот се уште го забележувам, па дури сега стоп-светлата што ми се за кочење постојано ми светат (како ногата по дифолт да ми е ставена на кочница). Најмногу се сомневам дека се работи за цилиндрите кои ги притискаат на плочките на дисковите. Гледав и на Интернет во врска со ова. Знаете ли некој во Скопје кој прави „преработка“ на вакви цилиндри или колку би ме чинело да ги заменам истите со нов комплет? Да напоменам, никогаш претходно не сум имал ваков проблем. Исто така, проверив дека имам доволно количество течност за кочниците, но од друга страна сега, пак, чувствувам блага крутост на педалото за кочница. За што точно зборувам, погледнете на следните ЈуТјуб линкови:

1. Astra G front caliper BIGGRED seal replacement;

2. How to Rebuild a Brake Caliper (WITHOUT Removing it From Your Car_);

3. Replacing rear brake caliper seals.
Јас менував цилиндар за кочници,450 денара го платив на ЛПР-Италијанска компанија,ама делот беше произведен во Кина..Не ти се исплати да го поправаш,тури си ново и немаш гајле..Успат,ако можеш провери го и глицеринот,има посебно апаратче,и мери колку проценти на вода има внатре..Ако има превише вода во глицеринот не чини,и треба да го замениш..
Само да те предупредам,кочниците се скап спорт,може грдна пара да дадеш,да смениш и добоши,дискови,глицерини,сајли и пак да немаш кочници..

Ако чувствуваш крутост,може се полни со воздух баш од цилиндарчето,и треба да се испушти од цуцлите на дисковите..Тоа се прави на канал,и е 10 минути работа..

Но,можеби плочките не ти се во ред,и затоа стругаат..Како ги оцени дисковите дека се во ред?
Се мерат со шублер тие,и има спецификации до каде може да се изабени,ако не се многу,се рамнат со посебна машина..

Ти блокира некое тркало најверојатно..Треба да се отвори и да се среди.

На првото видео што си го постирал,тоа се вика шепа,а не цилиндар..
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
Според Вас значи не се работи за некој посериозен проблем? Инаку и јас помислив дека е можно да се работи за заглавување на шепите. Дента се отепав од „трукање“ мислејќи дека се работи за нешто безначајно. Деновиве, ако најдам слободно време, ќе се обидам да го средам тоа прво со WD-40. Патем, најдов доста видеа за овој проблем на ЈуТјуб. Ти благодарам за советот!(y)
Незнам, не реков дека не е сериозен проблем, треба да се види што нечини, што е проблемот, напамет кај кочниците не оди, а тоа со вд40 ти е краткотрајно решение.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Јас менував цилиндар за кочници,450 денара го платив на ЛПР-Италијанска компанија,ама делот беше произведен во Кина..Не ти се исплати да го поправаш,тури си ново и немаш гајле..Успат,ако можеш провери го и глицеринот,има посебно апаратче,и мери колку проценти на вода има внатре..Ако има превише вода во глицеринот не чини,и треба да го замениш..
Само да те предупредам,кочниците се скап спорт,може грдна пара да дадеш,да смениш и добоши,дискови,глицерини,сајли и пак да немаш кочници..

Ако чувствуваш крутост,може се полни со воздух баш од цилиндарчето,и треба да се испушти од цуцлите на дисковите..Тоа се прави на канал,и е 10 минути работа..

Но,можеби плочките не ти се во ред,и затоа стругаат..Како ги оцени дисковите дека се во ред?
Се мерат со шублер тие,и има спецификации до каде може да се изабени,ако не се многу,се рамнат со посебна машина..

Ти блокира некое тркало најверојатно..Треба да се отвори и да се среди.

На првото видео што си го постирал,тоа се вика шепа,а не цилиндар..
Ок, а каде да набавам нов комплет? За дисковите знам дека се во ред бидејќи ги менував пред година/година и пол. Инаку знам дека на дребонг милиметарски се стругаат за нивно израмнување. Додека плочките, како што постирав и претходно, ги менував пред едно два/три месеци. А за глицеринот знам дека не е променет долго време. Кај може да набавам таков апарат за мерење на вода во глицеринот и колку треба да испуштам од цуцлите глицерин за да забележам било какви промени?
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
Ок, а каде да набавам нов комплет? За дисковите знам дека се во ред бидејќи ги менував пред година/година и пол. Инаку знам дека на дребонг милиметарски се стругаат за нивно израмнување. Додека плочките, како што постирав и претходно, ги менував пред едно два/три месеци. А за глицеринот знам дека не е променет долго време. Кај може да набавам таков апарат за мерење на вода во глицеринот и колку треба да испуштам од цуцлите глицерин за да забележам било какви промени?
Скапи се нови, за астра г задна шепа беше околу100 евра една.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Ај ќе се потрудам за викендов да проверам и ќе Ве информирам. Во секој случај, Ви благодарам за укажувањата и советите! Се надевам дека ќе изнајдам решение за проблемов со кој се соочувам.
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Ок, а каде да набавам нов комплет? За дисковите знам дека се во ред бидејќи ги менував пред година/година и пол. Инаку знам дека на дребонг милиметарски се стругаат за нивно израмнување. Додека плочките, како што постирав и претходно, ги менував пред едно два/три месеци. А за глицеринот знам дека не е променет долго време. Кај може да набавам таков апарат за мерење на вода во глицеринот и колку треба да испуштам од цуцлите глицерин за да забележам било какви промени?
Каков комплет? Шепи ли? Незнам како сте ги менувале плочките,оти кога менуваш плочки,мораш клипчето да го вратиш назад,дали со хебла,дали со некој друг посебен алат, тоа е многу проста операција,оти плочката како се троши,така и клипчето се прилагодува на трошењето..Кога ставаш нова плочка,фактички неможеш да ја наместиш ако клипчето не го вратиш..

На дребонг е стар принципот,има посебни машини за обработка на дискови,само тркалото се вади,се откачува шепата и се рамни на лице место..Ни да вадиш ни да ебаваш..

Глицерин не менува никој,ама кога ќе дојде густо,се трча одма да се менува..Таков апарат за мерење би требало да имаат појаките автосервиси,и тоа е многу просто,се прилагодува на типот на глицерин,дот 3 дот 4, има како едно цевче се тура во казанчето за глицерин и електронски кажува до кој степен има вода внатре..И тоа е многу едноставно..

Треба еден да влезе во кола и да друка,ти ќе испушташ од цуцлите еднаш-двапати..Ја оштрафуваш цуцлата,тој внатре притиска 2-3 пати и кога кочницата е притисната скроз доле тогаш заштрафуваш..На сите тркала треба така..Однеси ја кај некој мајстор,не експериментирај сам..
Кочниците се заебана работа,од едно ебано цилиндарче,може да треба да менуваш и глицерин, и пумпа па и се,и пак може да се случи тоа тркало да не кочи.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Сакам да прашам како и на кој начин освен глупостите со кока кола и паста за заби со што можам да исчистам корозија(рѓа)на хромиран браник....

Благодариме
Паста алухром, ја има во маркетиве поголеми јас во рамстор мол ја земав од маркетот
додуша не сум ја користел така стои
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Уште еднаш ти благодарам за сугестиите! Инаку што се однесува до плочките, истите ги менував кај еден мајстор кој го познавам одамна. Морав да ги сменам бидејќи беа многу истрошени, а тоа го забележав како и во овој случај на автопат. Отидов кај него да ги смени и се беше во ред. Само еве додека сега постирам не можам да се сетам дали мајсторот го врати цилиндарот додека ги менуваше плочките или, пак, не, бидејќи јас бев присутен кога ги менуваше. А за тоа со дребонгот, да, знам. Доста интересно во врска со утврдувањето вода во глицеринот - искрено за ова не знаев претходно. Во секој случај корисна информација. А што се однесува, пак, до „трукањето“ мислам дека нема потреба од тоа, бидејќи немам чепкано во тој сегмент. Во претходниот пост кога зборував за ова пред се мислев на тоа дека „трукав“ на самото место додека бев на автопатот, мислејќи дека ако има некаква прљавштина, нечистотии... дека ќе се отстранат, т.е. дека се работи само за обично заглавување на излегување и повлекување на самиот цилиндар.
 
Ти си друкал во место,ништо не си постигнал....Си ја притискал кочницата,ама после 3-4 притискања кочницата се дига горе и е камен тврда..
Се друка на канал,пошто само одоздоле имаш пристап до цуцлето за испуштање воздух..Се оштрафува курето,ти притискаш на кочница,кога ќе потече глицерин од цуцлата ја задржуваш,тој ја стега цуцлата и чао пријатно..Тоа е толку проста работа,што секој подобро упатен ќе ја среди..Ти треба една 8-ица или 10-ка ѕвезда или окаст,и ќе завршиш работа..
 
Разбирам. А според ова што ми го кажувате, мислете дека ова е една од можните причини за решавање на проблемов?
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Разбирам. А според ова што ми го кажувате, мислете дека ова е една од можните причини за решавање на проблемов?
Само по надолнина кога возеше ти замирисаа кочниците?
Ако не мирисааат цело време ако не блокира колата, тогаш ти ставиле срање плочки и си држел кочница константно по удолницата и затоа замирисале односно си ги прегреал. А после прегревање се оштетуваат плочките и кочат многу полошо.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Само по надолнина кога возеше ти замирисаа кочниците?
Ако не мирисааат цело време ако не блокира колата, тогаш ти ставиле срање плочки и си држел кочница константно по удолницата и затоа замирисале односно си ги прегреал. А после прегревање се оштетуваат плочките и кочат многу полошо.
Тогаш многу мирисаа, а дури после таа случка јас пак (после ден/два) возев на автопат и мирисот беше значително помал (скоро и да не се забележуваше). Еве дури пред неколку дена пак возев по локални патишта ама не забележав воопшто ништо (со исклучок на светлата кои постојано ми сигнализираа дека постојано држам кочница).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom