Департизација - Ослобоување на разумот

Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Во овие две теми:
  1. http://forum.kajgana.com/showthread....82%D0%B2%D0%BEhttp://forum.kajgana.com/showthread.php?13218-Како-да-го-департизираме-целото-општество и
  2. http://forum.kajgana.com/showthread.php?11086-Да-објавиме-војна

се дискутираат прашања важни за општественото, политичкото и културното живеење во Македонија.
Но во тие дискусии не се собра критичка маса на луѓе кои би покренале иницијатива за создавање на движење - здружение кое би направило нешто за да се промени повеќедецениското сивилото.

Дали можеме со заедничка акција да ја собереме таа критичка маса и да почнеме да ги менуваме работите околу нас?

ДДП - Движење за департизација

Идеи?
 

Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Ако мислиш на движење за департизација како политичка опција погрешен потег пошто тоа е ипак партизација, ако мислиш како невладина организација и движење за департизација на јавните институции, и администрацијата потполно се сложувам со тебе и имаш целосан подршка од мене еве предлог од мене да се покрене една невладина организација која преку протести, брошури , пропаганда би се борела за департизација на јавните инстуции и администрацијата
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Сигурно би било демагогија да се формира политичка партија за департизација на општеството.
Дури мислам дека и формирањето на невладина организација веќе носи определена компромитираност.

Потребно е формирање на ДВИЖЕЊЕ кое барем на почетокот ќе биде базирано на форуми и социјални мрежи, за да се собере виртуелна сила која потоа може преку собирање и осмислување на идеи да одлучи како да се дејствува понатаму.

Зборувам за департизација на свеста, раѓање на слободно размислување во нашите глави, за намалување на влијанието на политичките партии и нивно затварање во собранието, за непартиски локални избори, за промени, за акција.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Ова е моја идеја како што и самиот виде Какос, но сепак, нашето општество, вклучително и ова cyber-ското е под директно влијание на политиката.

Или ајде да дадам пластичен пример. Мајка со витлери го советува синот:

„Ако те видат на телевизија дека си против политика, нема да најдиш работа, нигде нема да те примат!“

Многу и од младите зедоа партиски книшки само да најдат работа! Како би изгледале тие да членуваат во ваква организација? Мршојадците веднаш ќе се нафрлат и ќе кажат дека е под политичка диригентска палка.

Ваква организација, РАДО би прифатил да се оформи со амин од ЕУ. Има и основа и да се побарат и финански средства оти на ЕУ им е преку к** од политизацијата на општеството, па би требало да фрлат некој динар за опрема, пропагандни материјали и сл.

Ваквата идеја може да наиди на широк консезус САМО ако се работи сериозно.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Деновиве сум нешто посебно расположен да ги критикувам мизерниве телевизии па и тука ќе почнам. Значи, кога се сака да се департизира општеството за да може граѓанинот да гради свој став за работите кои се случуваат, тогаш нужно е прво да се департизираат телевизиите. Медиумите се главни креатори на јавното мнение, а бидејќи телевизијата е најупотребуваниот медиум тогаш таа има најголемо влијание врз народот. Во Македонија не постои објективно новинарство, или и тоа малку што постои се занематува бидејќи субјективните ставови на квази- новинарите се оние кои секојдневно се сервираат на јавноста. Телевизиите се поделени на два табора, едните вршат дневно - политичка пропаганда во интерес на Владата,а другите критикуваат и ја подржуваат опозицијата. И покрај тоа, настојуваат јавното мнение да го завртат во сопствена полза и во полза на партијата чии интереси застапува. Кај нас новинарството функционира малку на поинаков начин. Се пласираат инфомации за кои е највеќе платено или од кои телевизијата може да извлече најголема полза... а интересот на народот е целосно занемарен... Со подлебата на телевизиите се врши и политичка поделба на народот, а на тој начин народот повеќе не функционира какоедна целина со заедничкидржавни интереси....

Е сега, за организирање на движење за департизација на општеството. Тоа дефинитивно многу тешко ќе оди. Зошто? Ако информацијата за организирање на такво движење дојде до новинарите од владините телевизии, тие ќе ја класифицираат како опозиционерска, и обратно, ако дојде до новинарите од опозициските телевизии, ќе се калсифицира како владина пропаганда. Повторно, народот зафаќа страна и организирањето е осудено на пропаст...

Иако ми делува мала веројатноста, јас се надевам дека во блиско време ќе се најде некоја умна глава што ќе смисли оригинален план како да не ослободи од партизацијава на се околу нас. Јас ја подржувам иницијацијата и директно ќе се вклучам ако треба! Мме.. редно е да почнеме како народ да мислиме, а не како партиски пиончиња!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.715
Поени од реакции
12.137
Кај нас како тргнало, ќе се доделуваат книшки уште у породилно. мала шала
За да го ослободиш умот од било каква стега, треба да си ти самиот слободен и во физичка смисла. За споредба -стомакот завива и вели дај да јадам...нормално, треба да се задоволи првин материјалното за после да се надградува (или ослободува) идеолошки. Или направи споредба како дете и родител. Детето нема право да делува самостојно затоа што зависи материјално од својот родител. Затоа мислам дека ова е малку пропала инвестиција во земји како нашата -доколку невработеноста беше барем половина и стандардот ни беше барем 2-3 пати повисок, тоа е веќе друг муабет.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Многу и од младите зедоа партиски книшки само да најдат работа! Како би изгледале тие да членуваат во ваква организација? Мршојадците веднаш ќе се нафрлат и ќе кажат дека е под политичка диригентска палка.

