Снукер

Ф

Фил Ајви

Гостин
Neil Robertson - Shaun Murphy (15:30) 4-4

Mark Allen - John Higgins (11:00) 2-6
Добра партија на Хигинс, доста е сконцентриран и ги користи сите шанси без многу грешки.

Кај вториот дуел има голема борба, неизвесно и повеќе се игра надмудрувачки.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.922
Поени од реакции
475
Јас мислам дека Shaun Murphy може да изненади.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Shaun Murphy -------------------------- John Higgins
(The Magician)-----------------------------------(Wizard of Wishaw)
vs.



4-4 е моментално, се игра до осумнаесет добиени фрејмови, мислам дека во овој дуел ќе победи искуството на Хигинс.
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Џон Хигинс нов светски шампион во снукер

Шкотланѓанецот Џон Хигинс го освои својот трети севкупен трофеј на Светското првенство во снукер, по победата над Шон Марфи со 18-9 во финалето во Шефилд.
Хигинс им се приклучи на Стив Дејвис, Стивен Хенри и Рони О'Саливан како единствени снукер играчи кој оствариле "хет-трик" на Светското првенство.
Точно 11години по неговата прва победа на Светското првенство, а сега на 33-годишниот Хигинс му беа потребни само три фрејма во финалната серија да ја обезбеди тутулата која исто така ја освои и во 2007година.
"Ова е неверојатно"- изјави Хигинс по победата, кој беше опкружен од неговата сопруга и трите деца. "Кога прв пат победив во 1998година, требаше многу време за повторно да ја освојам оваа титула. Но сега, по 2007година, само две години ми требаа по трети пат да го подигнам најпрестижниот снукер трофеј."

Шон Марфи немаше сили да го запре налетот на Хигинс. Тој му парираше само во почетните 10фрејма, кога резултатот беше изедначен- 5:5, но потоа следеше серија на Хигинс од 7фрејма по ред за резултат 12:5. Во последниот ден од финалната серија, се влезе со резултат 16:8 и на Шкотланѓанецот му беа потребни само три фрејма да го обезбеди неговиот трети трофеј на Светското првенство.
"Се потешко станува за играчи како мене и Рони О'Саливан, бидејки сега има многу повеке конкуренција, но негледам некоја причина зошто да неможам уште неколку пати да го освојам овој трофеј."- изјави Хигинс и додаде:
"Иднината е во момци како Марк Ален и Марк Селби, и јас ке бидам тука само уште неколку години. Единствениот начин за повторно да ги победам овие млади и неверојатни играчи е да играм на долги мечеви, и да пробам да издвојувам победа благодарејки на моето искуство."- заврши Хигинс.
ас играв добро до десеттиот фрејм, кога резултатот беше нерешен"- рече Марфи, кој не дозволи неговите приватни проблеми со сопругата да влијаат на неговата игра на Светскиот шампионат.
"Тактички и во услови на беспрекорна заштитна игра, Хигинс е најдобриот играч против кој некогаш сум играл. Секоја чест за него, бидејки многу често се најдов во позиција да бидам на потег незнаејки што да направам т.е како да одиграм"- заврши Марфи.
Со 33години, Хигинс е најстриот играч кој некогаш победил на Светскиот шампионат по Денис Тејлор во 1985година.

извор: www.sportdenes.com
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
Марфи се реваншираше во Португалија. Инаку следново ми се случи: пред финалето идам да уплатам, во сите кладилници ме гледаа ко луд! Снукер? А? Што е тоа?...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.543
Поени од реакции
11.633
Човече, ова снукеров е ТОП работа.
Двајца омилени снукераши ми се Рони О'Саливен и Џон Хигинс.
После нив следуваат Стифен Хендри, Стив Дејвис, Марк Селби и Шон Марфи.
Ма што зборувам, и овие кинезиве Динг Џунгхуи и Марко Фу се ТОП, и Лианг Венбо и Ксиао Гуодонг не се
лоши, Гуодонг го победи О'Саливен на China Open 2009 турнирот, а ги има само 20 години.
Ама најомилени ми се О'Саливен и Хигинс. О'Саливен е природен снукераш, мислам дека може да ја игра играта и со очите врзани, ама знае понекогаш да откачи. Не знам кога рекол за Стифен Хендри дека може да се соблече по гаќи, да танцува, да го победи во снукер, но и после тоа пак ќе му се врати на својот мизерен живот, се разбира подоцна му се извинил за тоа што го рекол. А во декември 2006 на Британскиот Шампионат 2006, во мечот со Стифен Хендри, О'Саливен губеше од Стифен Хендри со 4:1, но сепак имаше шанса да продолжи да игра и да го победи, бидејќи играа до максимални 17 фрејма, што значи дека тој што ќе победи ќе мора да освои 9 фрејма за да победи во мечот.
И што се случи ?
Уште една откачена драма во режија на О'Саливен, го предаде мечот на Стифен Хендри и со тоа се откажа и од мечот и од турнирот.

Еве ја снимката од тој момент како го предава мечот на Хендри:

Додека се ракува со него предавајќи му го мечот, му рекол:
"Извини, пријателе, не можам повеќе".

Ова му е најбрзиот максимален брејк на О'Саливен, 147 бодови:

А Хигинс е невиден лисец, човече, да играш со него и ако те стави во снукер ситуација, односно во ситуација каде што најсигурно ќе направиш грешка и ќе ќари бодови од твојата грешка, ќе поминеш низ неверојатен пекол со него. Шампион е за да те воведе во тешка ситуација, а исто така е и шампион за да се извлече себеси од тешка ситуација. Дефинитивно заслужува почит. Дури и самиот О'Саливен кажа во септември 2009 непосредно пред почетокот на Grand Prix 2009 турнирот во Гласгов, Шкотска, дека Хигинс е вистински мајстор за снукер. Играа еден против друг во истоимениот турнир до максимални 9 фрејма и ги одиграа сите максимални 9 фрејма, Хигинс го победи О'Саливен со 5:4. Хигинс изгуби од Нил Робертсон во четвртина финалето на турнирот, играа до максимални 11 фрејма и ги одиграа сите максимални 11 фрејма, Робертсон го победи Хигинс со 6:5.

И О'Саливен и Хигинс си имаат свои предности и недостатоци.
Во 2001 О'Саливен го победи Хигинс во финалето на Светскиот Шампионат во снукер 2001 со 18:14 и со тоа за прв пат во неговата кариера стана светски шампион. Победата му ја посвети на својот татко.
А тате негов пак, е сопственик на ланец продавници за порничи во Сохо, во западен Лондон, во 1992 го затвориле за убиство на црнец телохранител на некои си двајца познати детективи и лежеше 18 години. На судењето неговите адвокати тврделе дека било во самоодбрана, но тој тврдел дека воопшто и не бил таму, а имало и докази и сведоци дека бил таму и дека тој е убиецот. Во 2003 успеа да докаже дека не е расист и од тука следува дека убиството не е од расистички мотиви. Но мораше да ја одлежи 18 годишната казна затвор и го ослободија сега во 2009. А во меѓувреме, младиот О'Саливен западнал во депресија, станал наркозависник, во 1995 му ја одзеле возачката на една година и му собрале 1200 фунти казна поради брзо возење, во 1996 мама негова ја затвориле на седум месеци поради неплаќање на данок, во 2009 рече дека снукерот му станал досаден и дека станал сра_е од спорт. Неговиот живот од 1991 до 2009 е прав хаос, секоја му чест како издржал. Во повеќе наврати има навредено познати личности, во повеќе наврати има изјавено дека ќе го батали снукерот, во повеќе наврати се има откажано од фрејм кој почнал пред неполни 5 или 10 минути, за што и бил казнуван со одземање на одреден број на бодови од листата на Светската Снукер Асоцијација на најдобри снукераши во светот. Има две деца, ќерка и син, со жена со која што се запознал за време на терапија за прочистување од наркотици, но се разделиле подоцна, а децата тој ги задржал, сега мислам дека има друга девојка, дали се венчани не знам, но по се изгледа од 2009 кога татко му го ослободија, животот му се враќа во нормала, дај Боже.

Хигинс, од друга страна во 2006 откако изгуби од Кен Дохерти во финалето на Малта Купот 2006, се опијани и мораа камен пијан да го испратат до авион.
Во 2008 му го доделија MBE (Order of the British Empire) медалот, една од најголемите признанија што Велика Британија им ги доделува на докажани државници и народни херои, нешто слично како витештвото.

Стифен Хендри, Стив Дејвис, Рони О'Саливен и Џон Хигинс се единствените живи
снукераши кои што повеќе од два пати го освоиле Светскиот Шампионат во
снукер, и тоа:

Стифен Хендри - 1990, 1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1999;
Стив Дејвис - 1981, 1983, 1984, 1987, 1988, 1989;
Рони О'Саливен - 2001, 2004, 2008;
Џон Хигинс - 1998, 2007, 2009.

Секој од нив бил светски снукераш број 1 во светот, тоа се одредува по бодови кои што се освојуваат врз основа на тоа до каде играчот стигнал на турнири, колку поблиску стигнал до осмина финале, четвртина финале, полуфинале или финале, толку повеќе бодови ќе освои, се разбира ако победи ќе ќари екстра повеќе бодови. Денеска овие четворица професионални снукераши при сезоната 2009/2010 се рангирани вака:

1. место со 53575 бодови Рони О'Саливен, до сега 5 сезони бил светски снукераш
број 1, земајќи ја во предвид и сезоната 2009/2010;
4. место со 45825 бодови Џон Хигинс,
до сега 3 сезони бил светски снукераш број 1;
10. место со 33125 бодови Стифен Хендри,
до сега 9 сезони бил светски снукераш број 1;
23. место со 24544 бодови Стив Дејвис,
до сега 7 сезони бил светски снукераш број 1.

Само тие што спаѓаат во ТОП 16 на листата на Светската Снукер Асоцијација
на најдобри снукераши во светот можат да учествуваат на било кои турнири организирани, спонзорирани или поддржани од страна на асоцијацијата без да мораат да се квалификуваат на истите. Останатите ќе мораат да се квалификуваат за да учествуваат на турнирите.

Стифен Хендри и Џон Хигинс се Шкотланѓани, а Стив Дејвис и Рони О'Саливен се Англичани. Од нив четворица само на Рони О'Саливен до сега не му бил доделен MBE (Order of the British Empire) медалот, додека на oстанатите тројца им е доделен.

Сите четворица имаат направено максимален брејк со 147 бодови и тоа:

Стифен Хендри - 9 пати;
Рони О'Саливен - 9 пати;
Џон Хигинс - 5 пати;
Стив Дејвис - само еднаш во 1982 на Lada Classic 1982 турнирот.

Инаку, за снукер играчници во Македонија не знам, знам дека во Скопјево наше ги има неколку,
но само една има оригинална маса за снукер со оригинални димензии на какви што играат професионалните
снукераши и на какви што се игра на турнирите, 3.569 x 1.778 метри. КМ Билијард се вика играчницата, се наоѓа позади домот за постдипломци Атанас Близнаков кај Педагошка Академија. Адресата е "Дрезденска", бр. 19, локал 14. Местото е ТОП, не знам колку наплаќаат, ама сум поминал неколку пати покрај влезот и знам дека работат барем до 24:00, а и по тоа што други ми имаат кажано, дефинитивно вреди да отидеш таму и да одиграш некоја партија билијард или снукер.

Е па што да им се прави, побратиме, знаат само за фудбал, кошарка и ракомет. Снукерот бара максимална тишина и концентрација, нема урлања како на стадионите. Оваа женскава судијка Микаела Таб е закон. Позната е по тоа што во повеќе наврати ги има предупредувано луѓето во публиката ако снимаат или сликаат со мобилен телефон или камера или ако урлаат, дека ќе бидат исфрлени ако не се приберат. Правилата забрануваат попречување на концентрацијата на играчите со било какви осветлувачки тела или звуци. Била капитен на клубот кој победил во Светскиот Шампионат во билијард во сезоната 1997/1998. Заинтересирана била и за снукер, но дошле до заклучок дека не може да игра, бидејќи масата е преголема и ќе мора да се растегне за долги потези нели, ама нејзините гради ги допирале топките, а правилата велат дека не смееш со ништо да ги допираш или поместуваш топките, освен белата која што ја ориентираш со ударите од стапот за снукер се разбира.

Еве некои интересни моменти од нејзината кариера како судија на снукер натпревари:

Овде ги подбира тие од публиката:

Овде со О'Саливен дискутираат за тоа дали може розовата топка да се врати на место или ќе треба да ја премести, бидејќи нејзиното место е зафатено од црвените топки, од каква помош и е само О'Саливен:

Овде се изненадува кога Динг Џунгхуи прави грешка во меч со Џон Хигинс:

Исто така е и судијка и на натпревари во билијард.
Во 2009 стана првата жена судијка која што судела во финалето на Светскиот Шампионат во снукер кога судеше во финалето на Светскиот Шампионат во снукер 2009 во мечот помеѓу Џон Хигинс и Шон Марфи, играа до максимални 35 фрејма, ги одиграа 27 фрејма и на крајот Хигинс го победи Марфи со 18:9, со што влезе во друштво со Стифен Хендри, Стив Дејвис и Рони О'Саливен кои што се единствените живи снукераши кои што повеќе од 2 пати победиле во Светскиот Шампионат во снукер.

Снукеров е дефинитивно ЗАКОН спорт.
И дефинитивно треба да ги има повеќе снукер играчници во државава наша, не сакам да мешам политика и спорт, но кога овие од Агенција за млади и спорт толку многу се одлучени да инвестираат во спортот, постојано отвораат нови спортски игралишта и нови спортски сали, што не им текне да изградат и по некоја снукер играчница ?
Еве, во Велика Британија во Шефилд во Крусибл театарот се игра Светскиот Шампионат во снукер.
Кај нас во Македонија два нови театари се градат, стариот скопски театар и новиот театар во Велес.
Што не им текне да се игра Македонски Шампионат во снукер во некој од овие театари, кога веќе се градат ?
Ама што да ти се прави, ова ти е Македонија, земјата на чудата, каде што се случуваат секакви чуда, од чуден пораз во фудбал од Андора, до коцкари кои се кладат во секакви спортови, а кога ќе им спомнеш снукер, ко зачудени се.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Одличен спорт, порано гледав пред заспивање, одма заспивав:pos2:
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Жестока борба се води во Глазгов, Робертсон е два фрејма одалечен од титулата.
 

CHELSEA_SR

SAXON
Член од
27 март 2009
Мислења
73
Поени од реакции
2
рони е најдобар само што е пукната зелка на чисто,сега можда ќе го откажал учеството на мастерсот каде што ја брани титулата за да учествува на големиот брат каде што имал најголеми шанси за победа..........................
 

CHELSEA_SR

SAXON
Член од
27 март 2009
Мислења
73
Поени од реакции
2
па почна мастерсот во лондон,а марк селби го здроби на кинезо динг со 6-1,иначе има интересни парови како рони против нил робертсон или пак шон марфи против стивен хендри,но и другите се интересни,нема да биде лошо ако џон хигинс изгуби од марк ален,:pehar:мој фаворит е се разбира рони ракетата,но кај него ништо не се знае,но како и да е ќе биде доста интересен турнир,и се надевам на одбрана на титулата од страна на рони...........
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Ronnie O'Sullivan изгуби во финалето од Марк Селби...:duel:
Штета за рони...за него навивам одсекогаш...Ју ар д бест!!!!:smir:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
До пред некое време пратев на Еуроспорт, ама сега скоро ич не ме влече.Иначе немам играно никогаш.:smir:
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Почна светско во Шефилд :vozbud:
Напред Хендри :vozbud:










:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:











 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Јас ги гледам на еуроспорт, навивам за косоокиот Ding!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom