OSHO-Lover
Konecno Sloboden...
- Член од
- 2 декември 2011
- Мислења
- 2.213
- Поени од реакции
- 2.844
Абе се е тоа ок со здружувањето и со делување за промена на некои закони во политичкиот и општествен свет, али ке морам да се сложам со Bodhidharma. за стварно да се смени нешто треба да се дојде до коренот на тоа нешто и да се сече таму, а тоа значи да се заврши со државите како такви и да се создаде едно човештво али и за такво нешто уште е многу рано сепак уште сме детинести за такво нешто, значи пак ке се вратам на коренорт на сите корени, изворот од каде се се случува е од самиот себе, кога секој би се свртел кон самиот себе и го пронајде изворот, потоа промената е многу лесна и ке дојде сама по себе. Како може да се очекува да се случи некоја промена во светот наоколу ако прво не се почне од себе, не значи дека нема промени и дека ке нема, секогаш имало промени но сепак пак пропаѓало се, а тоа е само резултат на несвесна реакција кон неугодностите и незадоволството и секогаш завршувало со уште повеќе незадоволство и кога тоа ке кулминира повторно ќе се случи некоја нова промена која пак е несвесна и пак ке пропадне. Проблемот е тоа што луѓето не размислуваат со своја глава туку чекаат некој друг да им диктира и да им поставува нови цели за во иднина манипулирајки ги за сопствени интереси, им дава надеж дека се ке се смени на подобро им ветува светла иднина, а сегашноста е запоставена и заборавена. Кога секој поединец би се ослободил пред се од сопствените окови на илизија и спознавајки се самиот себеси ги спознае своите сегашни и идни ке ги наречам креативни сонови и се насочи кон она што за него преставува радост и задоволство на секое ниво од неговото битие тој човек не може а да не створи прекрасна реалност прво за самиот себе а со тоа да сподели и со останатиот свет. Јас сум за живот во заедница не како до сегашниве држави туку во заедница чија основа е индивидуата а не маса на заблудени луѓе без сопствена свест и способност за креативна реализација на сопствените сонови. Мислам дека многу ни фали креативноста.