Снегот е убав само првите денови кога ке заврне,а ова веќе е претерано. Најзаебано ке биде па кога ке почне да се топи,е тек тогаш ке биде заебано вирови насекаде.Лелеееее, еве го пак, еј! Аман од ладново веќе. И вие што тврдите дека во зима ќе се наоблечеш и топло ти е, ме интересира што облекуваат кога излегуваат надвор - 5 ролки и бунда? Што и да облече човек на минус 10 пак е ладно. Кога е ладно е ладно, колку и да се наоблечеш пак ќе е ладно. Не можам од дома да излезам, помислата дека треба да излезам ме фрла во депресија. Башка ниту скијам, ниту некогаш сум имала желба да скијам. Интересен беше снегот првите два дена, доста му беше - нека се затоплува аман. Три пати се утепав, се излизгав, коленото одрано ми е. Луѓе кршат раце од што се лизга, ама не бе, топ е, што ви е.
????^
You are a sad, sad person.
Алче никогаш не лаже, ама се поправил од ко станал директор машала
За Охрид нема зима. Општината е една од ретките во земјава, што снегот на сред зима не ги изненади надлежните. Посебно деновиве кога постојано слушаме за проблеми кои настануваат поради големите снежни врнежи, како и ниските температури. Исчистени улици, тротоари, па дури и критичните делови од градов, се дел од реалноста на граѓаните. За ваквата состојба најмногу допринесе ЈП „Охридски Комуналец, чијашто механизација и работници два месеци постојано се присутни низ охридските улици и максимално се ангажираат околу расчистување на снегот.
Првиот човек на ЈП Сашо Алче, вели дека добро се справуваат со снегот, бидејќи набавката на машините за чистење на снег како и количини абразив што ги предвиделе за сезонава, биле оправдани. Досега на охридските улици се фрлени преку 180 метри кубни песок и околу 50 метри кубни сол. „Не штедевме на средства и на човечки ресурси за граѓаните на Охрид да добијат адекватна услуга“, потенцира Алче. Улиците се третирале дури и кога не врнело снег, поради голомразицата, додава директорот. Само овој период потрошени се милион и двеста илјади денари за нафта, поточно трипати повеќе од средствата кои биле потрошени минатата година, вели Алче. Во расчистување на снегот од охридските улици, доброволно се приклучиле и другите јавни претпријатија од градов. Директорот на ЈП Комуналец смета дека со досегашнава работа се докажале дека се сервис на граѓаните.
Во општина Струга, непроодни се патните правци за селата Вишни, Горна Белица, Луково, Безево, Пискупштина, Нерези, Модрич, Дренок, Бороец и Јабланица, како и селата во Малесијата и тоа: Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селци и Буринец. Овие патни правци се во надлежност на ЈП „Македонија Пат“.
Хахаха, да бе па додека стигнам до некоја дестинација и другото колено да го одерам.... Ајде Крејзи со мене на шетање?
Шо, да не тренираше ракомет овие дена?Хахаха, да бе па додека стигнам до некоја дестинација и другото колено да го одерам...
Не е толку страшно плус и сонце имаХахаха, да бе па додека стигнам до некоја дестинација и другото колено да го одерам...
Нц, слободно уметничко лизгање по улици.Шо, да не тренираше ракомет овие дена?
Идеално време за шетање од еден кафиќ во друг. Убаво е сонцево, ама ме нервира што уште се е замрзнато...Не е толку страшно плус и сонце има
Идеално време за прошетка со чизми кој не се лизгаат.
Нормална бела маица, кошула/блуза (најчесто со куси ракави, поретко со долги), вентијага (море која вентијага, палтото шо го имам е ко лав да си убил и да си го облекол). Толку.Лелеееее, еве го пак, еј! Аман од ладново веќе. И вие што тврдите дека во зима ќе се наоблечеш и топло ти е, ме интересира што облекуваат кога излегуваат надвор - 5 ролки и бунда? Што и да облече човек на минус 10 пак е ладно. Кога е ладно е ладно, колку и да се наоблечеш пак ќе е ладно.
Шо да ти прајме?Не можам од дома да излезам, помислата дека треба да излезам ме фрла во депресија.
Да си скијач, наместо да паѓаш ќе се лизгаш по снегов. Тргнувам од мене, не само со скии, се лизгам и без нив (само по чевли), се лизгам со кола (ќеф е голем, ама ако си неспремен можиш фатално да завршиш), се лизгам со мотор (еднаш, и ја научив лекцијата за цел живот. Паднав на лице, возев без кацига. Снег и мотор не одат заедно)...Башка ниту скијам, ниту некогаш сум имала желба да скијам. Интересен беше снегот првите два дена, доста му беше - нека се затоплува аман. Три пати се утепав, се излизгав, коленото одрано ми е. Луѓе кршат раце од што се лизга, ама не бе, топ е, што ви е.
И сакаш да ми кажеш дека така облечен ако седиш надвор повеќе од 20 минути ќе ти биде топло?Нормална бела маица, кошула/блуза (најчесто со куси ракави, поретко со долги), вентијага (море која вентијага, палтото шо го имам е ко лав да си убил и да си го облекол). Толку.
Ништо не треба да ми правите, машки ќе си го издржам ладново, со минимум излагање (кога ептен морам) и после ќе и се радувам на пролетта, кратките јакни, кратките ракави и фустани. И сонце, пролетен дожд и се останато и ќе си уживам во тоа...Шо да ти прајме?