Снобизам

Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Снобизам

Зошто има толку непочитување во нашите меѓусебни односи?
Зошто има толку понижување, исмејување и омаловажување?
Видете, јас разбирам дека тоа се општочовечки карактеристики и ги има на сите меридијани, но тоа што се случува кај нас ги надминува границите. Па кај нас е правило во меѓусебните односи.

Мислам дека тоа доаѓа од несигурноста на луѓето во своите сопствени квалитети, во својата позиција во општеството, па мораат да понижат или да омаловажат некого за да се почуствуваат вредни.
Еве тривијален пример. Некој е подобар од тебе во некоја работа, ти никако не си задоволен од таа ситуација и сакаш да ја промениш во твоја полза, постојат два начина:

  1. Потешкиот начин: учиш како да го достигнеш и да го надминеш постигнувањето на опонентот. Овој начин не гарантира успех затоа што секогаш некој е подобар во нешто од другиот, едноставно подобро му оди, можеби има подобри предиспозиции.
  2. Полесниот начин: Треба да го омаловажиш, оцрниш и негираш постигнувањето на опонентот, па тогаш тоа што го правиш ти - малку и неквалитетно, да изгледа како единствена можна опција и понуда.
Нашите луѓе го применуваат вториот начин - полесно е.
Затоа, ние не признаваме вредности, постигнувања, квалитет.
Затоа ова наше општество не создава врвни резултати, затоа нашата економија не создава брендови, затоа не добиваме вишок на вредност, затоа имаме најниски доходи по глава на жител во Европа.

Текстов го заглавив снобизам, а зошто снобизам?
Затоа што истите тие луѓе што толку ги понижуваат и ги омаловажуваат тие околу себе, истите тие се сервилни и неми пред авторитетите и властодржците, дури и во ситуации кога се онеправдани.

Ете ти - општество на снобови.

http://b-n-z-r.blogspot.com/2012/03/blog-post_19.html

Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Хммм,да добро,вие не бидете сноб.
Но ако мислите дека снобизмот е поврзан со економијата тогаш сте многу неупатени.
Економијата бара резултати а не приказни.
А еконимијата е во лоша состојба бидејќи сме мал пазар и тешко е да развиваш бренд помеѓу 2 милиони корисници...и многу други фактори кој влијаат негативно но дефинитивно не е последица од снобизам.
Меѓу другото “снобизмот“ е и дел од маркетингот и легално е.
Ете така одат тие работи :):):):)
 
B

Black Guard

Гостин
Мислам дека гневот кај рајата е една од причините поради кои сведочиме невиден снобизам,нејсе зарем не е логички кооперација да даде подобри резултати отколку

Полесниот начин: Треба да го омаловажиш, оцрниш и негираш постигнувањето на опонентот, па тогаш тоа што го правиш ти - малку и неквалитетно, да изгледа како единствена можна опција и понуда.
Јас гласам за соработка.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Но ако мислите дека снобизмот е поврзан со економијата тогаш сте многу неупатени.
Економијата бара резултати а не приказни.
А еконимијата е во лоша состојба бидејќи сме мал пазар и тешко е да развиваш бренд помеѓу 2 милиони корисници...и многу други фактори кој влијаат негативно но дефинитивно не е последица од снобизам.
Меѓу другото “снобизмот“ е и дел од маркетингот и легално е.
Непочитување и непризнавањето на вредностите доведува до загуба на квалитет и до состојба во која поединците не соработуваат.
Брендирањето и со тоа создавањето на зголемена вредност на производите го спомнав затоа што за нивно создавање се потребни токму квалитетот на производот и квалитетни односи во создавањето на производите, тоест соработка.

Економијата е во состојба во каква што е затоа што не создаваме производи и услуги со зголемена вредност, извезуваме полупроизводи или готови производи со мала додадена вредност.
Кога зборуваме за производство на производи кои покрај тоа што ќе се продаваат на домашниот пазар и ќе се извезуваат, тогаш нема значење малиот домашен пазар,
потребна е посветеност, соработка и квалитет.

Терминот сноб обично се употребува кон човек кој своите човечки карактеристики (кои некому му изгледаат како недостатоци) се обидува да ги скрие со посегнување по скапи предмети (спомнавте дека оваа човечка карактеристика ја користат производителите на луксузни, екстравагантни производи), со прекумерна употреба на странски зборови и со надменост.
Значи, снобот е своевиден лицемер.
Јас говорам за снобизмот во меѓусебните односи, за лицемерието на определено лице кое нема изградени стандарди на однесување и со едни луѓе се однесува со надменост а спрема другите е сервилно.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Затоа што истите тие луѓе што толку ги понижуваат и ги омаловажуваат тие околу себе, истите тие се сервилни и неми пред авторитетите и властодржците, дури и во ситуации кога се онеправдани.
Терминот сноб обично се употребува кон човек кој своите човечки карактеристики (кои некому му изгледаат како недостатоци) се обидува да ги скрие со посегнување по скапи предмети (спомнавте дека оваа човечка карактеристика ја користат производителите на луксузни, екстравагантни производи), со прекумерна употреба на странски зборови и со надменост.
Значи, снобот е своевиден лицемер.
Јас говорам за снобизмот во меѓусебните односи, за лицемерието на определено лице кое нема изградени стандарди на однесување и со едни луѓе се однесува со надменост а спрема другите е сервилно.
Од каде дефиницииве?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Мислам дека гневот кај рајата е една од причините поради кои сведочиме невиден снобизам,нејсе зарем не е логички кооперација да даде подобри резултати отколку

Јас гласам за соработка.
Под палка на државата нели е тури му пепел.....сите проблеми произлегуваат од државата. Гневот кај луѓето е производ на одземената слобода кај луѓето.
Никогаш и нигде нема да постои хармонија и убавина под палка на некој друг, ни овде па дури ни во некој измислен свет. Од типот на оние комунистичките да речеме.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Од каде дефиницииве?
Од мојата глава.
Би сакал да ми опонира некој што има поинакво размислување, па сите ќе спознаеме нешто плус.
--- надополнето: 20 март 2012 во 22:49 ---

Па нели државата сме ние, ние ги избираме избраниците на нашите глави, ние можеме да побараме отчет за нивната работа, ние можеме да побараме промени, но не спречува сервилноста. Се продаваме за интереси и бенефиции такви како вработување и позиции што според своите вештини и знаења не ги заслужуваме.
Значи, самите сме заслужни за состојбите околу нас - ја играме играта.

Јас зборувам за менталитет, нели се зборува дека сме многу трпеливи? Да толку трпеливи дури и сервилни, од страв, од страв да бидеш поинаков, од страв да имаш свој став и мислење, од страв да не испаднеш смешен или глупав, од страв да не ти се случи нешто лошо, од страв да не ги изгубиш гореспоменатите бенефиции.

Власта треба да е сервис (услуга, слуга) на народот, а ние ги воздигнуваме политичарите на ранг на богови.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844

Јас се слагам со тебе потполно во врска со погоре напишаното и не е така само во врска со политиката или со вработувањето како што спомна, туку и во општите секојдневни односи меѓу луѓето се најчесто под влијание на страв.:facepalm:
 
Имаме непродуктивно општество. Одиме на сигурно, по проверени патеки, ама тоа не може да донесе драстичен напредок и позитивна промена. Владее некој вид на самоограничување и шаблонизирање.
Поитрите меѓу нас - политичарите, успешно го користат тоа.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Имаме непродуктивно општество. Одиме на сигурно, по проверени патеки, ама тоа не може да донесе драстичен напредок и позитивна промена. Владее некој вид на самоограничување и шаблонизирање.
Поитрите меѓу нас - политичарите, успешно го користат тоа.
јебига така е(n) али јас мислам дека ке се смени тоа, но за да се смени секој треба од себе да си почне. А тоа според мене е секој да си се пронајде прво самиот себе од внатре и да се искаже на оригинален и свој начин - да биде свој, да не се плаши од тоа што ке речат другите и да не се согледува себе си според мислењата(пофалбите и критиките) на луѓето околу себе па макар и да биде отфрлан и осудуван како различен од останатите, бидејки изгледа тоа стана најново кривично дело да бидеш различен и оригинален.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Па нели државата сме ние, ние ги избираме избраниците на нашите глави, ние можеме да побараме отчет за нивната работа, ние можеме да побараме промени, но не спречува сервилноста. Се продаваме за интереси и бенефиции такви како вработување и позиции што според своите вештини и знаења не ги заслужуваме.
Значи, самите сме заслужни за состојбите околу нас - ја играме играта.

Јас зборувам за менталитет, нели се зборува дека сме многу трпеливи? Да толку трпеливи дури и сервилни, од страв, од страв да бидеш поинаков, од страв да имаш свој став и мислење, од страв да не испаднеш смешен или глупав, од страв да не ти се случи нешто лошо, од страв да не ги изгубиш гореспоменатите бенефиции.

Власта треба да е сервис (услуга, слуга) на народот, а ние ги воздигнуваме политичарите на ранг на богови.
Кој ги издигнува политичарите?
Ние сме влезени во магичен круг, единствен спас е да се рече стоп. Само што потребна е дехипноза на народот, рајата е во хипнотички транс. И "итрите" политичари и "простатиот народ" се дел од играта. И проститутките и светците, и сите други спротивности во кои едните се демек горе а другите доле.
Тој снобизам за кој што ти пишуваш е директна последица од години и години перење на мозок. Тоа се програми кои се комбинација на непосредно наметнати "програмирања" или како реакција на истите. Слободна воља кај луѓето не постои, се се тоа патерни на однесување. Се е влезено во магичниот круг во кој некој друг ги диктира правилата. На прв поглед тоа е државата, ама кој е мотивот запрашај се?
Дали можеби позади системот постои некоја интелигенција која го створила всушност.