Ваква организација, РАДО би прифатил да се оформи со амин од ЕУ. Има и основа и да се побарат и финански средства оти на ЕУ им е преку к** од политизацијата на општеството, па би требало да фрлат некој динар за опрема, пропагандни материјали и сл.

Ваквата идеја може да наиди на широк консезус САМО ако се работи сериозно.
Гледам дека слични размислувања извираат во повеќе теми,
на пр. овде (незнам во што се преточи).

Има луѓе и има идеи - нема реализација.
Голем проблем е нашиот менталитет - никој никому не му верува, тешко соработуваме, секогаш бараме таен контекст, владе завист и безиницијативност...

Токму затоа сметам дека тие што имаат иницијативи, што имаат идеи треба да ги обединат усилбите.
Разбирам дека поголем дел од луѓето ги прифаќаат околностите и се обидуваат да се прилагодат спрема нив, од друга страна мора да постои авангарда на борци кои се спротивставуваат и ги менуваат работите.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
одвреме навреме се раѓа по некоја иницијатива .. ама ....
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Кај нас новинарството функционира малку на поинаков начин. Се пласираат инфомации за кои е највеќе платено или од кои телевизијата може да извлече најголема полза... а интересот на народот е целосно занемарен... Со подлебата на телевизиите се врши и политичка поделба на народот, а на тој начин народот повеќе не функционира какоедна целина со заедничкидржавни интереси....

Иако ми делува мала веројатноста, јас се надевам дека во блиско време ќе се најде некоја умна глава што ќе смисли оригинален план како да не ослободи од партизацијава на се околу нас. Јас ја подржувам иницијацијата и директно ќе се вклучам ако треба! Мме.. редно е да почнеме како народ да мислиме, а не како партиски пиончиња!
Сметам дека главни проблеми на нашето општество се наследениот менталитет и партизацијата што легна врз него. (Ова се болестите)

Однесувањето на медиумите, (не)размислувањето на луѓето се нус појави.

Прва фаза која води кон излекување и правилната дијагноза на болеста, потоа следи предлагање лек.

Секако дека тешко се разнишуваат втемелени односи во општеството, но современиот човек располага со алатки какви што биле незамисливи за некого пред, да речеме 100 години.
Освен тоа ризикот на таквото дејствување се сведува само на тоа што јавно ќе се искажеш дека си против некои процеси - па ќе знаат дека не си со нив (порано авангардата плаќала со глава).

И нема што да се чека умна глава - сите сме умни глави.

Потребна е соработка, заедничка акција...

--- надополнето ---

За да го ослободиш умот од било каква стега, треба да си ти самиот слободен и во физичка смисла. За споредба -стомакот завива и вели дај да јадам...нормално, треба да се задоволи првин материјалното за после да се надградува (или ослободува) идеолошки. Или направи споредба како дете и родител. Детето нема право да делува самостојно затоа што зависи материјално од својот родител. Затоа мислам дека ова е малку пропала инвестиција во земји како нашата -доколку невработеноста беше барем половина и стандардот ни беше барем 2-3 пати повисок, тоа е веќе друг муабет.
Зборуваме за затворен круг, создадено е непродуктивно општество, луѓето се прилагодуваат за да си обезбедат некаква егзистенција со тоа го поддржуваат веќе создадениот систем.

--- надополнето ---

одвреме навреме се раѓа по некоја иницијатива .. ама ....
Голема грешка е кога мислиме дека од нас почнува светот па занемаруваме се корисно и паметно до што се стигнало пред нас:

exlexmk, во твојата тема, си посветил време, си презел иницијатива, си дошол до заклучоци... Корисно е да се потпреме врз тие идеи и врз луѓето што учествуваа во таа и во случни на неа теми.

Има една контрадикторност во нашиот менталитет:
од една страна недостаток на самодоверба а од друга страна претерана индивидуалност.

Секој од нас е интелигентна индивидуа што може многу, а заедно можеме многу повеќе.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
добри заклучоци, добри постови Какос ..
но еве ќе се согласиме повеќемина ..
и што понатаму ... кој е следниот чекор?

и не, не ширам негативна енергија ... тотално те подржувам .. но бев еднаш на твое место .. па би сакал да видам што конкретно замислуваш ..

еве и од мене подршка ..

и би сакал да чујам што подразбираш под „го подржуваат веќе создадениот систем“ ... на каков систем мислиш ..
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
1. Парламентарни избори спроведени според мнозинскиот систем, што ќе придонесе сите пратеници да бидат одговорни пред конкретни избирачи а не пред партиските елити.

2. Отповикување на пратениктот во текот на мандатот доколку избирачите во соодветната изборна единица од која е избран покренат иницијатива за тоа. Што, заедно со предходниот предлог ќе придонесе сите пратеници, независно од партиската боја да бидат критички настроени спрема владата, за таа да биде цело време набљудувана и коректирана. На тој начин во парламентот ќе седат 120 борци за нашите права односно за нивните пари.

3. Законите што се однесуваат на пратениците да бидат донесени на референдум. Невкусно е и неморално пратениците сами да ги определувеет своите права и обврски, наместо со личен пример на грѓаните да им покажат што е професионалност, посветеност и саможртвување тие ги спуштаат на најниско ниво веќе паднатите норми и стандарди.

4. Примањата на еден пратеник да не се разликуваат од просечните примања во државата, но пратеникот обилно да биде награден во случај на реизбор, толку добро за да не измислува други начини да дојде до пари во текот на својот мандат; на пример сума од поредокот на 50000 евра (самиот реизбор на пратеник избран преку мнозински изборен систем покажува дека граѓаните што го избрале се задоволни од неговата работа во претходниот мандат). Ни требаат пратеници кои ке бидат испосници во текот на својот мандат.

5. Присутството на сите пратеници на секоја
собраниска активност да биде задолжително, кога тоа не е случај - автоматско отповикување на пратеникот според деловникот на собранието
(Тој е избран од нас за да ги застапува нашите интереси во собранието. Ако тој не се наоѓа во собранието значи дека не ги застапува нашите интереси туку нечии други па следствено ние би требало да избереме друг свој претставник наместо постоечкиот).

6. Забрана за работа на ограноци на партии, освен во предвечерје на парламентарните избори и распуштање на подмладоците на партиите со што ќе се придонесе кон воспитување слободномислечки неискомплексирани граѓани. Предлагам повлекување на политичките партии и минимизирање на нивното влијание во сите институции на системот, од сите градови и нивно затворање во парламентот. Единствена цел на една политичка партија треба да претставува избор на што поголем број пратеници со нејзина провинјенција во собранието и формирање мнозинска влада.

7. Непартиски локални и председателски избори тоест кандидатите за председатели, за градоначалници и за општински советници да не бидат предлагани од партиите туку од групи на граѓани. Партиската припадност, доколку таквата ја има е лична работа на секој поединец предложен на било која од наведените функции. А за негов избор да биде валидна само неговата способност за извршување на функцијата на која што се кандидира.

8. Да се донесе закон со кој ќе му се забрани извршувањето на определена функција или професија на граѓанин за кој во редовна судска постапка ќе се докаже дека ја злоупотребил функцијата или постапувал непрофесионално што повлекло непоправливи последици. Погрешни луѓе на погрешни места, тие грешки во иднина треба да се избегнат.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како движење нема да има никаков ефект, зошто нема да има свој претставници во парламентот и како такво нема да биде од никаква полза. Јас предлагам да се регистрира како политички субјект и да се излезе на следните избори со програмска шема.
Ете погоре ги имаме основните постулати само треба да има барем десет зошто вака нема никаква симболика со осум, замисли да ти речи некој 8 или пак 11 божји заповеди колку делува несериозно тоа.

Со еден збор да се оформи партија за департизација на Македонија :) ПДМ
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Горенаведените точки се цели кои треба да се остварат.(според мене)

Проблем е дека нашите постоечки партии нема самоиницијативно да ги воплотат овие предлози, тоа не е во нивен директен интерес. Тие се залагаат да имаат што повеќе членови и симпатизери кои што не мислат, масовно се делат членски книшки со што се осигурува подобра стартна позиција пред избори.

Треба да се осмислат методите на достигнување на целите.

Јас живеам во апатична и безиницијативна средина, меѓу моите пријатели не можев да најдам ни четворица за да регистрираме здружение, некои не сакаат а некои немаат време да мислат (притиснати се од секојдневните проблеми), затоа барам истомисленици на web.

Во однос на методите на дејствување и организацијата ми се допадна идејата за ќелии, во однос на некоја проблематика а можеби за поефикасно работење - градски ќелии во кои би учествувале и тие што немаат web.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ем партија ем департизација :)
се зезам ..

Движење е добра идеја ... само ќе треба да се работи многууу ама многуу на промоција на истото и докажување на релевантноста (која ќе зависи од подржувачите на истото)
во системот фали политичка партија, или лица во самите партии кои ќе бидат чесни и ќе работат за Народот а не за партијата ..

е сега колку овакво движење би можело да го покрене тоа .. или пак би прераснало во политичка партија тоа е друго прашање .. за понатаму .. сепак би било паметно ако некој веќе има некоја идеја за оваква работа да се почне како движење ... затоа шо попат ќе има многу сопки и чистенки за да дојде до ниво на зрелост и можност да прерасне во партија ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom