Едноставно глобализација-еден производ се препакува во неколку видови на амбалажа го има и кај телефоните,таблетите, телевизорите.....во цела индустрија)
Повеќето автомобилски компании имаат исти кооперанти и често може да се види различни марки (во кои има огромна разлика во цената) да имаат ист кооперант кој вградува многу слични делови во ентериерот
Еден пример е фирмата Harman Becker Automotive Systems која како самостојна фирма има речиси никаков успех во пазарот на авторадија, меѓутоа како доставувач на автомобилните компании (мерцедес, ауди, порше, мини, хјундаи, бмв, пежо, ферари) има огромен број на продадени производи (се разбира под различни имиња)
Овие радија автомобилните компании ги продаваат под свое име и како резервен дел за нив наплаќаат дури 10х поскапо.
Во денешно време цената на автомобилот е висока заради многуте вработени во самата компанија, а не заради тоа дека деловите се квалитетни или дека тие многу коштаат.