- Член од
- 29 ноември 2008
- Мислења
- 83
- Поени од реакции
- 46
Снобизам
Зошто има толку непочитување во нашите меѓусебни односи?
Зошто има толку понижување, исмејување и омаловажување?
Видете, јас разбирам дека тоа се општочовечки карактеристики и ги има на сите меридијани, но тоа што се случува кај нас ги надминува границите. Па кај нас е правило во меѓусебните односи.
Мислам дека тоа доаѓа од несигурноста на луѓето во своите сопствени квалитети, во својата позиција во општеството, па мораат да понижат или да омаловажат некого за да се почуствуваат вредни.
Еве тривијален пример. Некој е подобар од тебе во некоја работа, ти никако не си задоволен од таа ситуација и сакаш да ја промениш во твоја полза, постојат два начина:
Затоа, ние не признаваме вредности, постигнувања, квалитет.
Затоа ова наше општество не создава врвни резултати, затоа нашата економија не создава брендови, затоа не добиваме вишок на вредност, затоа имаме најниски доходи по глава на жител во Европа.
Текстов го заглавив снобизам, а зошто снобизам?
Затоа што истите тие луѓе што толку ги понижуваат и ги омаловажуваат тие околу себе, истите тие се сервилни и неми пред авторитетите и властодржците, дури и во ситуации кога се онеправдани.
Ете ти - општество на снобови.
http://b-n-z-r.blogspot.com/2012/03/blog-post_19.html

- Потешкиот начин: учиш како да го достигнеш и да го надминеш постигнувањето на опонентот. Овој начин не гарантира успех затоа што секогаш некој е подобар во нешто од другиот, едноставно подобро му оди, можеби има подобри предиспозиции.
- Полесниот начин: Треба да го омаловажиш, оцрниш и негираш постигнувањето на опонентот, па тогаш тоа што го правиш ти - малку и неквалитетно, да изгледа како единствена можна опција и понуда.