Курир - Поради преголемата медиумска покриеност на некои медиуми финансирани од Сорос и други антидржавни елементи во врска со вчерашните настани со снегот владата на РМ донесе заклучок снегот да престане да паѓа.
Вечер - Владата рече снегот да си оди. Денес нема снег. И Бог ја слуша влдата на МК. Бог е со Владата. Бог е со Македонија.
Вест - И оп денес нема снег.. Бранко или Грујо. Кој е крив?
Плусифо - Груевски забрани да паѓа снег за да сокрие колку всушност сол се фрлило со буџетски пари кои можеа да бидат пренаменети за згрижување бездомни животни доколку не се изградеа споменици и со тие пари се купеа лопати.
Либертас - Снегот престана да паѓа. Температурите се под нулата. Место снежна покривка која ќе ги зачува посевите од ладното имаме поларни температури. Ќе нема доволно пченица за леб идната година. Владата е крива.
Сорос - Јас им дадов пари за сол, а тие сакаат Владета Милчин да го затворат како кодош.
Сител - Кратово пие Ладна. Пијте и вие.