Снаодливоста на дијаспорците?

Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
Тема за дијаспорците. Прашањето ми е дали според она што сте го виделе или слушнале мислите дека ние Македонците сме снаодливи и како дијаспорци?
Јас мислам дека не сме. Не сме ниту итри, ниту знаеме да соработиваме, ниту да испикаме абе ништо дно дна. А е толку едноставно. Од бајаги луѓе што сум ги сретнал, слушнал, видел се‘ ми се чини дека не сме ама ни трунка снаодливи.
Гледав некое филмче за Ирската дијаспора на интернетов и малку поттикнат од тие филмови решив да ја отворам темава да подискутираме. Они кога се селеле почнувале од дното па денес се јако издигнати, образовани, богати плус ја средиле и својата држава. Ова важи и за други народи. Што мислите што ги прави нив снаодливи? Која е тајната?
Ние па од друга страна слушаме си отишшле 100 -200 или колку и да се илјади и сигурно има меѓу нив образовани луѓе, ама шо фајде.

За крај едно видое од Џек. Поучно е и тоа многу.
http://www.youtube.com/watch?v=V4nUFxsZqpA
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
Добро друже сто теми отвори како сме глупи,небањати,дно дна дека сме,шо е поентава не знам?
Сиггурно си помешал нешто. Имам отворено три теми досега. Една за наследства имав конретно прашање ми требаше совет. другата беше за економска историја.
Ако не чини темата нека ја стават модераторите во канта и решен проблем
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Дијаспорците толку слободно време имаат што по цел ден дремат на форум. Значи стварно си ја наредиле.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Искрено не го ни сфаќам прашањево... Колку сме биле снаодливи како дијаспорци?????? Што сакаш да прашаш со тоа, како мислиш колку сме биле снаодливи, и од кај тоа дека сме биле „дно дна“ и дека останатите биле сите поснаодливи.. Ај објасни што подразбираш под тоа, што прават останатите што се толку снаодливи?? Снаоѓање за што, барање работа, сместување..?? Не сфаќам... А и да е за снаоѓање за такви ствари, не сфаќам по што заклучуваш кој народ колку е снаодлив и како ние најлошо се снаоѓаме??
 
Последно уредено:

Многу други народи дури и во дијаспора имаат фирми и тоа големи и битни фирми, капитал, куп научници, кеш, банки. Се издигнале.
 
T

templar55

Гостин
Дефинитивно најснаодлив народ сме. Со примања како што ги има овој народ а цени европски, доста сме снаодливи.
Имав гости од Швајцарија и викаат : Аман бе што се жалите! Кафеаните секогаш ви се полни. Кај нас ова може да се види само преку викенд. Работите ли вие нешто ?
Имав гости од USA и не им се верува како преживуваме и како живееме ( дури некои и лагодно живеат ) со платите какви што се.
Значи снаодливи сме.
Е сега некој е снаодлив да се збогати а друг е снаодлив да преживее, зависи од целта.
А и ке заборавев, темата е малку глупа.
 
Ф

Флеш

Гостин
@cool@ Може да одговори најдобро на оваа тема .Мое мислење е дека допрва доаѓа и се подобри и поорганизирани сме . За Македонци богаташи,може да ги спомнеме Битови(основачи на Торонто Рапторс) од Канада кои со сите напори се борат за Македонија . Мајк Илич исто така од Сад е доста истакнат .Групацијата Македонија 2025 е ново создадена организација основана од Мајк Зафировски каде членуваат многу истакнати Македонци од дијаспората .

Мора да се знаат историски причини кои допринеле за моменталната состојба , пропагандите од Бугарија и Грција,асимилации итн ....
 
Последно уредено:

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Јас еден шо го знам каратиста е Боби Ли Чадиковски, мислам дека беше.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.077
Поени од реакции
19.887
Не сме биле снаодливи... глупости. Не за џабе сите пиреј не викаат. Средно име Пиреј ни е.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
@cool@ Може да одговори најдобро на оваа тема .Мое мислење е дека допрва доаѓа и се подобри и поорганизирани сме . За Македонци богаташи,може да ги спомнеме Битови(основачи на Торонто Рапторс) од Канада кои со сите напори се борат за Македонија . Мајк Илич исто така од Сад е доста истакнат .Групацијата Македонија 2025 е ново создадена организација основана од Мајк Зафировски каде членуваат многу истакнати Македонци од дијаспората .

Мора да се знаат историски причини кои допринеле за моменталната состојба , пропагандите од Бугарија и Грција,асимилации итн ....
не сфатив, што тоа јас можам да одговорам во име на македонската дијаспора.
инаку на темава- мислам дека Berzit е во право.Македонецот во суштина е неснаодлив , неорганизиран , плашлив, нерешителен, не дружељубив, разединет , како и по дома така и надвор(иако има ретки исклучоци ) Земете ги за пример грците- нивната дијаспора во САД, Канада и Австралија- чуда прават од тоа што се сплотени .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Те спомнав тебе, имаш добро знаење,барем јас сметам,што како е состојбата со нашите,што влијаело да сме поделени ,дали одиме кон добра иднина во подобра организираност и сплотеност . Имаш добри историски познавања кои се голем дел од основата на поделеност на Македонците во дијаспората , пропагандите од Грција и Бугарија кои се силни,исплашеноста како причина за повлеченост и неактивност .Темата му е ,каква е сликата за Македонската дијаспора ,зошто сме такви ,како дошло до тоа ,дали почнува да се поправа работата ,околу тоа е целата работа . Извини ако можеби погрешно сум помислил,еден коментар мислев да дадеш шо како ,не мора да си официјално од нивно име . :D
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Многу други народи дури и во дијаспора имаат фирми и тоа големи и битни фирми, капитал, куп научници, кеш, банки. Се издигнале.
Тогаш прашањето треба да ти биде колку се успешни нашите дијаспорци, не колку се снаодливи...

Баш за снаоѓање би рекол дека сме меѓу најдобрите, повеќето студенти кои заминуваат во странство сите се снаоѓаат да добијат стипендија, да средат престој кај некој познат/роднина да имаат кај да спијат кога ќе стигнат во земјата, сите заминуваат во туѓина без обезбедена работа и со минимален буџет со себе со кој можат месец-два да опстанат и после се снаоѓаат како ќе пројдат натаму и како ќе обезбедат егзистенција, ниеден странец не би успеал такво нешто или би се снаоѓал така како нашинец, така да далеку од тоа дека сме најлоши во снаоѓање, баш напротив, сме едни од најснаодливите, проблемот е што прашањето не ти е соодветно поставено на тоа што во суштина мислиш да прашаш...
 
Ф

Флеш

Гостин
Искрено моето мислење е спротивно,доста сме успешни надвор на економски план,на спортиски план и на културен план ... На економски план има многу македонски бизнисмени,спортисти,музичари,актери итн .... Па во хокејот во Америка има доста од Стивен Стамкос итн , во фудбалот во Австралија сме едни од носечките столбови во овој спорт,па дури 5 души има Македонци во ФК Сиднеј каде шо игра Дел Пиеро , еден од најталентираните фудбалери на Австралија се Македонци итн ... Музичари од Грег Алсоп,Џастин Пероф,Алисиа итн. Од Холандија сигурно полно убавици има со македонски потекло , Татјана Маул(моменталната мисица на Холандија) ,Турија Хауд итн .... Во САД Тед Коцев(режисер на првиот дел на Рамбо),за Пит Маравич има гласини дека мајка му е Македонка ,Nick Vanoff е еден од легендите на Холивуд со македонски потекло (има 5 Еми награди) ..... Moже ќе дополни некој :D

Kajgana Shop

На врв Bottom