Никој човек нема право да го одземе животот на друг човек.
никогаш нема смртната казна превентивно да делува. најчесто тие што прават такви злодела не се ни свесни што прават, а и да се, некои везе немаат дека постои смртна казна во нивната држава.Замисли некој кој има капацитет да направи нешто такво, дали би гледал вести каде се кажува како убиваат некого и дека би почуствувал..еј, дај да не убивам, лошо е тоа може да настрадам.
Најголемиот дел од оние кои се осудена на смрт во сад&запад се умноболни луѓе.(кина на страна, таму си има причини зошто ги макљаат
Од друга страна, можеби, да процени дека ако направи нешто такво кое ќе го доведе до ел.столица, баш ќе го инспирира да убие, за да биде славен, да му се обрне внимание и слично. Не треба начинот на размислување на нормален човек да го ставаме рамо до рамо со она на потенцијалниот корисник на услугите на смртоносната инјекција. Едноставно, тоа што ти го мислиш тој не го мисли.
Има доста аргументи во полза на убивањето, како морални така и финансиски, но сепак, западната цивилизација е христијански и правично наклонета и нема да се осмели да ја подржува оваа драстична практика.
Разбирам да се одвои од колективот затоа што ги нарушува неговите правила и може да биде закана, да.
Но тоа може да се изведе на многу поцивилизиран начин, како доживотен затвор. Убиството, без разлика на тоа кои се причините, не е постапка која укажува на она кое како луѓе го претставуваме.