Eве еден симбол на Византија. Во едната рака двоглавото орле држи меч(државата е тоа) во другата е црквата. Над тие две е круната која ги контролира истите. Се живо на овој свет работи за интересите на "круната".

Тоа за што ти си посочил е само мал дел и не може да се третира изолирано од сите други програми.
Во основа државата го стимулира егото, можеби од таму треба да се почне. Можеби кога би дознале за својата природа луѓето ќе појдат по правиот пат.
Гледам и се чудам дали е тоа можно........најлесно е да го снема апаратот за контрола и манипулација на народот, а тоа е државата. Со години(генерации) на луѓе може ќе се стабилизира животот на планетава. Кога би се просветлиле луѓето, кога би дознале за својата природа животот на земјава ќе стане како во замислениот рај.
The truth is outside of
all fixed patterns.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Ние сме влезени во магичен круг, единствен спас е да се рече стоп. Само што потребна е дехипноза на народот, рајата е во хипнотички транс. И "итрите" политичари и "простатиот народ" се дел од играта.
Тој снобизам за кој што ти пишуваш е директна последица од години и години перење на мозок.
Со ова во потполност се согласувам, посебно со: „единствен спас е да се рече стоп“ и излез од „хипнотичкиот транс“

........најлесно е да го снема апаратот за контрола и манипулација на народот, а тоа е државата. Со години(генерации) на луѓе може ќе се стабилизира животот на планетава. Кога би се просветлиле луѓето, кога би дознале за својата природа животот на земјава ќе стане како во замислениот рај.
Со ова не се согласувам затоа што сметам дека со секое обопштување се губи насоченоста и потенцијалот на енергијата за евентуална промена.
  • Сите држави иако се вештачки човечки творби и се во спротивставеност со слободниот човечки дух (значи луѓе спречуваат и ограничуваат други луѓе), сепак се нужно зло во сегашниот развој на цивилизацијата. Ќе поминат векови и ќе одумрат државите. Сега, зборуваш за апаратот за начинот на владеење, е тоа се менува, тука имаме удел ние граѓаните, особено поради фактот што живееме во прокламирана демократска држава.
  • Исто така сметам дека е губење енергија да се зборува за просветлување на луѓето и за создавање рај на земјата. Повторно ќе те цитирам: „единствен спас е да се рече стоп“ и излез од „хипнотичкиот транс“. Според мене треба да се дејствува локално преку здружување (здруженија на граѓани тоест невладини организации) на луѓе што размислуваат и се однесуваат поинаку од шаблонот и нудење на алтернатива.
Има ли заинтересирани за реално здружување и активно делување?
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Со ова во потполност се согласувам, посебно со: „единствен спас е да се рече стоп“ и излез од „хипнотичкиот транс“

Со ова не се согласувам затоа што сметам дека со секое обопштување се губи насоченоста и потенцијалот на енергијата за евентуална промена.
  • Сите држави иако се вештачки човечки творби и се во спротивставеност со слободниот човечки дух (значи луѓе спречуваат и ограничуваат други луѓе), сепак се нужно зло во сегашниот развој на цивилизацијата. Ќе поминат векови и ќе одумрат државите. Сега, зборуваш за апаратот за начинот на владеење, е тоа се менува, тука имаме удел ние граѓаните, особено поради фактот што живееме во прокламирана демократска држава.
  • Исто така сметам дека е губење енергија да се зборува за просветлување на луѓето и за создавање рај на земјата. Повторно ќе те цитирам: „единствен спас е да се рече стоп“ и излез од „хипнотичкиот транс“. Според мене треба да се дејствува локално преку здружување (здруженија на граѓани тоест невладини организации) на луѓе што размислуваат и се однесуваат поинаку од шаблонот и нудење на алтернатива.
Има ли заинтересирани за реално здружување и активно делување?
Образложи за какво здружување и делување мислиш?
 
Владеење!?
Не може да владее никој со мене, со тебе со мравките по пат, со птиците во лет и т.н.
Не постои никаква придобивка во тоа како се викала, како се прокламирала и каква во суштина е државата. Нема тука нужно зло, патем дали си видел како функционира светот без ова ѓубре наречено држава?
Како донесе суд ти без да видиш како ќе биде во пракса.
И ПАЗИ убаво :)
Како тоа ти не искалкулира дека 99% од девијантните однесувања се последица на системот. Ти од нив се плашиш, знам јас.......ама ќе ги снема со умирањето на државата.
Не ја штити државата и нејзините апарати, еден ден ќе плачеш......и многу тешко ќе ти биде.
--- надополнето: 23 март 2012 во 21:31 ---
Хахахахх, ебати државохулието што го правам. Колку е само забранета работа да ја помислиш, а камо ли да пропагираш против системот. :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom